1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорака за апгрејд на слушалки

Дискусија во форумот 'Слушалки, звучници и аудио продукти' започната од spiritBreaker, 24 Јануари 2020.

  1. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,761
    3,204
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Здраво на сите,

    Последниве 3 години користев и уште користам KRK KNS 8400 студиски слушалки - презадоволен од звукот, чистина и квалитетот во секоја смисла. Но, мислам дека е време за апгрејд на нешто поново, секако, во буџет до 150 евра. Што се препорачува да се земи?

    Моментално слушалките се земени до ибеј од германски продавач, така да онлајн купување не е исклучено. Преферирам closed back слушалки.
     
  2. Delicon

    Delicon
    Gaining Experience

    716
    147
    10 Јуни 2007
  3. martinmax

    martinmax
    Gaining Experience

    114
    99
    1 Март 2013
    Машко
    Bayerdynamic dt770
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    322
    427
    3 Јануари 2019
    Машко
    Beyerdynamic DT770 или DT990. Ги имаш и во Артист и во Vision. Најубаво да ги чуеш и двете и да видиш дали сакаш орворена или затворена слушалка. Бајерките се како тенк.

    Појди и до Амски, чуј ги Sennheiser 569. Ако успееш да ги најдеш локално, AKG K371 се добра опција.

    Што музика слушаш и дали гејмаш компетитивно?
     
  5. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,761
    3,204
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    претежно електронска музика, ама знам и понекогаш и рок, амбиент, чил аут (значи се освен турбо фолк, македонско и „поп“ од рангот на тејлор свифт и остала таква багра). за гејмнинг, не сум компетитивен играч, кежуал сум така да гејмингот ми е на најнизок приоритет. првично кога ги земав крк-то, ги земав бидејќи кај другар ги слушнав кратко откако ги извадоа во продажба (ги имаше купено), па ми се свиѓаше моментот на чист и необоен звук, а тој ги беше зел за аудио продукција (басот е порамен, но според мене е точната количина која треба да се слуша). преферирам затворени да се. едно време ги разгледував и AIAIAI TM200 мислам дека беше моделот, ама немаат извадено некој понов модел, па некако не ми се на врв на разгледување веќе. ќе разгледам beyer dinamyc по ривјуа, секако сега сум во процес на разгледување, сакам да се осигурам и слушнам ваши предлози , така се скратуваат моделите и слушалките кои треба да се разгледуваат.
     
    На WeiWuWei му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    322
    427
    3 Јануари 2019
    Машко
    Во тој случај, зимај Beyerdynamic DT770, јас ги земав од Vision околу 140 еври. Мислам дека е супер слушалка за тоа што слушаш ти. Само да знаеш дека е "обоена", не е целосно флет слушалка. Не знам на што си навикнат, ама може малку да ти се заморни високите тонови зашто се надгласени (сите слушалки на Beyerdynamic имаат таков treble).

    Лично мене после неколку саата ми стануваат заморни. Сепак, се работи за студиска слушалка, не е идеална за пролонгирано слушање.

    AudioTehcnica M50X според графите што ги имам видено и мерењата би требало да има уште поизразен V-звук за разлика од Бајерките.

    https://www.thomannmusic.com/headph...e-first=119&price-last=148&ls=100&filter=true

    Инаку, тој ти е изборот M50X, AIAIAI TM200 и DT770. За AIAIAI немам слушнато, а и немам видено мерења, не знам околу нив.
     
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  7. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,761
    3,204
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    најверојатно ќе се оди на DT770 или Sennheiser 569, само се надевам ќе ми дозволат во продавнициве на лице место да ги слушнам шо звук вадат. имам неколку траки спремни за да ги слушнам на лице место, ако го задоволуваат мојот критериум, ќе одам со 770, ако не со 990. Ви благодарам на сите за советите.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    322
    427
    3 Јануари 2019
    Машко
    Во Vision 100% ќе ти дозволат да ги чуеш на лице место DT770 и DT990. Претпоставувам и во Амски ако ги има на лагер ќе ти дозволат да ги чуеш HD 569.

    Инаку, DT990 е 250 омска, така да ќе ти треба и AMP за да го извадиш максимумот од нив. Мислам дека имаат на лагер и DT990 Edition што е малку покомотна и попријатна за пролонгирано слушање.

    Па пофали се овде коа ќе одбереш и купиш слушалки.
     
  9. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,761
    3,204
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    М50х гледам имаат модуларни кабли како KRK шо имаат, а и то е еден аспект од моменталниве слушалки шо ми се свиѓа а погоре не го бев спомнал.
     
  10. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    896
    610
    11 ноември 2015
    Машко

Сподели

Вчитување...