1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Препорачајте апликација за чување лојалти кардс

Дискусија во форумот 'Софтвер за мобилни уреди' започната од skullmonkey, 8 Април 2019.

  1. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,707
    2,809
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Моментално користам VipCard и ги има сите работи што треба да ги има ама не е апдејтирана повеќе од година дена, има багови, крашува и тижи факинг 3 гига сосе сликите.

    БонусКард, Македонската, е многу локализирана и фалат работи што ги има оваа, а гледам дека и затишија малку дечките.

    Има некој што користи ваков апп за чување картици и бизнис картички за да не ги тегавиме со нас во новчаник?
     
  2. mkd

    mkd
    Gaining Experience

    238
    84
    5 Јуни 2007
    Машко
    Не е решение, но барем за Веро картичката, јас користам screenshot од баркодот.
     
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.
  3. iface

    iface
    Gaining Experience

    92
    119
    9 Септември 2011
    Машко
    Јас долго време ја користам Stocard апликацијата, супер е, ја користам за во рамстор.
    Ја имам ios верзијата и редовно ја апдејтираат, еве линкче и за андроид.
    Би кажал дека е една од подобрите апликации за оваа намена.
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  4. aleksandardespotovikj

    aleksandardespotovikj
    Gaining Experience

    925
    393
    7 Март 2014
    Машко
  5. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,707
    2,809
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Ја нема во Европски регион Stocard. Веројатно од Америка си ја зел.
     
    На iface и aleksandardespotovikj им се допаѓа ова.
  6. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,697
    1,893
    19 Јули 2013
    Што е предноста на апликацијата за чување картички во однос на фотографии од картичките зачувани во фолдер/албум?
     
  7. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,707
    2,809
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Конкретно мене не ми се мешаат по фотографиите. Дополнително дтавам и други информации ако треба број само тоа им го покажувам, имам фејврит картици и опција да ми ги сортира според тоа кај пазарувам нај често. Да не мотам по албуми кога сум ја сликал.
     
  8. Steff_92

    Steff_92
    Intern

    115
    48
    28 Јули 2017
    Машко
  9. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    458
    397
    12 ноември 2013
    +1 за Cards. Си има готови темплејти за картички по регион. Ги има сите наши маркети.

    Испратено од SM-N950F преку IT.mk форум апликација
     
  10. Crazy

    Crazy
    Gaining Experience

    290
    175
    29 oктомври 2016
    Машко
    Јас моментално правам таква апп.
    Ниедна не ме свиѓа шо е на плеј стор па си правам моја.

    Еве сник а пик

    [​IMG]
     
    Potop, fuzzjaw, Balanar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. Balanar

    Balanar
    On your way to fame

    853
    902
    6 Декември 2016
    Машко
    Би ти предложил тука наместо ID cards да внесеш категорија лични документи (или така нешто).

    Јас ги имам сликано личната карта, пасошот, возачката дозвола, меѓународната возачка дозвола, сообраќајната дозвола од колата, дипломата од факултет, извод од матична книга на родени, државјанство и такви некои лични документи. Ми стојат на cloud. Знам дека нема скоро никаква корист бидејќи голем дел од овие бараат физички да ги имаш, но сепак ги чувам онака...
     
  12. Crazy

    Crazy
    Gaining Experience

    290
    175
    29 oктомври 2016
    Машко
    Во иднина планирам да додадам креирај си категорија
     
  13. aleksandardespotovikj

    aleksandardespotovikj
    Gaining Experience

    925
    393
    7 Март 2014
    Машко
    Во пракса вакви апликации немаат поента, повеќето од картичките ти требаат физички, пр.трансакциона,возачка, лична карта виза и сл, додека пак картички за попуст можеш да ги имаш како сликa, пр Јас користам Google Keep, во неа ги имам сите картички за попуст со сликнат баркод и тоа брка работа. Единствена работа како + во случајов за апп Cards е што може да се заклучи со fingerprint па заштитата е на повиско ниво.
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  14. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,707
    2,809
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Категории, фејвритс, гео локација.... има зошто. Не луташ по слики и фолдери итн итн...
     
    На aleksandardespotovikj му/ѝ се допаѓа ова.
  15. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,777
    1,308
    10 Август 2010
    Машко
    Се надевам апликацијава користи системски фонт, и не го форсираш фонтов. :)
    Користиш океј графички елементи, ама немој фонтов да искочи на production.
     
    Psycore, gremlin и на skullmonkey им се допаѓа ова.
  16. Crazy

    Crazy
    Gaining Experience

    290
    175
    29 oктомври 2016
    Машко
    Фонтов е како joke, секако не иде у продукција
     
    На D3N1EL му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Crazy

    Crazy
    Gaining Experience

    290
    175
    29 oктомври 2016
    Машко
    Во право си, само нз зш би ти служело гео локација ?
    Сеа правам само да го скенираш баркодот и кога ти треба само еден клик и оно ти го генерира истиот бар код но секако и одоздола си ги имаш бројките за секој случај.
     
  18. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,697
    1,893
    19 Јули 2013
    Ваљда според локацијата да му ја извади соодветната картичка.
    Колку стотини картички треба да се има за да се исплати користење на специјализирана апликација, наместо чување слики од картичките во еден фолдер/категорија што и да е? Значи не збориме за лутање по галерии, туку за екран со сите картички на едно место.
     
    На aleksandardespotovikj му/ѝ се допаѓа ова.
  19. stefano

    stefano
    Gaining Experience

    171
    232
    8 Декември 2016
  20. Crazy

    Crazy
    Gaining Experience

    290
    175
    29 oктомври 2016
    Машко
    18 loyalty cards имам само у новчаник, подебел е од мене
    Што повеќе да кажам ?
    Од болка на газот ја правам оваа апп, некад седнам и заборавам го извадам новчаникот, ми праи пенетрација на бутот.
     
  21. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,697
    1,893
    19 Јули 2013
    Не ми беше муабетот за носење на картичките, туку за носење на фотографии од истите во телефон, спакувани во фолдер/категорија или како веќе ги организира програмот за гледање фотографии. Со клик-два се влегува во таа категорија и бираш картичка која ти треба.
     
  22. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,101
    23,633
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
  23. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,707
    2,809
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Да. Им пишав на дечките доста реквести. На почетокот се залетаа ама изглеа го демотивираа. Им се закануваа со тужби, не им ги примаа на луге...
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Anungunrama

    Anungunrama
    Intern

    17
    13
    5 Февруари 2019
    Машко
    Bonus Card беше топ ама со последниве апдејти многу опции се тргнати пошто фирми ко Тинекс и слично не дозволуваа да ги има у апликацијата. Зашто немам поима :D У секој случај добар обид, а Cards не е лоша опција исто.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  25. marv

    marv
    On your way to fame

    1,646
    926
    5 oктомври 2007
    Машко
    Од кога Скул спомна викам ајде зошто да не пробам, ем помалце бркање по новчаник ем џоа дигитално. Стаив Cards, таа нашата Bonus, и во Албум во Photos со сликнати неколку.
    Cards е ок, ома многу предефинирани, брзо додавање. Голем минус неработи без интернет, што е глупост.
    Бонус е ОК, иако званично немаат многу, пошто нашиве компаниички се занашаат, али па може сам да си додадеш ама без слика. Работи и офлајн.

    Е сега најголемиот проблем кај нас. Глупите компании и касиерки.
    1. Тинекс ме одбија незавосно од апликација или чиста фотка.
    2. Рамстор одбино на едно место, на друго нејкеше да прочита.
    3. Зегин неѓаше проблем.
    4. Еурофарм неѓаше проблем.
    5. Верна на Макпетрол е чип технологија, па иако кај нив во систем ми ги внесоа преку баркод или може и број на картица, поените ќе бидат запишани кога ќе имаш физичка картица.

    Значи се ова фино и убаво, ама... Кај нас најчесто бескорисно, поради глупости. Барем еве јас кај што пробав, можеби на некого со други картици, на други места ќе му биде од корист.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На Anungunrama му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...