AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139

nVIDIA до крајот на годинава ќе го промени начинот на означување на графичките чипови. Така на пример потполно ќе исчезнат сериите 8000 и 9000, а ќе се воведат нови серии GT100 и GT200.
Постарите примероци од серијата 8000 кои се изработени во 65 nm производен процес, нема да се преименуваат туку потполно се запира со нивно производство. Поновите 55 nm примероци од серијата 9000 ќе станат GT100 серија (GT100, GT120, GT130, GT140, GT150). Интересно е тоа што некои графички чипови ќе добијат дури и трето име (серијата 9000 е во повеќе случаи веќе преименуваната серија 8000).
Во текот на 2009 година ќе дојдат модели изработени во 45 nm производен процес и тие чипови ќе припаѓаат на серијата 200. High End моделите ќе припаѓаат на GTX200 серијата (како и денес), под неа доаѓаат GT200 чипови, mainstream моделите ќе носат ознака GS200 а low-end ќе ја имаат ознаката G200.
Извор: Personal magazin