1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем Прегорен полнач

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од BilboBaggins, 15 Мај 2019.

  1. BilboBaggins

    BilboBaggins
    Intern

    3
    0
    7 Мај 2019
    Машко
    Ми се истури чаша вода на и околу продолжителниот кабел наменет за лаптоп, рутер итн. Поминаа 5-10 секунди додека сфатив што направив, го исклучив продолжителниот од он/офф копчето и после од штекер. За тоа време додека кабелот работеше со истурената вода на него не слушнав и не видов ништо лошо, лаптопот си работеше нормално и после тоа. Оставив време да се исушат плаговите од сите работи што ми беа уклучени на кабелот, еве сега го уклучив рутерот во штекер и си е ок.

    Пошто и адаптерот беше во близина, иако непотопен, дали има шанси полначот да е цркнат, да ми го спржи лаптопот кога ќе го уклучам или пак мене да ме пецне струја? Значи капките вода беа главно на околу плагот (утикач ли се вика? Ваљда..), а самиот адаптер не беше испрскан којзнае колку, ниту пак беше во локвичето вода.

    Не знам колку сум јасен, ваљда е разбирливо.

    Исто, што со продолжителниот. Надворешно е сув сега нормално, но дали вреди да го пробувам и проверувам или директно во канта да оди?
     
    Изменето од модератор: 15 Мај 2019
  2. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,587
    5,106
    20 Април 2007
    Машко
    Обично полначите за лаптоп се многу добро затворени, ако се оригинални, па отпорни се на влага. Така да по ова што го кажуваш, мали се шансите да ти е оштетен полначот.
    Слободно уклучи, не би требало да наштети на лаптопот.
     
    На BilboBaggins му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,224
    643
    3 Декември 2008
    Машко
    Нема да имаш проблем според кажаното, а и Сале ти кажа се добро затворени и неможе така лесно да се натопи во вода. Слободно уклучи, што се однесува до продолжниот протреси го види дали ќе ти капне на рака нешто од внатре, ако да тогаш преврти го и остави го да се исуши некое време. Ако веќе ти е шубе и не е нешто скапо да го смениш ама нема потреба.
     
    На BilboBaggins му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...