Префрлување на пари од странска дебитна картичка на македонска

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од d_yor8, 13 Септември 2017.

  1. d_yor8

    d_yor8 Ентузијаст

    1,212
    497
    27 Јуни 2011
    Здраво на сите,
    долго време ме немање на форумов, но сега ми треба Вашата помош.
    Бидејќи одредено време на гурбет живеев и работев во Германија имам германска дебитна Маестро картичка.
    Имам и германски Пејпел. Проблемот е, што имам поголема сума на пари на Пејпел од фриленсинг и не знам како да ги префрлам и користам овде во Македонија. Извадов дебитна од НЛБ арно ама германскиот Пејпел дозволува само да префрлам пари од Пејпел кон германската банка каде што сум. Пробав - функционира без провизија во рок од 2 дена.
    Бидејќи не сум веќе Германија и сакам овде да ги вадам парите од Пејпел, сакам да Ве прашам кој е најдобриот, најлесниот, најбезболниот начин да префрлам пари од германска дебитна сметка во банка. Имам опција преку е-банкинг од германската карта од Шпаркасе Келн - Маестро да префрлам пари во странство за што ми треба IBAN и BIC на примателот.
    Од овдешни карти имам девизна во македонската шпаркасе и Виза електрон дебитна од НЛБ.
    Дали можеби најдобра опција сепак би било со германската од шпаркасе на автомат овде да вадам директно пари, само не знам како би била провизијата.
    Сакам ова префрлање пари да го правам на долгорочен план.
    Ве молам доколку имате било какво искуство, совет или предлог за помош.
    Ве молам без глупави и идиотски коментари, бев коректен со пишувањето, бидете и вие, кој сака да помогне, нека помогне.
    Ви благодарам!
     
  2. Astro

    Astro Sensei

    4,157
    5,023
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ги немаш ли прашано од германската Шпаркасе во македонската Шпаркасе дали може да се отвори партија и од македонија директ да влечеш од германската сметка Шпаркасе to Шпаркасе?
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Chiller

    Chiller Гик

    471
    171
    8 Март 2012
    Машко
    Земи пајонер еур карта, ќе имаш и IBAN и BIC со нејзе во германска банка. Ќе можеш да ги префрлиш на неа.
     
  4. hipo

    hipo Ентузијаст

    1,419
    1,059
    27 Јануари 2011
    Машко
    За наши банки ти треба SWIFT од банката и број на сметка. За префлање на пари од странство провизија е скапа, порано беше 30е по трансакција. Малку поефтино е вадење пари од банкомат, имаш провизија кон банка и провизија за конвертирање на валута од еуро во денари, секако вадиш максимум што можеш.
    А при купување со картичка немаш никаква провизија. Барем сега секаде имаш терминали за картички.
     
  5. marv

    marv Активен гик

    886
    293
    5 oктомври 2007
    Машко
    Пошто веќе имаш девизна во МК и тоа во две банки, одиш во експозитура и викаш ми треба IBAN и BIC пд мојата сметка и добиваш за 5мин. После си префрлаш од Немачка на твојата девизна обде.

    May the Force be with you !
     
  6. d_yor8

    d_yor8 Ентузијаст

    1,212
    497
    27 Јуни 2011
    Фала ви на сите за одговорите засега, проверив на страната на немачката Шпаркасе провизија за во странство е 3,5 евра за повлекување на готовина од банкомат. За плаќање со таа картичка директно во странство има провизија од 1,5 посто од сумата. Мислам дека оваа варијанта е најбезболна и да се куртулам од можни оданочувања овде.

    Него дали периодов има можност со НЛБ виза картичка со словенски или бугарски Пејпел без притоа да имам државјанство дирекно да си повлекувам пари на НЛБ без да ми бараат докази и да ми ја замрзнуваат сметката? Дали се подобрија работите на тоа прашање?

    Иначе има надеж да се опрај работата со македонскиот Пејпел???
     
  7. DarkoG

    DarkoG Активен гик

    601
    452
    27 Јуни 2012
    не ваѓај директно на банкомат пошто ќе те изгорат од провизии, појди во Германија во банката (или ако можеш онлајн) и префрли ги од германската сметка на Македонска сметка, потребо ќе ти биде само ИБАН/СВИФТ од македонската сметка(нешто што ќе ти го дадат во банка овде ако ги прашаш)
     
  8. goranzoran

    goranzoran Sensei

    2,756
    2,156
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Не, се влошија, многу се влошија.
     
  9. kirev

    kirev Sensei

    4,403
    2,848
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Малце офтопик - Како да проверам во која земја ми е регистриран акаунтот на Пејпал?
     

Сподели