1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предложете верзија на Линукс за послаба конфигурација?

Дискусија во форумот 'GNU/Linux' започната од Luxell, 7 Јуни 2018.

  1. Luxell

    Luxell
    Intern

    211
    44
    7 Јули 2012
    Машко
    Се работи за мини лаптоп Dell 1101 (мојот е со 2GB рам) со послаби перформанси.
    Имаше инсталирано Windows XP али не работеше добро и од како прочитав на нет му инсталирав Bodhi Linux,ама сепак би сакал да слушнам ваши предлози дали е добар овој или имате некој што подобро би работел!?
     
  2. mihovkris

    mihovkris
    Gaining Experience

    763
    477
    1 Јуни 2016
    Lubuntu 12.10
     
    На Luxell и StefAngel им се допаѓа ова.
  3. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    605
    328
    9 Февруари 2008
    Има дистроа што работат на 128МБ рам и помалку ако сакаш да одиш многу lightweight

    Има листа тука 50+ Best Lightweight Linux Distros for 2018 – ThisHosting.Rocks

    Јас Lubuntu i LXLE сум ги користел на лаптоп со 1ГБ рам без проблем
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  4. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    491
    392
    20 ноември 2013
    Машко
    Бутни една 7ца стартер, пред некое време сличен ваков средив, немаше гајле ~Acer, 10inch, 1Gb ram, x86 Atom
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rac58

    Rac58
    Gaining Experience

    212
    124
    5 Јануари 2017
    Машко
    слободни активности
    Според карактеристиките има иста конфигурација како Asus eee 900ha, школските. Јас имав Виндоус 7, па Убунту 12, за најпосле инсталирам лесна верзија на Виндоус 7. Многу е побрз и подобар од ХП, или Виндоус 7 Ултимејт. Еве ти линк за истиот: windows aero blue lite edition 2016 0x86 iso
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    464
    401
    12 ноември 2013
    И јас кај на еден доста стар инсталирав Windows 7 Starter и океј работи уште. Dual Core, 2Gb Ram и 80gb диск.

    Испратено од SM-N950F преку IT.mk форум апликација
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. al1en

    al1en
    Intern

    41
    9
    30 Април 2009
    elementaryOS, Пробај го на база на Ubuntu е само многу помалце комплициран со минималистички модерен дизајн


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,866
    2,433
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Стај 7-ка, исто од искуство зборам, пробано на eee pc 900ha најбрзо ќе работи.
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,572
    2,894
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Тематс е човекот прашува за линукс, ти виндоуз го советуваш. Колку само не читате и/или читате ко шо ви одговара не е можно.
     
  10. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,866
    2,433
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Читаме меѓу редови со цел да му помогнеме на човекот да добие најбрзи можни перформанси. Ако му требало него линукс за некоја друга специфична потреба требало да навел. И ти најде баш мене да ме цитираш од сите горе кои му го кажаа истото, дека е најдобро win 7 да стави, затоа што ќе има најдобри перформанси? Знаеш колку различни "лесни" верзии линукс имам тестирано на атом процесори со 2 гига рам? Ако сака да се мачи нека проба што сака од линукс. За секојдневна употреба најбрз е win 7.
    Ти му да даде некој предлог за линукс и придонесе со нешто на темава или само провоцираш без врска?
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,572
    2,894
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Темата е: бара линукс дистро. Точка. Не бара виндоуз, ни лесна ни тешка верзија. ЛИНУКС БАРА. Не дадов мој предлог пошто погоре во еден од 10 поста се даде препорака за дистро, другото вон тема. Тоа шо нема држење до темата и муабети од типот: ама јас кај мене ова ставив оба ставив, не тоа шо бараш затоа заминуваат толку теми у п м па после препирки и излегување вон тема и паѓа квалитет. Не се однедува само на тебе, туку и на сите останати. Да му се даат на чоекот информации за тоа шо бара, а личните искуства чувајте ги за друго место за да нема забегување вон тема.
     
    На Luxell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,866
    2,433
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Втор пат ме цитираш без твој предлог за линукс дистро. Каква точка, каква запирка, овде се работи само за твојата заљубеност во линукс и упорно негово форсирање на секој компјутер без разлика дали таму му е местото или не. Најверојатно никад ни не си користел линукс на атом процесор. Преку 20 имам тестирано на тој процесор и да не збориме од лични искуства? Па за што да збориме за твојата љубов кон линукс?
     
  13. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,572
    2,894
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Да зборуваш за темата, дечкото бара линукс. Не виндоуз. Како не ти стана јасно уште од првиот пост незнам... Позз
     
  14. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,866
    2,433
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    И по трети пат пишуваш и ја загадуваш темата со глупости без предлог, како тоа тебе не ти е јасно? Изброј горе колку се за win 7. Кој што сака ќе си предлага. Кој к.р фактор си ти да кажуваш кој што да предлага и пишува?
     
    На Rac58 и spiritBreaker им се допаѓа ова.
  15. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,803
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ни еден без ССД.
    Купи 32ГБ ССД.
    Инсталирај Windows 7

    Линукс едноставно работи поспоро со Атом N270 и N450 т.е. Diamondville/Pinetrail. Ова од искуство, а ако сакаш баш да пробаш
    Main Page - Linux Mint

    Сепак како што кажаа погоре Windows 7 со исклучени сервиси. И тогаш има скоро никаква употребливост. Дури и со ССД.

    Имам 3 такви на најдобриот Aces Aspire One D255 имам и јас ставено 2ГБ рам и SSD и со една многу добра финта успеав да го натерам да пушта 1080p видеа (H.264) со најслаб битрејт - читај YIFI. Треба да го најдам инфото како беше средено ова ако те интересира ќе го најдам. Инаку за сурфање бљах. и јутуб едвај иде.
     
    На Luxell и krema им се допаѓа ова.
  16. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,866
    2,433
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Еве ја ќе му препорачам arch linux да стаи, без GUI мислиш ќе му заврши работа?
    Текот на мислите е следен....сите мислат дека windows xp ќе работи побрзо на стар компјутер. На некои стари компјутери тоа е точно но не и на тие со атом процесор. Потоа кога ќе видат колку е бавен и колку багови има сите гледаат да најдат што полесна и побрза верзија од линукс затоа што таму негде прочитале дека линукс е уште побрз од xp, дека е топ, баш праен за на стари компјутери, троши малку рам итн и го инсталираат линукс. Кога ќе видат дека линуксот е уште полош од xp ради драјверите што им се за нигде, се враќаат на xp. Некои пробуваат со win 7 и сфаќаат дека за чудо, наспроти секоја теорија и све што прочитале на нет, у пракса е побрз, полесен за работа од претходните два.
    Твојот муабет ми е ко на универзитетски професор кој прочитал таму негде нешто и секојдневно си го вергла пред студентите а никогаш у пракса не го пробал тоа "знаење".
    The minimum hardware requirements for Windows XP Professional include:
    • Pentium 233-megahertz (MHz) processor or faster (300 MHz is recommended)
    • At least 64 megabytes (MB) of RAM (128 MB is recommended)
    • At least 1.5 gigabytes (GB) of available space on the hard disk.
    • CD-ROM or DVD-ROM drive.
    Значи само 64 MB Му се потребни на XP кое линукс дистро бара нешто помалку со GUI? Он има цели 2 гига рам али џабе му се.
     
    Последна промена: 8 Јуни 2018
    boro1, Luxell и на alek99 им се допаѓа ова.
  17. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    491
    392
    20 ноември 2013
    Машко
    Баш пробано со линукс минт на истиот лаптоп претходно и за чудо подобро работи со 7ца (мислењето на горан&зоран држи вода). Од таму доаѓа мојот предлог во претходниот пост.

    Испратено од ONEPLUS A3003 преку IT.mk форум апликација
     
    На goranzoran и Luxell им се допаѓа ова.
  18. Luxell

    Luxell
    Intern

    211
    44
    7 Јули 2012
    Машко
    Дечки фала на сите за предлозите,инсталирав 7-ца Стартер и работи одлично во споредба со се друго што му инсталирав.
    @spiritBreaker @goranzoran Бидејќи лаптопчето не се користи често а поради недостиг на слободно време да испробам што да му инсталирам а да работи колку толку солидно решив да побарам совет и тука ама моја грешка е што не нагласив дека може и Виндоус а не само Линукс иако во прв план ми беше да инсталирам некоја модифицирана верзија на Линукс па затоа и ја отворив темата тука.:fooled: Извинете за мојот кикс! :)
     
    На Psycore и goranzoran им се допаѓа ова.
  19. aaaaaaaaaaah

    aaaaaaaaaaah
    Intern

    2
    1
    19 Септември 2018
    Машко
    Це-Шарп и Аниме
  20. Astro

    Astro
    Guru

    5,901
    7,990
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    TDP 2w човече каков процесор, фасцинантно...
     

Сподели

Вчитување...