1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Predlog zvucna kartica

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од 1s3ct0wN, 18 Март 2019.

  1. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,849
    3,883
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    Субјективно ти е тврдењето со процентот на луѓе кои можат да забележат одредени разлики, а други не можат. И не криј се позади тие високи проценти, џабе користиш големи бројки. И истото важи и за другите сетила. Многу луѓе имаат оштетен слух и уверен сум дека за нив интегрираната звучна звучи еквивалентно.

    Јас за прв пат направив дистинкција помеѓу различни инструменти во одредена музичка нумера откако ставив Xonar DX. И како слушател на музика воопшто не ме интересира дали и со какви трикови со помош на драјвер се послужиле одредени прозиводители, се додека музиката ми звучи дефинирано. Доколку беше така едноставно тие трикови ќе ги користеше и Realtek, aко беа софтверски.

    И самиот знаеш дека разликата при репродукцијата не доаѓа само од техничките спецификации на чипот, на хартија, туку и начинот на којшто е имплементиран во интегралното коло. Не постои матична плоча која ги има истите квалитетни компоненти како дедицираните звучни карти( во случајов Xonar DX или X-Fi Xtreme Music и слично). Така да, Realtek чипот можеби на хартија има одлични спецификации, ама во пракса во поглед на изведбата заостанува во секој поглед. Не е само во јачина, туку и огромна разлика во квалитет на изведба и како резултат на тоа и на репродукција, верност, динамика на звукот. Со Realtek звучна цела музика ми звучи како замачкана, споредена со Xonar од пониска класа, во случајов DX, со која се слушаат апсолутно сите детали во дадена музичка нумера, дури и некои суптилни звуци од позадински инструменти.

    Од дете златно до друго дете златно - ти предлагам да ти ја донесам звучната карта да ја тестираме за да можеш одблизу да се увериш во разликата. :)
     
  2. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,803
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Разликата не е во квалитетот него во тонирањето на звукот.

    На некој повеќе му се свиѓа како звучи хонар наспроти риалтек исто како што има луѓе на кои повеќе им се свиѓа како свири Yamaha наспроти harman/kardon и обратно.

    Во меѓувреме DAC-овите на онборд аудиото напреднаа до толку што нема осетна разлика ако се споредуваат линиски сигнали без модификација. Всушност само ДАЦ-от е тука важен.

    Имав пријател што зема некој си аудиџи на времето, а и на онборд и на него користеше тослинк, односно правеше хендовер на ресиверот. И така.
     
  3. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,849
    3,883
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    Да расчистиме - членот тука не побара предлог за најскапата матична која се труди да има квалитативен аудио пандан на дедицирана звучна карта. Зошто упорно тврдите дека интегрираните компоненти некогаш ќе бидат еквивалент на било што дедицирано-не ми е јасно. Нивната замисла во суштина не е да бидат тоа, ама вие сепак стоите на ставот дека иако не им била тоа целта, тие сепак се.
    Дотолку повеќе што членот сигурно нема таква матична плоча. Единствено разумно решение е да си купи звучна карта + слушалки, доколку е љубител на музика. Јас сеуште стојам на тој став - да заборави на интегрираната звучна и да вложи во двете компоненти подеднакво.
     
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,226
    2 Август 2012
    Машко
    Епа работава е што ако се работи за хај енд уред за репродукција не смее да „звучи“

    Најблиску за компарација е мониторот кој исто така не смее да „звучи“ туку онака фино калибриран треба да дава верна слика без разлика дали ти сакаш дречави или реални бои.

    За вкусови не се дискутира но вкусовите можат да се воспитаат. Разликите во лабораториските мерења често се на 4 децимала и не значат ништо така што звучна картица А која има лоши резултати за „каквоќа“ може да дава подобар звук ако се употреби добра електроника во output stage односно во појачалото. И обратно!

    Појачало за слушалки е way to go кога се работи за слушање на тој начин. Исто така и квалитетни звучници иначе ништо од сите тие фини херци и семплинзи.
     
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,226
    2 Август 2012
    Машко
    Извинете на дуплиот пост

    Затоа што интегрираните компоненти најчесто имаат преслаб излез да напојуваат било што освен активни звучници и затоа што дедицираните звучни картици, повторно кажувам, се служат со валкани трикови како што е софтверско протнување на звукот низ неколку филтри и драјвери и со намерно нагласување на одредени делови од спектарот со употреба на „тврда“ електроника во излезниот степен на картичката.


    Ако има разлика тогаш веднаш ќе ја сетиш и со PnP драјвери. Или едноставен трик. Пушти музика на Youtube и слушај преку browser. Симни ја истата таа песна и слушај ја преку програма.

    Има многу препреки додека звукот дојде до излезот.
    Е сега ако сакаш да кажеш дека тиња интегрирана со излезен степен од ШКЉ класа е полоша од дедицирана звучна од Б сегмент тогаш, да! Во право си.
     
  6. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,849
    3,883
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    Мал милион на примери има на интернет, пребарајте - шум и хис на интегрирана звучна карта. Зошто ? Бидејќи не се заштитени од ем од останатите компоненти. Пак ќе повторам - не е само до спецификациите на хартија, туку и до изведбата. Дедицираната звучна карта и физички е одделена од матичната плоча, а некои и имаат некаква ем заштита.

    И да - тоа што звучи значи дека таму постои разлика. Затоа звучи поубаво - бидејќи е поиздефинирано. Замачкана музика не може да звучи подобро. Може да звучи само исто - кај некој со оштетен слух.

    Звучна карта која има класа А електронски компоненти и цело интегрално коло посветено само за репродукција на квалитетен звук никогаш нема да биде еквивалентна со звучен чип интегриран на матична плоча на која се вградени стотици електронски компоненти да служат за сите останати функции на матичната плоча.

    Компарацијата со мониторот ти е добра, со таа разлика што нашите уши не мерат во 4-та децимала, а кога постои разлика која може да се слушне тоа значи дека разликата не е во 4-та децимала, туку во прва децимала. Кај мониторите се бара верна репродукција на бои, а истото се бара и кај звучните карти - да звучат природно, неелектронски. Електронски и неприродно е музиката да звучи замачкано и без дефиниција. За да се слушне разликата и очајниот квалитет на интегрираните Realtek квази звучни карти се доволни звучници од 3000 денари или слушалки од 2000 денари.

    Да имаше дедицирана звучна карта со Realtek чип сигурно ќе беше идентична ситуацијата. Не ги хејтам чиповите на Realtek, туку онборд изведбата. НИКОГАШ нема да биде еквивалент.
     
  7. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,849
    3,883
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    Не се согласувам. Да беше софтверски трик одамна ќе беше понуден на интегрираните карти. Сеуште нема ни трага од тоа. Затоа што не е софтверски трик.

    Now we are getting somewhere :) Значи има "нешто" и во електрониката.

    Не тиња, туку ALC 1220 интегрирана споредена со Xonar DX.

    btw - Дајте пример за интегрирана звучна карта со квалитетен чип и излез и ве молам и цената на таа матична плоча напишете ја до неа.

    Не пребегувајте кон 10-ти матични плочи кои вам ви се допаѓаат, кога никој не побара предлог за матична плоча која се труди да понуди достоинствено аудио решение. Прашањето беше која дедицирана звучна карта (и дали воопшто или да се користи ПОСТОЕЧКАТА) и кои слушалки. Доста е офтопик.
     
  8. EnableSTAT97

    EnableSTAT97
    Gaining Experience

    344
    146
    4 Јули 2011
    Машко
    Проблемот е во тоа што сите интегрирани решенија се тиња. (да не се мамиме сите делови од интегриранава звучна (соси IC (аудиопроцесор+ДАЦ+op amps+ headphone amp се во еден чип) кошта 5-10еур.) За 10еур нема саглам кондезатори да купиш а не цело решение (спореди го само напојувањето меѓу интегрирано решение и Xonar STX (или уште подобро некој екстерен ДАЦ). Да не зборуваме за другите компоненти. (пр. излезните coupling кондезатори (незнам превод на македонски) што на интеграна звучна се по 1-2ден (никаков квалитет а аудио сигналот оди преку нив)). Не дека не можат да направат солидно интегрирано решение едноставно не вреди.

    Е сега дали ќе приметиш разлика е друг муабет. На темава јас би земал саглам слушалки за 100еур и посаглам звучна во иднина. Премалце се 100еур за саглам слушалки и саглам звучна. И немој да се мамиш да земаш слушалки од интернет (посебно од кинезине-големи се шансите да ти дадат некој фалц/копија што и да е). Најдобро е да ги пробаш лично ако имаш можност и да одлучиш затоа што некогаш и никакви слушалки тебе лично можат повеќе да ти се допаднат него далеку поскапи модели. (исто ако имаш можност пробаја звучната што ја имаш сеа со некоја екстерна и види дали ти лично ќе приметиш разлика (дали вреди да фрлаш пари или не)
     
  9. apo808

    apo808
    Intern

    40
    17
    16 Август 2016
    Машко
    За 3000 денари немаш квалитетна звучна ако веќе глумиме професионалци и објаснуваме разлики, семплинг рејтови и такодаље.. за 3000 денари имаш скапа, фенси on-board звучна, со појак излез од ефтините и некој свој профил на звук кој НАЈЧЕСТО не е flat и го бои звукот додавајќи одредени фрекфенции кои нашето уво "сака" да ги слуша, па се добива тој ефект на "подобар" звук.

    Исто и со слушалките за околу 4000 денари на пример можеш да најдеш AKG кои ќе бидат далеку поквалитетни од други Sony/Phillips во тој price range а верувам дека 99% од членовите ќе ги изберат Sony/Phillips поради фактот дека истите ќе звучат "подобро".

    Meѓутоа тоа не значи дека Xonar-от е лоша звучна и Sony/Phillips лоши слушалки, и дека нема да ги вршат потребите на обичниот слушател за да склопи некое такво комбо кое нему ќе му се допаѓа како ке звучи а истовремено нема да го интересира дали AD/DA конверзијата е ваква таква или онаква.
     
    На esquimaux му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,849
    3,883
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    Значи според тебе овозможувањето на репродукција при која има дистинкција на суптилни звуци од инструменти, споредено со отсуство на истото кај онборд звучните карти, е од субјективен карактер и не претставува квалитативна карактеристика која ја двои дедицираната звучна карта од 3500 денари (Xonar DX) од ванаби интегрираните звучни "карти"? Кои релативизатори има на форумов значи... Според вас нема економична опција и мора да си богат за да слушаш квалитетна репродукција. Значи илјадници купувачи на Xonar се малоумни, вие сте паметните? Или ако вие сте опнале 100.000 евра за нов мерцедес, за вас тојота јарис е бесмислена инвестиција. А ако не,тогаш муабетот е - или мерцедесот или што ќе ти е автомобил. Не можам да ви се изначудам.
     
  11. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    552
    338
    11 ноември 2015
    Машко
    Последна промена: 19 Март 2019
    apo808, spiritBreaker и на Banjifiko им се допаѓа ова.
  12. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    552
    338
    11 ноември 2015
    Машко
    ТОП.
     
  13. Скоти

    Скоти
    Gaining Experience

    169
    268
    15 oктомври 2013
    Машко
    Ќе ми врши ли мене ова работа за на лаптоп и телефон добро? Иначи имам Audio Technica ath-m50x.
    Значи слушалките се купени од странство, на лаптопот звучат онака meh, пробани се на појачало и на друг систем и звучат многу погласно и подобро.
    Или препорака за нешто друго.
     
  14. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    552
    338
    11 ноември 2015
    Машко
    Слушалките ти се добри, а штом сакаш да го извадиш нај доброто од нив, еве го мојот предлог за тебе. https://fiio.com/amp
    Имаш и на Али појачала од 10$ па нагоре, но звукот неможеш да го споредиш со FiiO. :)
     
    Последна промена: 19 Март 2019
  15. Скоти

    Скоти
    Gaining Experience

    169
    268
    15 oктомври 2013
    Машко
    Да, мислам дека и претходно некаде гледам FiiO, се наоѓаат ли некаде кај нас овие ? И кој модел би го препорачал, стварно не се разбирам.
     
  16. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,803
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Парите за појачала и квалитетни ресивери не одат на каплери и кондензатори него на транзистори и дигитални процесори, па и лампи по ново.

    Имам мерено дисторзија на линиски сигнал и на Xonar и на онборд аудио од Dell Optiplex десктоп преку Yamaha 3D0 со грешка при мерење од +/- 0.3 db. Разликата е минорна. Разлика има на пример кај Card Deluxe од Digital Audio Labs, но пак само кај балансираниот излез и AES/EBU daughter картицата. Разликата во звук го прават pre-amps и самите засилувачи. Кога е линиски звук во прашање тука нема што многу да смени.

    Ако на некој му е ќејф да земе звучна тоа е друга работа, ама SoC решениата за звук напреднаа до толку што нема значителна разлика во самиот квалитет на звук.

    Али, кој како сака. Не планирам да разубедувам неистомисленици, секој си има права да мисли што сака. Имам луѓе околу мене што винилот го сметаат за супериорен ела разубеди ги да те видам.

    Секое добро, мислам дека човеков само пушти патка со темава и нема намера до волку да се замара.
     
  17. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    521
    413
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Де бре другари, каде отидовте, се утепав од читање.

    Другарот сакаше 2 ствари со буџет од 6000.
    Дајте да му дадеме најпаметен предлог.

    Во тој поглед, да се надополнам:
    со оглед на цената од огласот за звучна, ако сè уште ти се трошат повеќе тогаш горе спомнатото - некој уште подобар модел од AKG ќе заврши фантастична работа за тој буџет.

    За onboard VS USB звучни не ни планирам да се закачам :)
    Ама ако сакате да се бориме за тоа, дајте нова тема. Сигурен сум дека ќе разглобиме добро таму :)
     
  18. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    521
    413
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор

    Мислиш на NI Traktor?
    Гледам членот погоре вика дека биле малку незгодни - лично не сум ја користел. Имам Audio Kontrol, што е поразлична приказна и сите модели од таа серија се над 10.000 отприлика...

    Најдобар предлог до сега што видов овде е Scarlett Focusrite.
    Ако начекате половна, ама добро сочувана и без премногу IO што не би ги користеле - препорака за таа.

    Кога сме кај половните, M-Audio имаа интересни порано што веќе не се произведуваат - кога би начекал на старо за 50-100 евра исто така би земал таква.
    (Можеби ова на пример: Pazar3.mk - Ad M-Audio Fast Track Pro For sale, Skopje, Centar, SPORTS AND RECREATION, Musical Instruments and Equipment, Other, M-Audio Fast Track Pro, 2310452)
     
  19. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,849
    3,883
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    Значи до кога ќе замајувате сo линеарност на сигнал и ќе премолчувате интерференција од ем од околните компоненти? Едно е како се понаша чипот во идеални услови, а друго е во реални услови при кои секогаш интегританиот чип ќе страда заради компромисите на изведбата. Мерењата сигурно не се правени при оптеретен систем, одн. реалистично сценарио. Realtek ALC1220 има SNR 120, ама во идеални услови. Корисниците се жалат на шум во игри. А ако играат и слушаат музика тогаш пак ќе се сретнат со истиот проблем. Компјутерот е за користење, а не да се чува во idle.
    И уште нешто - ниту едно мерењe не е меродавно ако не транспарентно и повторливо.
     
    Последна промена: 19 Март 2019
  20. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,465
    1,525
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Како што реков, ќе се испотепаат за обичнно прашање или предлог...
     
  21. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    552
    338
    11 ноември 2015
    Машко
    За од кај нас не сум сигурен дали некаде ги продаваат, но имам видено дека има официјална проданвина на Али FiiO Official Store - Small Orders Online Store, Hot Selling and more on Aliexpress.com, така да ако сакаш можеш од тамо да си порачаш. А за модел незнам што точно ти треба за да ти помогнам, разгледај ги сите модели и определи си што точно ти треба.
     
  22. apo808

    apo808
    Intern

    40
    17
    16 Август 2016
    Машко
    сакаш да ми кажеш дека со Xonar слушаш дистинкција на инструменти а со дедицирана не ??? :suprised::suprised::suprised:

    чисто за твојата паралела споредуваш тојота јарис со тојота јарис со ксенон фарови и сончев покрив.. ако сакаш до крај да ја тераме повели со Xonar-от во студио јас ќе извадам пиво и PC со onboard звучна и трето PC низ мојата звучна (за која што ако сакаш да прочиташ нешто повеќе повели RME: Fireface UC) и ќе направиме blind test на студиски монитори. ако погодиш јавно на форум ќе ти се извинам и јас ќе го частам членот Xonar :)

    Извини ама ептен ме тригерна со sample rates, и остали ствари што испонаброја у некој пост пред тоа и за џабе само му ја отежнавте темата па затоа осеќав одговорност да ти вратам :)

    Како што реков нека купи конзумер грејд звучна и слушалки како Xonar и Phillips и топ ќе му биде
     
    Последна промена: 19 Март 2019
    На esquimaux и VerGer им се допаѓа ова.
  23. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,849
    3,883
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    :suprised::suprised::suprised:
    Значи на крајот се согласи со мене. Иако цел пост начкрапа као не се согласуваш. Свашта.
     
  24. EnableSTAT97

    EnableSTAT97
    Gaining Experience

    344
    146
    4 Јули 2011
    Машко
    Не беше коментарот за цената него за квалитетот на самите кондезатори (nichicon fg/kz vs noname од 1 денар на интегрирана звучна). И не се воопшто ефтини ако зборуваме за пари (напојувањето на STX е скоро иста цена со ДАЦ+op amps). Два линеарни регулатори (ако не сум грешка по 10еур еден е ако зборуваме за цена) наспроти интегрирана напојувана дирекно од 5v линија (уште ако е некое кинез напојување и оптеретено).
     
  25. Скоти

    Скоти
    Gaining Experience

    169
    268
    15 oктомври 2013
    Машко
    Скапо ми е стварно 10 000, да не навлегувам премногу во тоа. Едноставно би ми требала за подобар звук на слушалките за на лаптоп и понекогаш телефон.
     
Слични теми
  1. vaska
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,473
  2. Laze
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    1,053
  3. Fatihh
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    1,001
  4. w0rm
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    655
  5. Spamalot
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    2,455
Вчитување...

Сподели

Вчитување...