• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Предлог Предлог за тастатура со no-print или side-print keycaps

  • Ја почнал/а темата
  • #1

100JKO

Gaining Experience
27 јуни 2018
73
203
Скопје
Здраво дечки, денес разгледував нешто од тастатури што има кај нас и општо на интернет и приметив во Нексио дека носат Ducky тастатури. Долго време сум заинтересиран за тастатура со no-print или side-print keycaps. Ducky имаат една тастатура One Side-print и претпоставувам дека Нексио би ми ја донеле по нарачка, меѓутоа видов дека и CoolerMaster ја имаат Quick Fire XT Stealth, а бидејќи долго време користам CoolerMaster Quick Fire Ultimate, навикнат сум и можеби овој избор е подобар. Од типот no-print keycaps, знам Das Keyboard дека прават такви, ама рака на срце малце се прескапи. Ми треба предлог за некоја тастатура од ваков тип, што би можело да се најде локално, доаѓа во предвид и промена само на keycaps. Некој линк, препорака или слично ако може?
 

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,631
2,827
Јас би ти рекол ако не ти треба експлицитно нова тастатура, смени си само keycaps. Под услов таа што ја имаш да ти е океј, пошто си пишал дека доаѓа во предвид и промена на keycaps.

Проблемот е што локално, нема ништо такво. На AliExpress имаш опции за blank во различни профили/бои, како и за side print, а кај нас едино ќе најдеш pudding keycaps од G.Skill во Нексио.

Ако ти е вистина само до капачињата, по мене нема поента да земаш нова тастатура.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

100JKO

Gaining Experience
27 јуни 2018
73
203
Скопје
Им пишав на Нексио, ме откачија за нарачка , т.е. немаат ништо да понудат со no-print или side-print keycaps. Останува да нарачам online.
Проблемот е во големината на ctrl и alt капачињата бидејќи се 1.5u, (тастатурата има ист layout како Razer Black Widow )

keycaps.jpg

Најдов на maxkeyboard можност да избереш каков сакаш layout, со шипинг доаѓа 43.00 $. Немам претстава дали е ова добра цена или не, и дали воопшто странава ја бива да се нарача од неа...
 

Psycore

On your way to fame
12 ноември 2013
595
600
Скопје
Дали има некоја предност од no-print и side-print освен естетика? Прв пат среќавам вакви тастатури.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

100JKO

Gaining Experience
27 јуни 2018
73
203
Скопје
Дали има некоја предност од no-print и side-print освен естетика? Прв пат среќавам вакви тастатури.
За мене лично е за изглед и естетика. А бонус е тоа што не би ми ја гледале лозинката кога куцам.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,803
Мислења
850,743
Членови
29,490
Најнов член
cadi1
На врв Дно