1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог за таблет

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од Lembo, 25 Април 2020.

Тагови:
  1. Lembo

    Lembo
    Intern

    1
    0
    24 Април 2020
    Машко
    Здраво на сите, имам потреба од таблет. Цената која што можам да си ја дозволам е до 12,000. Екранот да биде минимум 10 инчен. Ќе го користам за една онлајн апликација и за Microsoft Office. Ви благодарам на предлозите.
     
  2. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    996
    1,081
    9 Декември 2015
    Машко
    Овој го земав пред 2 месеци. Задоволен сум иако искрено не сум користел Офис на него. За малку ќе земев поскап модел за 3000 денари исто Самсунг ама со можност за ставање СИМ картичка. Кога размислив сфатив дека е сосема излишно да има СИМ.
     
    На milepopanov и MadBuldog им се допаѓа ова.
  3. milepopanov

    milepopanov
    Intern

    21
    22
    17 Февруари 2018
    Машко
    еве ти кинеско :) Huawei MediaPad T5 10 треба да е 12000 денари кај нас
    али samsung е стварно добар ккао сто кажа Ragnar
    на тебе е изборот
    поздрав
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nikola_bb

    nikola_bb
    Gaining Experience

    310
    71
    14 Август 2009
    Нели е 2гб рам и 32гб меморија онака минимум за денешни услови?
     
  5. Astro

    Astro
    Guru

    6,755
    9,466
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Како бе брат излишно да има СИМ?
     
  6. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    996
    1,081
    9 Декември 2015
    Машко
    Па секогаш си со мобилен.:) Единствено би ти користел ако имаш слушалки и те мрзи да го бараш мобилниот (ама тогаш ќе бидеш врзан за слушалките или па ќе мора на спикер да зборуваш). Ова е за дома, а надвор кој би излегувал со таблет, а без мобилен? Не можеш 10 инчи (т.е. 10.1 е само екранот) во џеб да ги ставаш. Башка кој ќе менува СИМ картички, вади ставај. И да постои некоја теоретска ситуација каде што би ти користело тоа што има СИМ, дали тоа оправдува 20-25% повисока цена?
     
    Последна промена: 25 Април 2020
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mackod

    mackod
    Intern

    22
    23
    28 oктомври 2016
    +1 за Самсунг Галакси Таб А 2019. Го имам некои два месеци. Добра батерија околу 9-10ч СоТ, дефинитивно најдобар 10' екран за парите. Леново, Хуавеи или било кој бренд што можеш да го најдеш кај нас за таа цена е очај во поглед на екран. Таблет со 3ГБ рам за таа цена тешко дека ќе најдеш, освен едно Леново М10 мислам дека беше. Ми беше и мене во опција ама се откажав веднаш само што прочитав 2-3 рецензии.

    Sent from my Mi MIX 3 using Tapatalk
     
    На Скоти и Ragnar им се допаѓа ова.
  8. despotovikj

    despotovikj
    On your way to fame

    1,057
    516
    7 Март 2014
    Машко
    Малце е лош период за купување таблет, нема нешто голем избор во МК, освен некој модел на Samsung ете пример Таб 2019, како што гледам и го нема нешто многу на залиха.Мое размислување е да почекаш ако не ти се брза многу, гледам Шаоми и Хуавеи вадат буџет таблети па види.
     
  9. liduda

    liduda
    Intern

    23
    37
    9 Јули 2019
    Машко
    Во тој ценовен опсег шо би се рекло овој Samsung ти е "најдобро" нешто моментално имајќи предвид и пандемија и се.

    Од друга страна моите 5 центи се следни: Доколку апликацијата што ти треба ја има и за iOS секогаш ама секогаш би препорачал iPad во твојов случај Mini. Знам дека цената е дупла меѓутоа сметај на тоа дека ќе го користиш дупло подолго а iOS ќе ти стане најдобар другар. Сите Microsoft апликации работат беспрекорно. Се разбира сите имаме различен буџет за различни ствари и гаџети. Чисто за споредба jас купив Nexus 2012 своевремено, братучедот iPad речиси истовремено, неговиот уште тера, син му го користи и мука нема. Мојот Nexus за жал e неупотреблив по само 2 години.
     
  10. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,239
    3,631
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Не се погоди Нексус кецот (2012), јас го имам 2013ка моделот од октомври 2013та, освен што го скрши екранот ќерка ми лани, и го сменив од ибеј, уште тера сосема солидно. Многу добро се погоди моделов.
    Испратено од Pixel 3 XL преку IT.mk форум апликација
     
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...