1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог за Оптика во Скопје

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од koki, 22 Декември 2015.

  1. koki

    koki
    Gaining Experience

    252
    133
    3 Март 2010
    Здраво дечки, ми треба инфо за добра оптика низ скопје?
    ДА не лутам...ваши искуства? Претпоставувам дека голем дел од нас/вас имаат проблем со очи и предолго седење на компјутер?
    Еве и јас од скоро сум дел од оваа група на луѓе, но немам поима ништо во врска со ова ;)
     
  2. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,284
    2,649
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Последните очила ги земав пред 6-7 месеци од BellaVista, ГТЦ прв спрат близу Југотон. Фини цени, добар избор, ми ги изработија како што треба без проблем, а имам зезнат диоптер (-6.5 со -1.5 цилиндар). Задоволен сум. Претходно од Police на крај на златарската уличка, со Hoya пи*ке-матер стакла, ги платив прилично скапо, но никогаш не се навикнав целосно на нив. Леќите си ги земав од Vizus неколку пати ама после ги најдов од Германија за упола цена, па сега ми праќаат на 6 месеци сет.

    Така да, оди на неколку офталмолози чисто за да си сигурен во диоптрија и сл., и после во оптика.
     
    На koki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,512
    25,581
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Пиши ми ПП и ти и сите што имате потреба од оптички помагала на Форумов. ;)
     
    koki, omegaRED, goce03 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. koki

    koki
    Gaining Experience

    252
    133
    3 Март 2010
    Му благодарам на @Fatal1ty_ за помошта и за попустот. Го напраивме најдобриот избор....
    Благодарам уште еднаш.
     
  5. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,512
    25,581
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Со здравие да си ги носиш. И за 6 месеца на контрола ;)
     
  6. kolesk

    kolesk
    Gaining Experience

    118
    96
    6 Февруари 2016
    Машко
    Да не отварам нова тема.
    Препорачајте офталмолог (да ми измерат диоптрија и пропратни мерења) во Скопје, а потоа оптика да ги изработат?
    Со матични лекари, се чека месец дена.
     
  7. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    613
    343
    9 Февруари 2008
    Ристовски е добар и оптика изработуваат http://www.ristovski.mk/ Кај Ристовски прв слободен тремин беше по месец дена јас кога закажував
    И европска болница Европска Очна Болница се добри. Кај нив не ми текнува колку време се чека. Ама не знам дали изработуваат оптика они. Не мора да ти е битно ова, можеш во било која продавница оптика да ти направат. Повеќе избор на рамки имаат продавниците отколку болниците
     
    На kolesk му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...