1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог за нов монитор?

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од ETXXX, 2 Јули 2012.

  1. ETXXX

    ETXXX
    Intern

    15
    1
    2 Јули 2012
    Машко
    Би сакал да знам што е подобро Philips , BenQ ili Samsung ? Сакам да земам 19'' wide..само кој од овие 3 брендови ? Инаку играм професионално веќе 7-8год. кантер-страјк па ќе ви значи оти ќе ми посочите кој од овие 3 е така средно нешто..да е добар и за гејминг и онака да не болат очи и слично и бидејќи не се разбирам околу тие спецификации за мониторите да ми објасните што е тоа пр. 5мс..5 000 000:1..осветленост и сл.:) И ќе ми значи доколку ми кажете кој монитор колку херци би подржувал од зависнот на резолуцијата ако можете да одредите или ако се знае..бидејќи и онака јас ќе ставам 4:3 на мониторот ми треба за кантер само дали се става на таа резолуција што е соодветна за мониторот или на 1024х768..до сега кога имам одено по турнири таму-ваму си местев секогаш на 1024х768 4:3..само не гледав колку херци ке имам..мислам дека 75..:)

    Фала однапред , Поздрав :D
     
  2. tomi

    tomi
    Guru

    9,868
    9,113
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Добредојде, пошто "професионално" играш кантер ке ти препорачам да си останеш на CRT монитор за да имаш надобар респонст тајм. Се друго ке имаш каснење во слика. Моментално најдобра солуција е да си земеш нешто од фирмите на 1.LG 2.Samsung 3.Benq. Овие три марки ти ги посочувам како моментално најдобри кај нас на пазарот. Бегај од Philips имам лошо искуство со нив. Доколку се решиш да зимаш земи обавезно LED IPS. иначе тоа 5мс е каснењето на сликата во играта.
     
    ETXXX, gOJDO и на psyside им се допаѓа ова.
  3. tomi

    tomi
    Guru

    9,868
    9,113
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,838
    24,971
    4 Септември 2008
    Само CRT, или некој асален гејмерски монитор со overdrive или пак 120hz.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Astro

    Astro
    Guru

    6,035
    8,177
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    21 век сме.

    За играње кантерстрајк работа ќе ти заврши било кој монитор кој можеш да го најдеш со 8ms response тајм или помалку без никакво доцнење на сликата. За да нема доцнење во сликата најбитно е да имаш добар компјутер и многу фрејмови во секунда. Исто така IPS монитор е overkill, доволно е обичен TN panel Монитор да си земеш. Помеѓу Самсунг, Бенк и Филипс би рекол само Самсунг или евентуално LG ако ти се погоди. Кај нив имаш опција за стеснување на сликата на 4:3.
     
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,440
    11,039
    23 Јануари 2008
    Манга
    Кантер е многу динамична игра која бара огромен фрејм-рејт и профи дисплеј за добро гејмерско искуство.
    Со TN панел со декларирани 8ms gray to gray риспонс тајм ќе гледа 60 неправилно распределени матни фрејмови.
    Било кој CRT е драстично подобра варијанта одошто ефтино LCD ѓубре со TN панел:
    1) Кристално јасна слика
    2) Нема ghost и motion blur ефекти
    3) Сликата не е изобличена без разлика од кој агол ја гледаш
    4) Неспоредливо подобра репродукција на бои
    5) Не си ограничен на 60 матни фрејма
    6) Нема input lag во фрејмовите

    Да не зборам колку е подобар некој средно-класен или CRT кој постигнува 100Hz на 1280x1024 резолуција. Со него може да се рамни само high-end S-IPS LCD со 120Hz и <5ms black to black риспонсс тајм.
    Ниту еден LCD монитор не може да се рамни со high-end/професионален CRT.
     
    На Taurus и tomi им се допаѓа ова.
  7. Astro

    Astro
    Guru

    6,035
    8,177
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Денес не се продаваат TN панели со 8мс туку со 5 или 2 и онака не е битно бидејќи разлика нема. Аголот не ти е битен бидејќи седиш пред монитор. Репродукцијата на бои е нерелевантна кога се игра КС а TN панел не е баш за потценување. Фрејмовите не се матни а инпут лаг од каде?

    Сите сме играле КС на никакви ЛЦД екрани, ајде да се потсетиме дали сме мислеле тогаш на TN ili IPS дали било подобро или не? Секако не.
     
  8. AlexanderMK

    AlexanderMK
    Practice makes perfect

    1,144
    1,787
    19 Мај 2011
    Машко
    Може аголот не е толку битен за некои личности дека се седи пред монитор ама ај пушти ја сликава во фул скрин на ТН панел ;)

    [​IMG]
    Горниот дел ќе има една боја додека долниот дел друга :D
     
    На gOJDO и ETXXX им се допаѓа ова.
  9. Astro

    Astro
    Guru

    6,035
    8,177
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Градиент се забележува само на агол горе-доле ако очна точка ти е долниот или горниот раб на мониторот. МОментално на BenQ 19" G900WA
     
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,440
    11,039
    23 Јануари 2008
    Манга
    Секако, со уште подобар маркетинг ќе почнат да продаваат и TN панели со негативен -2ms или -5ms риспонс тајм...
    За жал или за среќа, маркетиншки декларираните бројки немаат врска со реалноста...
    Тие 2, 5 и 8ms кои ги споменуваш се gray to gray и практично се небитна информации за перформансите на панелот. Black to black е оној кој има значење за перформансите. 2ms gray to gray може да има и над 10ms black to black reponse time...А 8ms gray 2 gray може да има и 30ms black to black...

    Затоа и таквите монитори прават ghost и motion blur ефекти...
    CRT има 0ms...

    Не е битен кога седиш пред CRT, битен е кога седиш пред LCD со TN панел. Ако не си наместен централно на одредено растојание од него тогаш делови од сликата ќе бидат засенети.

    Кај CRT е сеедно на која далечина и под кој агол ќе гледаш. Нема никакво засенување.

    TN дисплеите имаат најлоша репродукција на бои од сите дисплеи кои постојат на планетава.
    Главни недостатоци на тоа поле се:
    1) Можат да прикажат само 18bit color (6bit по RGB компонента) од 24bit (true color) информациите испратени од графичките карти
    2) Неможат да репродуцираат црна боја. Црната секогаш е темно сива нијанса
    3) Засенувањето прави дополнителни изобличувања на сликата, па така и боите се поразлични.
    За разлика од TN, CRT:
    1) Не само што прикажува true color туку може да прикаже практично бесконечен спектар на бои
    2) Репродуцира чиста црна боја
    3) Нема засенување кое дополнително ја изобличува сликата.

    Фрејмовите се матни поради некадарноста на панелот да го смрачи претходно прикажаниот фрејм. Во континуирана анимација се јавува motion blur, а во промена на слика/сцена се јавува ghost ефект.
    Инпут лагот е благодарение на огромниот, black to black риспонс тајм. На пример срање со 8ms gray to gray има 25ms black to black. Тие 25ms се input lag.
     
    Taurus, ETXXX, Astro и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. Astro

    Astro
    Guru

    6,035
    8,177
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јасно. Мада при гејминг инпут лагот и гоуст што велиш јас неможам да ги забележам воопшто на монитор Самсунг P2250
     
    На ETXXX му/ѝ се допаѓа ова.
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,838
    24,971
    4 Септември 2008
    Другар, фер момак си нема муабет, и доста коректен по темите за тоа нема збор, те почитувам како таков член, ама постов ти е од а до ш погрешен.

    Нема да навлагам во детали бидејќи Гојдо веќе го кажа поголемиот дел, само ќе ти истакнам една работа која е позната кај пошироката маса на луѓето, а тоа е дека аголоот на гледање е битен само кога не седиш диреткно пред мониторот, ова е толку голем мит и невистина што просто неможам да поверувам колку се сопственците на панели од TN типот неспособни да увидат дека горниот дел од мониторот е секогаш посветол или потемен од долниот, истото важи и за самите страни на аглите на панелот. Ова се работи кои не ми е јасно како не ги приметувате, нема врска дали не те интересира тој факт или не ти е приоритет да имаш добар панел.
     
    На AlexanderMK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ETXXX

    ETXXX
    Intern

    15
    1
    2 Јули 2012
    Машко
    Значи дефинитвно да одам сега да погледнам некој Самсунг или евентуално ЛГ ако има некој така подобар , а еве пр. описи за некои монитори меѓу кои се двоумам што да купам.. :

    1)Acer V193 HQL 19" LED
    Големина: 19” (~47cm) Widescreen 16:9
    Контраст: 12000000:1
    Осветленост: 250 cd/m2
    Време на одговор: 5ms
    Максимална резолуција: 1366x768
    Интерфејс: analog (VGA)
    2)SAMSUNG LS19B150NS
    •18.5" LED Монитор (16:9)
    •Резолуција: 1366x768
    •Осветленост: 200cd/m²
    •Контраст 5.000.000:1
    •Време на реакција: 5ms
    •Подршка на боја: 16.7M
    •Приклучок: D-sub (VGA)
    3)LG E1942C-BN
    •18,5" LCD W-LED монитор 16:9
    •Резолуција: 1366x768
    •Осветленост: 200cd/m2
    •Контраст: 5.000.000:1 DFC
    •Време на реакција: 5ms
    •Подржани бои: 16.7M
    •Приклучок D-Sub
    4)LCD SAMSUNG 19" LS19B150NS/EN
    HD Ready LED Display, 1366x768
    Mega Dynamic Contrast
    200 cd/m2, 5ms
    D-Sub
    5)LED SAMSUNG 19" LS19A300NS/EN
    HD LED monitor, 1366x768p
    Mega D.Contrast
    250 cd/m2, 5ms
    D-SUB

    Значи ќе ве молам без додатни објаснувања бидејќи и така не разбирам што дискутирате меѓу вас ..само да ми посочите 2 од овие 5 и јас ќе си одлучам кој ..инаку за КС ми се доволни 75hz .. доволно е smooth..Позз :D
     
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,838
    24,971
    4 Септември 2008
    Купи го најефтинитот и гледај да не биде Samsung, ја би идел на LG-то.
     
  15. Astro

    Astro
    Guru

    6,035
    8,177
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    psyside а има ли разлики во квалитетот кај TN панелите? Има ли панели со различни спецификации како агол на гледање и слично?
    Јас сум забележал дека има и монитори со посветли рабови и понеквалитетни со криви панели. Ама мојот самсунг дома навистина има униформна слика кога седиш пред него и го гледаш. Градиент не се познава ако си во нормална седечка позиција. Исто така ниту моушн блур ниту гоустинг забележувам. Можно ли е да е поквалитетен тој панел од просекот?

    Јас графика не работам и затоа не и ми се битни толку деталите па да морам да имам IPS панел. Но играм игри и до сега не сум забележал проблеми со домашниот самсунг.
    Тоа што го кажувам е субјетивно, немој да ми замеруваш.
     
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,838
    24,971
    4 Септември 2008
    Не не таман работа, да ти замареам за твој став нема теорија, него ме чуди како не приметувате, ваљда е ствар на навика и осетливост.

    А тоа да, има разлика од панел до панел, постојат солидни тн панели, но тоа солдини завршува во ист момент кога ќе имаш со што да го спроедиш твојот монитор.

    Ова знаеш како му доаѓа, класичен македонски синдром, ќе купи некој што рецимо графичка, а од игри само Counter и COD мава, и ќе тврди дека е екстра добра, ама други игри не игра, или пак ќе купат LCD TV од 18.000 37 инчен и викаат дека сликата е TOP, а се знае за таа цена каков TOP се купува, Quart или нешто слично. Ова е исто за сите сегменти, дали е хардвер, дали е облека, дали се звучници, значи страшно генерализирање и самоубедување све што имаат луѓево во државава е топ јас не сум видел еден човек да се пожали :D

    Значи за да увидиш дали нешто е добро и колку треба да се направи соодветен тест, или да имаш со што да го споредиш, е сега тука не влага она "мене ми врши работа" затоа што ваквите корисници ги препорачуваат производите од ниска класа кои ги имаат како да се god send, спроед свој критериум, а не според оној кој можеби го има човекот на кој го препорачуваат, значи абсолутно погрешно.

    Тука доаѓа до негативен ефект, Иначе што се тиче за лична употреба тоа е секако момент во кој никој не смее да навлага нити да убедува некого, ако тебе ти е доволно добро тоа си е ок, само некој да го дигаш во обалци тие производи ако не си доволно навлезен во таа проблематика, секој човек си има свои приоритети и потреби за квалитет, т.е. одредено ниво под кое не би дошол кој никој не смее да ги оспори, зборам општо не се однесува на тебе постов.
     
    На igor_xxxx и Astro им се допаѓа ова.
  17. Astro

    Astro
    Guru

    6,035
    8,177
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Лајк, секако мојата препорака беше кон потребите на ОП. Еве на пример за другарче кој работи web дизајн му препорачав Dell со IPS, го порачавме, плативме унапред, стигна и секако тој е задоволен.

    Тотално разбирам што сакаш да кажеш и јас го делам твоето мислење.
     
  18. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,440
    11,039
    23 Јануари 2008
    Манга
    Тој монитор кој го имаш има од по-брзите TN панели. Има доста поспори од него. Сепак, си ги има недостатоците на TN панелите.
    Работите кои не ги забележуваш ќе ги забележиш при секојдневните работи кога ќе го смениш мониторот со поквалитетен.
    Конкретно јас дома имам стар монитор Samsung T240 24" 16:10 1920x1200 TN 5ms g-to-g, а на работа EIZO Flexscan EV2335W 23" 16:9 1920x1080 S-IPS 6ms. Разликата во квалитетот на слика и видео е преголема за обичен смртник да не ја забележи...
     
    На psyside и Astro им се допаѓа ова.
  19. Astro

    Astro
    Guru

    6,035
    8,177
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    И тоа што викаш, да имам таков монитор и да го користам би забележал разлика...
     
  20. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    Денес со овие цени секој треба да размислува да купи IPS панел освен ако не му треба за на каса во продавница или ако е задоволен дома да гледа на површина голема колку ретровизор на својот десктоп.

    За хард кор гејмери кои учествуваат на турнири евентуално и 120 херцните модели чисто од типот „и тоа да се проба“ но никако не треба да се залажуваме дека тие се супериорни во однос на IPS ако се гледа генералната слика односно да се земат во предвид сите фактори.

    На секој TN монтитор од 22 инчи па нагоре значително се забележува прекршувањето на боите и илуминацијата.

    Дури и низ гејмери веќе претпочитаат IPS наспроти наводно побрзиот TN заради тоа што во мрачни сцени разликите од IPS до ТN знаат да бидат огромни во корист на IPS кој обезбедува поголема константност на приказот и деталите.
     
    igor_xxxx, psyside, gOJDO и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,838
    24,971
    4 Септември 2008
    Најголемиот проблем на TN панелите, прeкршување на: контрастот, црната боја, како и гамата, ова ги прави овие монитори бескорисни во филмовите и игрите кои се правени на темна основа, т.е. се по мрачни, така што освем силуета рецимо во филмовите не гледаш ништо друго - aka ужас! :D
     
    На igor_xxxx му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...