1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог за најтивка механичка тастатура

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од gokica, 22 Април 2015.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    Веќе ми се смачи да чекам Logitech K740 или K800.

    Со ниет сум да направам нарачка од интернет или да тркнам до Србија да си купам една.

    Но сепак пред да го направам тоа ај си викам да ве прашам за совет:

    Која е најтивката механичка тастатура која може да се купи кај нас? Иако знам дека ќе биде далеку погласна од Logitech сепак ќе појдам да ја видам во продавница за да направам разлика па ако е подносливо ќе ја купам.

    Услов е да има дискретно осветлување (млечно бело по можност а не да биде како вселенски брод), да е комфорна, да има нумерички пад и се разбира да е квалитетна. Не ми требаат гејминг функции, тастери и тралалајки т.е. тоа е второстепено.
     
    На goranzoran и Oktar им се допаѓа ова.
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,385
    11,588
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ја нема (веќе) кај нас и не е најтивка, но сите други работи ги исполнува: дискретно млечно бело осветлување (со неколку јачини), комфорна, има нумпад и квалитет.

    По 15 месеци секојдневно користење ни влакно не и` фали, никаде не е изгребана/излупена боја ниту пак нешто е расклатено, си работи како првиот ден. Воопшто не е тивка во споредба со гумичарските и можеби црните/црвените cherry (имав една таква, заборавив која; звукот беше „шуплив“ а со тоа и потивок), а се разбира потивка е од сините cherry.

    За жал, сепак е Logitech. [​IMG]
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    Благодарност. Баш ми се бендиса тастатурчево. Ама логитек веќе западнаа кај нас со присуство во делот на тастатури па не очекувам ако ја нема дека допрва ќе ја донесат.

    Ај кажете ми кои свичеви се најтивки па таква да барам кај нас. Дали има некоја од оние рејзер со бело осветлување?
     
  4. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,719
    2,015
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    Биди претпазлив ако зимаш Razer, во новите модели користат Kailh свичеви наместо Chery. Не скаш да платиш иста цена за тастатурата која од скроро доаѓа со помалку квалитетни компоненти.

    Инаку сите тастатури со Chery свичеви имаат исти каратеристики вклучувајки ја и галамата, соодветно според бојата на вичот. Конкретниов модел од Logitech, а и другите "тивки" механички тастатури имаат "прстени" O-rings и ништо повеке.

    Е сега овие прстенчиња го намалуваат растојанието кое треба да го помине копчето дури да удри до дното па некои луге се жалат дека куцањто им е чудно. најдобро е да пробаш куцање со прстенчиња па после бирај дали ке бараш тивка механичка или со гумени мембрани.

    Што се однесува до тишината сите свичеви се гласи независно од бојата штом ке ги притиснеш до дното. Решението е:
    - престен кој ке го намали звукот при удирање на дното и
    - линеарен свич кој нема клик на средината од патеката додека патува кон дното (black - тешко се притиска, red - лесно се притиска)

    Во било кој дрг случај би се слушал оној клик на средина и силен звук кога ке удриш на дното што не значи дека истиот ке биде неподносливо гласен.

    Погледни го видово за спроедба:

    View: https://youtu.be/3FJPGpwyzOA?t=2m6s

    02:06 е делот каде може да се споредат звуците.
     
    На Costigan_Jr, dejan_str, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,271
    1,718
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    За жал нема тивка механичка тастатура. Јас земав со црвени чери мислејќи дека барем колку толку ќе бидат по тивки но исто е искрено се слуша многу коа куцаш тоа е тоа ... барем дур не измислат некој друг материјал да користат во иднина ...
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    Ништо изгледа не правиме. Баш разгледав по онлајн ценовнициве и нема нешто да ми фати око. Осветлувањето е нападно со црвена, зелена или не знам каква боја. Плус гласноста на механичкиве ме одвраќа од набавка дефинитивно. Ќе одам до ГТЦ па да видам онака фејс ту фејс што и како ама некако сум скептик.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,271
    1,718
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Епа ајде пиши после баш ме интересира што ќе земеш :).
     
    На Bilbiloski и gokica им се допаѓа ова.
  8. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,149
    4,859
    8 Април 2011
    Машко
    Нема тивка механичка тастатура, таа што е најтивка механичка е бајаги погласна но која било мембранска. Така да ако бараш тишина заобиколиги механичките, а ако сакаш прецизност и мерак MX blue за мене се најдобри, тактајл ефектот кај нив е најизразен, најдобар филинг дава, нема шанса да помислиш дали си притиснал добро или не некое копче.
    Е сега, има финта. Ке си земеш со MX blue или еве Браун зависи што повеке сакаш и ке си направиш O rings, со нив нема да имаш голем бамп ефект и со тоа се поприлично се намалува буката (особено ако го погодиш материјалот и дебелината за О рингс, јас направив и гумени и силиконски и мерации).
     
    На Bilbiloski и gokica им се допаѓа ова.
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    Ај ако може некој линк до do it your self О рингс или до продавница во МК каде може да се набават.
     
  10. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,149
    4,859
    8 Април 2011
    Машко
    Mислам дека имам комплет орингс хоум мејд, ке ги побарам по дома и ако ги најдам ке ти ги птатам.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    Фала ти многу. Но прво да купам механичка. Сакам да ја видам АСУС стрикс некако со таа оранж бојата на светло ми е најмалку нападна. Како и да е ќе пишам што сум направил.
     
  12. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,149
    4,859
    8 Април 2011
    Машко
    Jaс имав Coolermaster Quick Fire TK со MX blue и да ти кажам искрено перверзија е, компактна, коска изработка. Погледајги CM , многу добро се скоцкани.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    Да сигурно. Но ако не се лажам тоа нивното осветлување на позадината на копчињата некако очи ќе ми боде навечер. Имав една таква на времето и ми пречеше. Сакам да има само осветлени карактери на копчињата а не и цела позадина.
     
  14. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,149
    4,859
    8 Април 2011
    Машко
    Имаш опција за регулирање на светлината, барем кај мене на ТК имаше, и на најниско тамам беше на вечер со изгасена сијалица.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
    Моментално користам ист модел како на dejan_str, поточно оваа, но за жал веќе подолго време ја нема на залиха (можеш да прашаш дали би можеле да ја донесат). Во поглед на осветлувањето, на најмало ниво воопшто не замара, и само копчињата се осветлени (ако успеам да направам асална фотка во темница, ќе ја пуштам тука), па најверојатно ќе ти одговара. Проблем е што е компактна, не е многу тивка (како што рече Дејан, нема тивка механичка :)), но е потивка од плави свичеви. Мислам дека црни свичеви би биле најтивки (колку што ми звучеле кога сум ги пробал), така да ако има негде на лагер со црни по продавнициве, пробај. Можеш и кафеави да пробаш ако имаш шанса, со О-прстени се прилично тивки (пробав Logitech G710+ во Грција, со кафени свичеви е, самата си има вградено гумички, и беше скоро гласна колку и со гумени свичеви, а до душа и таков филинг даваше при куцање). Оваа со гумички мислам дека би ти ги задоволила сите критериуми, но и таа не е на лагер. Со среќа во потрагата, па пиши што си направил. :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,485
    26 oктомври 2012
    Машко
    Јас ја имам истата тастатура, и вреди дефинитивно за парите. Цена перфоманси е подобра од се што се нуди кај нас, ако се земе предвид дека кај нас се продава за 100$ а на запад е 150$. Така да следната тура очекувам да биде едно 9-10 илјади кај нас. Али не е тивка, кафените свичеви се доста погласни од мембранските. Иако се едни од најтивките механички свичеви. Но ништо прегласно па да смета :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    Немам време деновиве да излезам па да пробам. Требаше и вентилатор да купувам ама вентилатор се сторив.

    Ќе видам нареднава седмица иако многу е веројатно дека ќе порачувам Logitech K740 или K800 од ибеј или не знам од каде.

    Шарав по форуми колку можев деновиве но едноставно сите кажуваат дека единствена маана на сите механички е буката. Орингс односно да модувам нешто што сум купил ново не ми се прави мерак.

    А гласна тастатура па макар и била најдобра на светот не ми брка работа. Куцам (со тешка рака) доцна по ноќи и не сакам да будам се околу мене.
     
  18. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,485
    26 oктомври 2012
    Машко
    Мене досега моиве што спијат во другата соба до мене, не ми се побуниле ниеднаш за гласноста. А за во иста соба, сигурно ќе смета. Ама во таа ситуација и мембранската ќе смета, освен некој ултра тивок модел. Пробај на лице место и види, мене лично буката ми прави мерак. Ми дава некој убав милозвучен профи впечаток.
    Ако не си користел механичка досега, знај дека еднаш чим ќе почнеш на нејзе, мембранските ќе ти бидат ужасни, и нема да сакаш никогаш во живот да ги видиш. Единствено scissor свичевите се малце поарни ( оние во лаптопите ), односно некаде се измеѓу обичните гумени и механичките, и мислам дека се задоволувачки.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    Работата е што јас навечер најчесто куцкам во спална и не ми се седи во работна соба само заради тастатурата.

    Инаку јас всушност веќе имам Logitech К740 која е со scissor свичеви и е најдобрата и најтивката тастатура која сум ја користел. Но детево ми скрши едно од копчињата и сега не ми прави мерак. А и веќе има 3-4 години па си викам дека е време да се замени ионака.

    Зедов и K750 Solar ама не е осветлена и сепак е далеку од К740 па не ми брка работа.

    Муабетот ми е дека точно знам зошто Logitech К740 или К800 би ми одговарала најмногу.

    Механичките се идеални за куцање. Сум пробал кај другар корсеир венџенс и се воодушевив. Не забележав некоја страшна бука ама не ни посветив внимание. Сепак не би ризикувал и би сакал да си одам на сигурно.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    На TylerMkD, Bilbiloski, Војвода и уште 5 други им се допаѓа ова.
  21. Bilbiloski

    Bilbiloski
    Intern

    23
    3
    12 Април 2015
    Машко
    Што викате другари, да си купам од ибеј механичка или па од тука, свиднав една во сеттек тастатура со blue switches, имаше и со brown, и тие ми правеа мерак, али мене ке ми треба почесто за играње а и сакам да бидат меки на стискање па затоа некако се двоумам меѓу овие две или red cherry а таква досега не најдов :/ плус ми се свиѓа што се по мали, несакам од оние тастатури големи гломазни. Плиз фор адвајс! :)
     
  22. Bilbiloski

    Bilbiloski
    Intern

    23
    3
    12 Април 2015
    Машко
    Дали да си почекам да донесе некој по дуќаниве red или па да си купам од ибеј, само незнам колку царина ќе му дојде, да не испадне ѓаол и пол :/
     
  23. gokica

    gokica
    Модератор

    8,471
    10,462
    13 Јуни 2009
    За царини и такви ствари не знам ама ќе пишам штом стигне мојава.

    Во однос на свичевите исто не знам. Станува збор за преференци претпоставувам.

    За дали да купиш од ибеј или од тука повторно зависи дали има тука нешто што ти одговара. Јас лично никогаш нема да се двеумам па макар и да е поскапо ако го има во нашите продавници да си го купам од тука. Ем гаранција, ем ако има фабричка фалинка веднаш може да ја заменам. Ибеј секогаш е мачка во вреќа и знае да биде супер зделка ама и макотрпно патешествие.
     
    На Bilbiloski му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,485
    26 oктомври 2012
    Машко
    Чим ти се допаѓаат плавите и кафените, не верувам дека другиве ќе ти се допаднат, пошто се различни. Тебе ти се допаѓа фидбекот, кој црвените и црните го немаат и некако безвезе е филингот. :)
     
    На Bilbiloski му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Bilbiloski

    Bilbiloski
    Intern

    23
    3
    12 Април 2015
    Машко
    Ви благодарам премногу со коментариве, многу ми олеснавте! :) Гокица би те замолим да пишиш во однос на царините и тие работи па и ние нубовиве нешто плус да знаеме :p
     
Слични теми
  1. Karamba
    Одговори:
    48
    Прегледи:
    2,822
  2. dejan_str
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    821
  3. dangthe
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    3,143
  4. gokica
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    1,043
  5. tupacan
    Одговори:
    49
    Прегледи:
    3,093
Вчитување...

Сподели

Вчитување...