1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог за куќиште и кулер

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од fuzzjaw, 13 Мај 2020.

  1. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,333
    2,096
    13 Јануари 2014
    Машко
    Планирам во наредниов период да ја преместам конфигурацијава во ново куќиште и да го сменам сток кулерот на процесорот. Се работи за ATX плоча, значи mid-tower куќиште, и заклучен процесор (i7-4790), значи нема клокање.

    Во моментов го меркам be quiet! Pure Base 500, без прозорец од страна, го имаат во Нексио по цена од 4,280 денари, што и би ми бил максимален буџет, плус минус. Работи кои ми се битни кај куќиштето:
    • Едноставен изглед
    • Да нема стакло/пластика од страна, значи затворено скроз
    • Солиден airflow (во моментов имам 2 case fans, би додал уште еден до два по потреба)
    • Тишина
    Pure Base 500 ги покрива сите работи, иако читам по рецензии дека можда има мал проблем со airflow зошто е затворено напред. Со оглед на тоа дека не го клокам процесорот, мислам дека нема да ми смени многу. Исто така, во моментов имам GTX 1050 Ti, што е прилично компактна, ама сум со намера да одам на GTX 1070 или нешто слично за некое време, и куќиштето би требало да ја собере и неа.

    Покрај ова, би зел и кулер за процесор. Исто од Нексио гледав be quiet! Pure Rock, како и Slim варијантата, иако за процесор кој нема да се клока мислам дека било кое од нив би било и overkill. Буџетот овде е до 2,500 денари. Целта ми е да го сменам stock кулерот и евентуално да ги паднам температурите малку, иако во моментов не надминуваат 70 степени во играње.

    Ако имате сугестии за било која од двете работи, повелете. Однапред фала.
     
  2. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,520
    1,183
    8 Декември 2009
    Куќиштето е одлично, имам склопувано една машина во pure base 600, има бааги проток на воздух, без разлика што е затворено од напред, има ефикасни и тивки вентилатори. Одличен cable менаџмент и сите accessories го прават процесот на билдање во куќаркава едноставен.

    Кулер, би земал некој gammax со уште еден вентилатор pure wings 2 од нексио. Кулерот нема да мора којзнае колку топлина да извади од процесорот, а вентилаторите се тивки секако.

    My 2 cents.
     
    Astro, goce03 и на fuzzjaw им се допаѓа ова.
  3. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    974
    1,703
    20 Јануари 2015
    Машко
    Мој предлог за малку по буџет варјанта која ги исполнува твоите критериумии
    MS Black Window, во моментов го има на групер за 3.600 денари, што е малце поскапо, со оглед на тоа што истото се наоѓаше за 3.000 ден.
    Ги исполнува сите критериуми, без стакло,изолирано(тивко), доаѓа со три тивки вентилатори и контролор за истите.
    Види review подоле :

    За кулер мислам дека ништо повеќе од gammaxx 400 не ти треба, дури и gammaxx 200 е тивок, а во изолирано куќиште воопшто нема да се слуша.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,333
    2,096
    13 Јануари 2014
    Машко
    @Cika @goce03 фала ви на предлозите. И Gammax 400 е опција, со тоа што би додал вентилатор за push-pull конфигурација, веројатно така би дошол околу 2,000.

    За куќиштево, ова MS Black Widow, не ми фати око некако, не знам зошто. Повеќе ми прави мерак Pure Base 500.
     
    На Cika и goce03 им се допаѓа ова.
  5. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,520
    1,183
    8 Декември 2009
    Добра опција, за тишина е подобро два вентилатори на ниски вртежи, отколку еден на високи. Сепак, мислам дека може да го извадиш фабричкиот од gammax, и да ставиш тивок вентилатор од bequiet или nzxt, уште подобро noctua.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,333
    2,096
    13 Јануари 2014
    Машко
    Gammax 400 е 1,350 денари, плус два кулери од be quiet! по околу 900 денари, и веќе сум нешто над 3,000. Од друга страна, be quiet! Pure Rock е 2,280, плус уште еден be quiet! вентилатор излегува иста цена за комплет, само што нема да ми остане фабричкиот од Gammax, што и онака не ми е потребен. Можда и една од овие две комбинации би направил, секако буџетот не е голем проблем.

    Noctua и NZXT се супер, само што мислам дека се скапи за мојава ситуација и немам потреба од нив. Инаку со огромен мерак би ставил NH-D15, ама 5,500 некако мислам дека се многу. Поинаков ќе беше муабетот со отклучен процесор, вака вистина не вреди.
     
  7. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,873
    1,761
    22 oктомври 2012
    Машко
    Ако се одлучиш за Gammaxx-от, прво користи го со оригиналниот вентилатор што оди со него, па види дали воопшто ќе имаш потреба да го менуваш, јас го имам Gammaxx GTE V2 на конфигурацијата од потпис, и ич не се слуша...
     
    fuzzjaw, goce03 и на krashot им се допаѓа ова.
  8. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,873
    1,761
    22 oктомври 2012
    Машко
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,333
    2,096
    13 Јануари 2014
    Машко
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Astro

    Astro
    Guru

    6,684
    9,381
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Пуш пул со два вентилатори е тотално бескорисна работа кај tower cooler, нема никаква функција освен галама. Подобро земи висококвалитетна паста за процесор ќе ти заврши многу повеќе работа.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,704
    2,585
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Ако нема клокање зимај го 212 EVO од темата, таман ќе ти е.
    За куќиште прашај во Нексио ако може да ти најдат Fractal Design од Define серијата без џамови, знам на времето R5 моделот го имав во предвид заради тоа што се тивки (Silence-optimized construction with industrial sound-damped front, top, and side panels), сега гледам отишле на Define 7.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,333
    2,096
    13 Јануари 2014
    Машко
    Push-pull конфигурација ми беше опција со намалени вртежи на вентилаторите, мислам дека два вентилатори на ниски обртаи ќе се потивки од еден на високи, а температурите нема да се сменат. Ќе земам и солидна паста од она што ќе најдам овде веројатно.

    Мислам дека 212 EVO е гласен, заради тоа би го избегнал. Ама пак ќе речам, на крај на месецов ќе купувам па ќе размислам уште еднаш ако не се продаде дотогаш.

    Инаку, Define R5 ми е естетски едно од најубавите куќишта што ги имам видено, и знам дека има одлична изолација. Ќе прашам во Нексио и за таква опција, фала ти. Скроз ги заборавив.
     
    На Astraion му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,333
    2,096
    13 Јануари 2014
    Машко
    Кулер купен, малку читнав рецензии, малку ме боцна огласот што го видов пред некое време, и решив да одам на проверена варијанта. Разлика на idle има десетина степени со сток кулерот, во игри ќе видиме вечер.

    [​IMG]
     
  14. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    638
    367
    5 ноември 2013
    Машко
    Ај сподели баш у игри како се понаша и дали е бучен при големи обртаи
     
  15. 1s3ct0wN

    1s3ct0wN
    Gaining Experience

    205
    149
    18 Септември 2013
    Каков глушец е то, кој модел?
    Испратено од HRY-LX1 преку IT.mk форум апликација
     
  16. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,333
    2,096
    13 Јануари 2014
    Машко
    Logitech MX Master 2S.
     
    На 1s3ct0wN му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,704
    2,585
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Pure Base 500 XD да ти бил лудница. :)



    Сега видов Нексио (фб) го донеле, за 100 евриички. За парите ова куќиште моментално ми е бест бај, дека со него доаѓа РГБ лајт шоу и мрежестите детали.
     
    На MadBuldog му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,333
    2,096
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ова е поновата варијанта со повеќе airflow, RGB и такви работи. Убаво изгледа, ама не ми е мене по мерак.
     
  19. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,333
    2,096
    13 Јануари 2014
    Машко
    После промена на распоредот низ собава, сепак добив можност да ставам куќиште на биро, па решив да одам на естетски поубава солуција. Со ова, си го размислив буџетот уште еднаш, и завршив со NZXT H510i. Иако има вкупно 5 вентилатори (2 intake, 2 exhaust и еден на кулерот од процесорот), потивко е ова горе на биро, отколку што беше старото долу под бирото, така да задоволен сум. Плус имам и супер контрола за сите вентилатори преку NZXT Cam.

    20200527_205801.jpg
     
    Последна промена: 27 Мај 2020
    На claus, Luca Toni, goce03 и уште 12 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...