• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Предлог околу Mac OS

  • Ја почнал/а темата
  • #1

BlueBaron

Gaining Experience
19 јануари 2016
239
206
Скопје
Поздрав дечки, малце долго објаснување ама идемо...

Моментално од факултет не вклучија во еден проект за blockchain + мобилни апликации со германска фирма, поточно во мобилниот дел се работи за iOS со React Native. Меѓутоа, бев наивен и поверував дека React Native би работело и на Linux и нема да ми треба macOS за iOS делот (кога ќе помислам колку многу сум погрешил, ми се смее).

Како и да е, ради проектов кој би траело едно 3 месеци ќе ми биде потребен macOS. Германците ми предложија да побарам од факултето да ми изнајмат таков уред додека трае проектот (ваљда замислија дека нивни стандарди имаме), ама изгледа и тие испаднаа доста наивни. Опцијата да купам Apple уред, барем сега како студент кој не планира долгорочно да куца апликации за Apple екосистемот, одма отпаѓа. Ниту имам желба ниту финансиска можност да си дозволам солиден Mac уред.

Меѓутоа имам две други ... „опции“ и ми треба вашето искуство и предлози. Моментално се снајдов со виртуелна машина и работи macOS Catalina, а моментално се симнува XCode. Меѓутоа имам лаптоп со i3 6-ta генерација и 8ГБ РАМ, така да лаптопов не е предвиден за таква работа. А баш сакав летоска да се обновам поточно со овој модел (ASUS TUF A15 FA506II-AL010 R7-4800H/16GB/512GB SSD/GTX 1650T) кој што според конфигурацијата и новите Ryzen процесори не би требало да има никаков проблем со хендлање на Mac преку виртуелна машина. (Плус пример да се стави уште 16ГБ рам, вкупно 32ГБ)

Другата опција евентуално би било да склопам евтин Hackintosh кој би го користел и после евентуално би ги продал деловите. Најдов нови делови по продавниците кој според tonymacx86 би требало да се компатибилни со Hackintosh (i3-9100, 8GB RAM, Gigabyte B365M mb), и се на се искача околу ~16k денари (а ако можам на старо да ги најдам негде уште поевтино).

Со која опција би иделе вие и зошто?
Фала ви однапред.
 

AfterMaxify

Gaining Experience
18 септември 2012
179
93
Што и да правиш е pain in the ass. Најди некој MacBook Air за 300-400 еур и ќе ти брка работа за Xcode не ти треба ништо повеќе.
Ако си во можност... Hackintosh-и имам правено, и верувај ми ако немаш појма и не си правел до сега, ќе влезеш во еден голем лавиринт кој нема крај. Дури и кога функционира, НЕ функционира...
 

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,659
2,887
Hackintosh не е начин. Ќе се измачиш и со драјвери и со триста други глупости, а на крај дури и да средиш се како што треба, Apple уред со послаб хардвер ќе се понаша подобро од твојот. И јас би ти рекол да одиш на користен Air.
 

Zombie

Gaining Experience
2 октомври 2008
102
91
Јас, исто како тебе, свежо печен студент од прва генерација на ФИНКИ, решив дека сакам да градам кариера како iOS software engineer, ама пуста сиромаштија па морав да користам тоа што имам, што во моментот беше еден Asus лаптоп.
Hackintosh бидна после долги непроспиени ноќи, ама wifi немаше теорија да проработи, а и морав да пишувам custom kext за неколку други ствари да проработат. Кога немаш избор, Hackintosh е боље опција од VM, од очигледни причини - многу е побрзо.
Ама! Ако се одлучиш за оваа опција, обавезно сетирај TimeMachine на некој екстерен диск зошто на секои 4-5 недели ми беше потребен ристор од бекап!
Клучната работа е да не се откажеш, и кога тогаш со многу fine-tuning ќе проработи! Ако имаш пари да купуваш делови за Hackintosh, не се мачи, како што ти предложија, земи на старо Mac mini, или MacBook Air, за тие потреби ќе ти брка работа :)

ПС. fast forward 5 години, маката се исплатеше, среќно вработен у америчка фирма како senior iOS engineer :D
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

BlueBaron

Gaining Experience
19 јануари 2016
239
206
Скопје
Се плашеве од овие одговори искрено ама и ги очекував. Финтата е што, проектов беше презентиран како blockchain. Но голем дел од тоа ќе биде да се адаптира блокчеин мрежата на iOS уред, во принцип iOS делот was shoved down my throat. Инаку, во споритвно како што кажав немав никаква намера (ни имам) да бидам iOS engineer. Има логика тоа, ако имам пари за Hackintosh подобро би било да идам со некој стар MBA. Иако лично, Apple уреди не би купил никогаш од проста причина што неќам да го подржувам ова диктаторско однесување на Apple (иако разбирам зошто го прават тоа), ама чим немам многу избори тоа е.

Значи Хакинтош како опција отпаѓа. Реално ми останува или некој стар МекБоок да земам или ВМ на појака машина. Во лаптопот сега што го имам XCode си функционира, само што очекувано компајлирањето е ептен споро.

Инаку дали познавате некој што продава refurbished Macbooks кај нас?
 

Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1,819
2,729
Струмица
Хекинтош бате, ќе си прочиташ убаво кој хардвер да си го купиш и ќе си избилдаш чудовиште и ич нема да ти е мака дали било Мек или Хек. Драјверите веќе не се проблем, има луѓе кои цело време тестираат и прават чуда со хардвер.

Почни од тука, женава е тотален фрик за Хек:
MORGONAUT – Hackintosh Tutorials, macOS Tutorials, Reviews
YT каналот:
Morgonaut

Цело време се ребрам да инсталирам Хек на мојата машина, сега кога имам слободно SSD 840 Pro, ама никако да седнам, а ме фаќа многу мерак. Колегата дома си работи на Хек со Xcode и нема никакви маки, си работи без проблем стабилно, исто како на Мек.
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,302
1,388
На VMWare работи доста побрзо отколку на Virtualbox, сепак поспоро отколку на хардвер. Ако не мора да имаш во исто време Windows, Linux, Mac, можеш да се обидеш да го партиционираш лаптопот и да ги инсталираш трите во „multiboot“ режим (има повеќе туторијали). Секако се придружувам кон коментарите дека ако хардверот не е соодветно избран, ќе имаш доста главоболки се да проработи за Mac Os. Во најдобар случај ќе ти треба само друга WiFi картичка.
 

dddragan

Gaining Experience
12 август 2014
324
384
Хекинтош бате, ќе си прочиташ убаво кој хардвер да си го купиш и ќе си избилдаш чудовиште и ич нема да ти е мака дали било Мек или Хек. Драјверите веќе не се проблем, има луѓе кои цело време тестираат и прават чуда со хардвер.

Почни од тука, женава е тотален фрик за Хек:
MORGONAUT – Hackintosh Tutorials, macOS Tutorials, Reviews
YT каналот:
Morgonaut

Цело време се ребрам да инсталирам Хек на мојата машина, сега кога имам слободно SSD 840 Pro, ама никако да седнам, а ме фаќа многу мерак. Колегата дома си работи на Хек со Xcode и нема никакви маки, си работи без проблем стабилно, исто како на Мек.
Не е малце глупо да препорачуваш нешто што сам го немаш напраено?
 

wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
950
946
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3700X + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
MSI MPG Gaming PRO Carbon
Storage
Samsung 970 Evo Plus NVMe + HDD 1TB WD EZEX
PSU
NZXT C750
RAM
Corsair Vengeance RGB Pro 64GB
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
Јас сум пробувал Hackintosh ама искрено губење на време е. Слушај паталец. Купи macbook (air/pro) или mini до кај 600-700 евра понов од 2015 навака на старо и ќе го користиш некоја година плус, па понатаму ко ќе почнеш да работиш ќе си купиш нешто друго
 

gargantua

Intern
1 јуни 2019
11
11
Неможам да ти дадам некој конкретен совет, ама имам најдено збирка од информации за hackintosh тука, ако тргнеш по тој пат имај си ја.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

BlueBaron

Gaining Experience
19 јануари 2016
239
206
Скопје
Мал упдате дечки, како прво фала што се потрудивте да помогнете и за сите информации што ми ги дадовте. Македонските партнери што се истотака вклучени во проектов ми излегоа во пресрет така што купија нов МБА што би го користел додека трае проектот, така да голема благодарност до нив.

Од тоа што прочитав, истражував и што го прочитав од вас, сфатив дека единствена реална опција е да се земе некој Mac уред. Хакинтош е губење време кој што е драгоцено за девелопери и под вакви околности, но би бил интересен хоби проект за тие што имаат време. VM е реална опција само доколку се користи прилично beefy PC за тоа, предпоставувам дека поновите Ryzen би биле бомбона за таков workload.

А сега да проверам зошто машинчево кошта 1000 евра. :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,987
Мислења
854,280
Членови
29,626
Најнов член
dzihat0
На врв Дно