• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Предлог напојување

  • Ја почнал/а темата
  • #1

TheGamerTeacher

Gaining Experience
9 декември 2016
126
67
Крушевo
Во претходниот пост кажав дека ми рикна напојувањето и сега логичен чекор е замена.

Малку се оддалечив од следење трендови и рецензии и се можно околу компјутерска а технологија, па ако може да ми помогнете околу моќноста на напојувањето?

Најдов некои онлајн калкулатори кои ми покажуваат околу 400-450 вати моќност и сугерираат некое од 500. Ама сигурно сум имал причина што претходно сум ставил 700...

Инаку, следните делови ги имам:

I7 4790k
GTX 970
16gb RAM
1 ssd
1 7200 HDD
Функционирам на 55 инчен телевизор плус 22 интернетен монитор со активност од околу 8 часа дневно просек.


И да, логично би било да заменам исто такво, ама некако не сум во можност тоа да го направам сега, а без компјутер некако не се функционира.
 

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,541
2,536
Можно е да си ставил 700W рачунајќи дека ќе правиш upgrade подоцна? Појак процесор, понова графичка, повеќе RAM, повеќе дискови? Исто, дали е overclock-нат процесорот или не, прави мала разлика.

Според PSU калкулатори, да, безбеден си со 500W, ама јас сепак би одел на нешто појако. Не знам каков ти е буџетот, провери во Нексио дали имаат Riotoro 80+ Gold, сосем солидни беа и не беа прескапи.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

TheGamerTeacher

Gaining Experience
9 декември 2016
126
67
Крушевo
Можно е да си ставил 700W рачунајќи дека ќе правиш upgrade подоцна? Појак процесор, понова графичка, повеќе RAM, повеќе дискови? Исто, дали е overclock-нат процесорот или не, прави мала разлика.

Според PSU калкулатори, да, безбеден си со 500W, ама јас сепак би одел на нешто појако. Не знам каков ти е буџетот, провери во Нексио дали имаат Riotoro 80+ Gold, сосем солидни беа и не беа прескапи.
Искрено ми треба некој quick fix до наредна плата
Мислењето е автоматски споено:

Половно или ново?цена до колку?
Не би земал старо, само како last resort опција. Буџет немам планирано, Ма претпоставувам ос 1 до 2 и пол илјади некаде.
 

kikomir

Gaining Experience
30 јуни 2015
52
53
Најбитно е до колку пари ти се дава и исто е битно да не земеш било какво туку колку-толку квалитетно напојување. Од искуство кажувам бидејќи мене ми има експлодирано/изгорено едно веќе. Сега имам Riotoro Onyx SM и мислам дека во моментов може да се најде за ОК цена кај нас така да би го препорачал како буџетно напојување.
 

goce03

Practice makes perfect
20 јануари 2015
986
1,685
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4690 & Gammaxx 200T
Motherboard
Gigabyte H81M-DS2
Storage
SSD Kingston Now UV300 120GB /HDD 1TB WD 64MB Caviar Blue
PSU
CM Masterwatt lite 700w
RAM
Patriot DDR3 2x8GB 1600MHz
Video card
Sapphire Nitro+ RX 580 8GB
Case
MS Cyclops V
Monitor
Philips 226V4LAB
OS
Win 7 64 bit
Солидно напојување од околу 550-600w би било доволно за тоа што го имаш и за натамошни надградби.

Не би земал старо, само како last resort опција. Буџет немам планирано, Ма претпоставувам ос 1 до 2 и пол илјади некаде.
Под 3.000 тешко солидно напојување.
Најблизу до буџетот е ова :
CoolerMaster Elite V3 500W - 2,539 Ден.
PSU 550W Deepcool DN550 - 3,190 ден.
Cooler Master MasterWatt Lite 600W - 3,579 Ден.

Од наведениве последното треба да е ок, ако можеш да зголемиш буџет за 1.000-ка.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

TheGamerTeacher

Gaining Experience
9 декември 2016
126
67
Крушевo
Солидно напојување од околу 550-600w би било доволно за тоа што го имаш и за натамошни надградби.



Под 3.000 тешко солидно напојување.
Најблизу до буџетот е ова :
CoolerMaster Elite V3 500W - 2,539 Ден.
PSU 550W Deepcool DN550 - 3,190 ден.
Cooler Master MasterWatt Lite 600W - 3,579 Ден.

Од наведениве последното треба да е ок, ако можеш да зголемиш буџет за 1.000-ка.
Искрено тоа на КулерМастер го пикирав веднаш и најверојатно ќе биде тоа.


Во меѓувреме, најдов од пријател некое 500w, као демек колку да бидам во функција. And guess what? Нема доволно кабли за сите тракатанци ( конкретно фали еден 6 пин кабел за графичката, пошто 970 си бара напојување од два кабли). Претпоставувам нема чаре за тоа, нели?
 

Vlad944

On your way to fame
3 март 2015
351
693
Битола
Нема чаре и подобро нека не ти дават чкљ бренд напојувања па да останеш со телевизоро само.Подобро ти е да си издржиш до наредна плата и да си земеш нешто подобро.Или доколку е нож до коска тогаш CoolerMaster Masterwatt 500.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,570
Мислења
820,757
Членови
28,229
Најнов член
redstone
На врв Дно