1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог монитор IPS (Dell U2412M, Dell S2740L, LG 27EA33V-B)

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од -Ata-, 29 Јули 2013.

  1. -Ata-

    -Ata-
    Gaining Experience

    109
    113
    2 Декември 2010
    Здраво,
    решив да се подновам со IPS монитор, па на крајот некако листата ми се сведе на овие три модели:
    - 24" Dell UltraSharp U2412M LED IPS, 16:10 (http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=3011&pid=12487)
    - 27" Dell S2740L LED IPS (http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=3011&pid=12964)
    - 27" LG 27EA33V-B LED Full HD IPS DVI, HDMI, VGA (http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=3011&pid=12979)

    Со тоа што за последните два модели увидов дека користат ист панел AH-IPS LM270WF5-SLB1
    Намената е примарно за работа со фотографии, а потоа гледање филмови...

    Е сега прашањето е што би била разликата меѓу е-IPS и AH-IPS?
    Дали LG е ок избор со оглед на тоа што се производители на панелите, или да очекувам потешкотии во калибрација на боите?
    Дали TFTcentral е добар извор на информации и дали се коректни понудените ICC профили.
    http://www.tftcentral.co.uk/articles/icc_profiles.htm


    Благодарам за секое споделено искуство, сугестија, помош...
     
  2. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,404
    2,002
    12 Август 2009
    Машко
    24" Dell UltraSharp U2412M
    Јас сум лично против 16/9 а и 27“ со таа резолуција ..... не ја гледам поентата.
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. -Ata-

    -Ata-
    Gaining Experience

    109
    113
    2 Декември 2010
    За да имам увид во односот на димензиите го направив ова (користејки ги официјалните димензии на видното поле на панелот), можеби ќе му се најде на некој кој е во слична дилема:

    [​IMG]
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,860
    4,584
    8 Април 2011
    Машко
    Dell U2412M ти е прекрасен монитор,јас го имам 2312ХМ и презадоволен сум
     
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Појди си во анхоч, нека ти ги пуштат сајд бај сајд ако може и одлучи си.

    ТФТ централ е одличен извор на информации од доверба. Профилите се поставени како референца но секој панел е различен и најдобро е сам да си го калибрираш хардверски ако сакаш најдобри резултати.

    24ката е мат а 27мицита ако не се лажам се глоси и подречави (без антиглер фолија). Ако го користиш мониторчето во затемнета просторија и буљиш во ситни детали во фотографии оди со 24ката. е-IPS според мене е за ситница подобра варијанта од AH-IPS иако генерално нема некои страшни разлики.

    Види ги ривјуата и ќе ти стане јасно дека AH-IPS нуди помалку црна боја при калибриран панел, помал контраст, и поголема девијација во прецизноста на бои. 2412м има панел со повеќе филтри и затоа не пропушта толку светлина. Всушност му треба повеќе светлина за приказот и затоа без антиглер коатинг ќе биде потежок за гледање. AH-IPS може и без коутинг да тера очигледно.

    Сето ова ако не си некој страшен професионалец нема да го забележиш и нема да ти пречи. Разликите се маргинални.

    Сите наведени се добри за парите иако наскоро очекувам да се појават на нашиот пазар мониторчиња со повисока резолуција.

    16:10 е подобар за работа генерално.

    Јас не би го заменил мојот 2412м за 27инчер од овие погоре понудените ама мислам дека тебе те копкаат 27 инчите и мислиш дека добиваш повеќе за парите. Ако е така да си купиш 27 инчи за после да не ти е мака лично тебе.
     
    На -Ata- му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,126
    1,362
    5 Септември 2008
    Машко
    1920x1080 на 27" изгледа смешно. Можеби е топ за филмчиња, ама е ретардирано за работа.
     
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,322
    24,881
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    +1 за U2412M. Ја сго меркам U2312 од дамна али никако пари за него. На есен мој е!
     
    На -Ata- му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,394
    12,525
    2 Август 2012
    Машко
    Јас го имам точно една година а на него се префрлив од TN матрица. Сега откако ми се навикнаа очите сеуште не можам да најдам мана во приказот освен класичниот IPS glow кој не ми смета
    Единствена замерка имам на троа непрецизното* составување но тоа е тоа.

    На некои места има зјаеви помеѓу матрицата и предниот оквир (особено на долниот дел) но тоа не е нешто за паѓање во несвест затоа што треба да ги бараш за да ги видиш.
    Особено задоволство ми е подесувањето по висина. Пивотирањето не го користам ниту пак имам намера

    На нет гледав дека некои модели имаат flickering при 0% Brightness
     
  9. -Ata-

    -Ata-
    Gaining Experience

    109
    113
    2 Декември 2010


    И јас ги чекам тие со поголема резолуција и поразумна цена, но никако да стигнат. Се надевав дека "Touch" диплеите брзо ќе земат замав со Win 8 и очекував овие „обичниве“ да бидат „застарени“ (obsolete), но тоа не се случува така наеднаш...

    Не знам дали вреди да почекам за поефтини со поголема резолуција...
     
  10. -Ata-

    -Ata-
    Gaining Experience

    109
    113
    2 Декември 2010

    Токму така, топ е односот за филмови, без кратење и на цел поголем екран, но колку е лош за работа? Дали форматот е лош или оскудноста на пикселите?

    Реално форматот не ми е некој проблем затоа што 24" 16:10 секако влагаат во големината на 27"...

    Сега пикселите, треба да видам во живо дали се трпат на 27" 1920x1080.
    Математиката е дека имаме отприлика 3x3 pix на mm квадратен.
    Додека пак со резолуција 2560x1440 имаме 4x4 pix на mm квадратен.

    Дали е видна разликата при нормална оддалеченост, тоа треба да се провери...
    Дали некој до сега искусил 27" 1920x1080 ?
     
  11. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,071
    25,358
    4 Септември 2008
    27" 1080p = waste.

    Земи си 24.
     
    На Alucard и -Ata- им се допаѓа ова.
  12. -Ata-

    -Ata-
    Gaining Experience

    109
    113
    2 Декември 2010
    Земено :)

    три работи ми го решија проблемот...
    1. го видов LG-то - видливоста на пикселите ми смета
    2. Dell e супер сработен, одличен квалитет на бои соодветна резолуција и големина за моите потреби + се ротира
    3. дознав кој е сервисот за LG во Мк.

    Фала дечки, ептен ми помогнавте
     
    На Ace Lud, dejan_str, psyside и уште 4 други им се допаѓа ова.
  13. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,394
    12,525
    2 Август 2012
    Машко
    Со здравје да си го служиш. 2412 зеде, така?

    И, како?
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Со здравје да те служи. Одличен избор. Тестирај го на lagom.nl тестот за панели и види како ги поминува тестовите.

    Да.
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  15. -Ata-

    -Ata-
    Gaining Experience

    109
    113
    2 Декември 2010
    Да го зедов моделот 2412м.
    gokica баш сега го правев тестот и одлично поминува сите нијанси се гледаат без проблем со основниот setup од кутија. Го ѕирнав и оној тестот од psyside http://www.drycreekphoto.com/Learn/Calibration/monitor_black.htm
    баш се гледа разлика меѓу сите нијанси...

    Е сега за мој вкус е малку пресветло и ќе треба да ја намалам јачината на светлоста (brightness)


    Иначе го зедов од Vortex, ми дадоа поволна цена.
     
    На Alucard и gokica им се допаѓа ова.
  16. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    483
    176
    8 Март 2012
    Машко
    Одамна не сум купувал монитор. Како стојат овие IPS панелите со мртви пиксели? Се појавуваат ли, ги има ли уште од фабрика произведени?

    Баш заради овие работи не ми се зима монитор ама изгледа ќе мора кај да е имам 19'' не е wide ама гледам дека ми е веќе мал.
     
  17. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,194
    3,499
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Повеќе поштувам 19-ка во 4:3 формат околу widescreen. Вториов ми изгледа мал некако.
     
  18. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    483
    176
    8 Март 2012
    Машко
    Да ок е 4:3 ама кога нема веќе да се купи би одел на 24' монитор. Некако ми се преголеми мониторите со над 24' пошто го гледам на 30цм од мене.
    Затоа ме интересираше се јавуваат ли често мртви пиксели на IPS панеливе.
     
  19. -Ata-

    -Ata-
    Gaining Experience

    109
    113
    2 Декември 2010
    Частам позадина за август со календар, резолуција 1920x1200 ;)

    [​IMG]
     
    uwemi, prichina, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Тури му повеќебојна и поживописна позадина за да те потсетува на можностите кои ги нуди панелот секогаш кога ќе излегуваш на десктоп.
     
  21. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,834
    5,013
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Чак што више повеќе бои има и од природата :D -Ata- добредојде во клубот на корисници на Dell монитори, специфично Dell U2412M , ги има многу :) Пар екселанс, екселенција, господа.
     
    На SlICK и -Ata- им се допаѓа ова.
  22. -Ata-

    -Ata-
    Gaining Experience

    109
    113
    2 Декември 2010
    Не е проблем cе менува тоа со hue ;)
    ја поставив ваква да не одзема внимание
     
  23. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Да, згодна е. Благодарност што ја сподели.

    Ама пробај виножито или ноќна снимка на Сиднеј или на некој огномет како изгледа на десктоп.

    Кај мене имам три јаболка во различна боја и црна позадина како контраст. Не сум пред десктопот сега да ја пуштам но ја има на нет. Има и подобри од неа а суптилни. Не мора да биде џиш.
     
  24. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,394
    12,525
    2 Август 2012
    Машко
    Која ревизија е твојот монитор? (пишува на задната налепница под серискиот број)
     
  25. -Ata-

    -Ata-
    Gaining Experience

    109
    113
    2 Декември 2010
    A00, a што би значело тоа?
     

Сподели

Вчитување...