1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог интернет провајдер

Дискусија во форумот 'Интернет провајдери' започната од Blagojche77, 16 Септември 2018.

  1. Blagojche77

    Blagojche77
    Intern

    9
    0
    23 Декември 2016
    Машко
    Здраво дечки!
    Ми треба совет околу избор на интернет провајдер. Од октомври годинава ќе седам во студентски дом(Гоце Делчев), не ми е потребна брзина и такви ствари доволно е да не биде премногу скап пакетот, па доколку сте имале искуство или доколку знаете некои добри предлози Ве молам споделете.
    Ви благодарам!
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,274
    8,684
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    The-spiki, Blagojche77, goce03 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,777
    1,890
    8 Мај 2007
    Машко
    Подобро да си земете 2-3 цимери добар нет, и да си делите трошоци, него ова 50% попуст до крај на година
     
    На Blagojche77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,113
    676
    2 Мај 2011
    Ко за студенти најдобро е телекабел. Немаш договор и можеш кога сакаш да го откажеш. А за постабилен и побрз јас би идел со Неотел.
     
    На Blagojche77 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Saso PC

    Saso PC
    Gaining Experience

    160
    269
    5 Април 2018
    Машко
    Даваат да ставаш интернет во студенски домови или ти треба 4г.
     
    На Dead Brain и Blagojche77 им се допаѓа ова.
  6. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    556
    326
    5 ноември 2013
    Машко
    Мислам дека сеуште не дозволуваат да си ставиш интернет, мораш само 4г. Така да неотел или вип Друг провајдер не знам
     
    На Blagojche77 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. toplel

    toplel
    On your way to fame

    566
    605
    18 Август 2016
    Машко
    Стави си телекабел, пакетите од Неотел се со договор на една или две години. На неопределено е прескап. Има телекабел 20/20Mbps за 600 на неопределено. Секако плаќаш приклучок 1500 денари на рати или еднократно. Аку плаќаш на рати имај предвид да им кажиш ко ќе го пишат договорот зошто по „default“ е еднократно. Сообраќајот е неограничен.
     
  8. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    556
    326
    5 ноември 2013
    Машко
    Проблемот е од студентскиот дом нема да дозволат да се инсталира опремата од телекабел. Ако има некои промени нека ме поправи некој
     
    На Blagojche77 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. krema

    krema
    Professor

    10,029
    9,654
    24 Јуни 2009
    Машко
    Дали го прочита првиот пост!?

    @Blagojche77
    Не сум сигурен дека може во студентски да се прави кабловски приклучок, распрашај се прво во студентскиот дом исто и кај Телекабел, или евентуално 4G од некој мобилен оператор.
     
    На Blagojche77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Blagojche77

    Blagojche77
    Intern

    9
    0
    23 Декември 2016
    Машко
    Денес се јавив во неотел имале некоја нова понуда за студенти. 9месеци договор 200GB со 10Mbps брзина и цена од 690ден. Ќе го земам тој.
     
  11. krema

    krema
    Professor

    10,029
    9,654
    24 Јуни 2009
    Машко
    Кабел или wireless?
     
  12. Blagojche77

    Blagojche77
    Intern

    9
    0
    23 Декември 2016
    Машко
    Никој нет провајдер не се нафаќа да прави кабловски приклучок во Гоце. Овој е wireless.
     
  13. krema

    krema
    Professor

    10,029
    9,654
    24 Јуни 2009
    Машко
    Така може, инаку студентскиот ќе изгледа на „преплет црева“ :D
     
    На Blagojche77 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,591
    3,591
    12 Јануари 2016
    Машко
    Да не отварам нова тема... Треба да се одлучам за провајдер, ми истекува сегашниов договор со ВИП. Користам економски пакет за 800ден од нет (30/1), ТВ со два ресивери, фиксен телефон со вклучени минути (да, и тоа користат стариве).

    Реонов е Нерези/Карпош 4, какви се искуствата со Телекабел, Неотел?
    Некои сознанија за покривање? Телекабел ги чекам да кажат, кажаа 2 недели им требало за да „истражат“.

    Немам некои посебни побарувања, телевизија и фиксен телефон користат само стариве. Мене ме интересира пред се интернет, просечно симнувам работи па даунлоад лимитот не ми е нешто посебно важен, ретко играм ама латенциите ми се важни за во тие прилики.

    Пред ВИП (Близу), долго време користев Телеком - кај нив никако не се враќам (лични причини, и цена). Со ВИП неривираат проблемите со NAT-ирањето и многу мал upload bandwidth, големи прекини имаат релативно ретко ама кога ги има по цели часови траат. Но не ги исклучувам, сегашниот договор е прилично исплатлив.

    Мислења, совети? :)



    Фала на инпут. Би ги пробал Телекабел, ги чекам да одговорат за покривање. Не ми се допаѓа што се влечкаат вака.

    Од друга страна не сакам да ја пропуштам шансата да го обновам сегашниов договор со ВИП, освен ако не најдам нешто подобро ама воедно и исплатливо.
     
  15. Balanar

    Balanar
    Баниран/a

    1,066
    1,163
    6 Декември 2016
    Машко
    Телекабел (доколку имаат линија до кај тебе) би те коштал 1600 денари месечно од кои:

    1000 денари 40/40 оптика (1500 е еднократен трошок за приклучокот)
    450 денари ТВ претплата за 4 телевизори
    150 денари за фиксен
     
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,591
    3,591
    12 Јануари 2016
    Машко
    Видов на сајтот, немаат пакет понуди. :-/
     
  17. Balanar

    Balanar
    Баниран/a

    1,066
    1,163
    6 Декември 2016
    Машко
    А зошто би ти требал пакет понуди? За поевтино? Секако им е се на една фактура.

    Подобро овака, можеш да исклучуваш поединечни услуги по потреба...
     
  18. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    800
    742
    27 Април 2010
    Машко
    @Lokvan убаво ти кажа @Balanar со телекабел можеш што сакаш да правиш бидејќи ти не склучуваш никаков договор со нив на 2 3 години туку можеш месец за месец и нормално се ќе ти биде на една фактура.Неотел за нерези горе ако правиме муабет последна 57 нагоре незнам дали има тамо неотел но ако има телеком оптичка мрежа може преку нивната бидејќи како што знам почна да се шири нагоре мрежата на телеком оптичка за нерези.
    Бидејќи ти нејќеш да се претплатиш на телеком подобро одма избаци ги од кругот и бркај ги другите провајдери и распрашувај се.Но ако цената ти игра голема улога подобро е и да си ставиш лимит колку би плаќал месечно и така најубаво ќе си одлучиш дали би останал на вип или би се префрлал на друг провајдер.
     
    На Lokvan и Balanar им се допаѓа ова.
  19. Balanar

    Balanar
    Баниран/a

    1,066
    1,163
    6 Декември 2016
    Машко
    Тоа да, се е до лимитот на финансии што би ги одделил за таа намена. И јас сакам 1/1 gbps за по дома, ама...
     
  20. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,591
    3,591
    12 Јануари 2016
    Машко
    @DemoUser jaс сум прилично подолу од последна 57-мица. Во близина има разводна кутија за оптика од Телеком. Ќе прашам во Неотел, само уште кај нив не сум прашал.


    Пошто економскиот аспект е фактор, не гледам како е подобро одделни во однос на пакет услуги. Од пакет услугите се очекува да бидат поефтини, одошто одделните услуги... Во однос на сегашниот пакет од ВИП кој ме кошта 800 денари месечно, со Телеком ќе добијам 40/40 наместо 30/1 нет, телевизиите не знам и нема да се замарам што е различно, и фиксен телефон без вклучени минути (кои реков стариве ги користат, иако имаат мобилни телефони). И сето тоа за дупло повеќе пари... Или варијантата со 20/20 интернет, тогаш би било 800ден. за ВИП во однос на 1200ден. за Телеком, со тоа што правам даунгрејд од 30 на 20 даунлоад бандвит.

    Фала за предлогот, ама пакетот услуги во случајов прави голема разлика.
     
  21. Balanar

    Balanar
    Баниран/a

    1,066
    1,163
    6 Декември 2016
    Машко
    Не прави никаква разлика, најди ми подобра понуда за интернет 40/40, ТВ со 4 приклучоци и фиксен за 1600...
    Или 20/20, ТВ со 4 приклучоци и фиксен за 1200.

    Не постои.

    Да не зборам аспектот дека можеш да ги смениш за 1 ден ако налеташ на подобра понуда од било кој оператор. И оставаат 3 месеци неплатено пред да исклучуваат.
     
    The-spiki, Lokvan и на smole им се допаѓа ова.
  22. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,591
    3,591
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ги гледам сега Неотел: https://neotel.mk/neotrio-50/
    Сегашниов пакет Vip Combo 3 S ми вклучува неограничени минути на фиксен телефон, до сите фиксни телефонски оператори. Што во случајов прави разлика пошто старциве зборат на фиксен телефон. Во однос на другото најголемата разлика се сведува на поголем upload bandwidth.

    Инаку Неотел веднаш ми одговорија, има покривање со оптика кај мене. За разлика од нив Телекабел сега по втор пат се јавив, некоја фуфла кажа не можело така брзо да одговорат - а пред повеќе од недела дена прашав прв пат. Лошо, посебно во ситуација кога треба да се одлучиш да ги користиш како провајдер. Да се праша човек колку ќе чека на интервенција кога ќе биде приклучен... :-/


    Би било убаво некој да каже искуства со Неотел и со Телекабел во Нерези и во Карпош 4 генерално.

    Друга работа, не знам како функционираат работите кога ќе истече договорот. Како на мобилнава телефонија, си продолжува месец за месец по истите услови како во договорот?
     
    На Dead Brain му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,591
    3,591
    12 Јануари 2016
    Машко
    Трета недела, и после неколку јавувања за можност на приклучок од Телекабел нема ништо освен „многу сме зафатени“ на секој повик. После ова „до даљнег“ се ставени на крај од листата, и навистина можеби е подобро што во старт покажуваат каков им е односот кон клиентите. Тек да ги чекав вака за интервенција, кај ќе ми беше крајот. Изгледа не сакаат нови муштерии. Во меѓувреме си останувам на стариот провајдер (ВИП) но месец за месец, не потпишувам нов договор.
     
  24. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,164
    1,794
    13 Јануари 2014
    Машко
    Телекабел ги чекам од 1ви Ноември да проверат дали има оптика кај мене во Дебар Маало. Џабе и досадување и звонење и се. Во Охрид во рок од 24 часа дојдоа и проверија, и истиот ден се вратија за монтажа, ваљда само отидоа да земат опрема и документи за договор.

    А инаку, со Неотел имај на ум дека рекламираните брзини (во случајот со Fiber 50, 50/50 Mbps) им се максимални брзини. Просечната, што е веројатно многу поблиску до онаа што ќе ја добиеш, им е на пола (25/25 Mbps).
     
  25. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,591
    3,591
    12 Јануари 2016
    Машко
    Таа е реалноста овде и нема бегање од тоа, јас ќе си ги држам картите и не ја играм ракава се додека не испадне нешто подобро од сегашниве опции. :)
     

Сподели

Вчитување...