1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог 5.0 или 5.1 home audio

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од yasho, 2 Февруари 2019.

  1. yasho

    yasho
    Gaining Experience

    414
    470
    11 Јануари 2014
    Машко
    Немало да ми влезе чивијата... my ass...

    Ги прошетав дуќаниве, ништо значајно од попустите, ама па ниеден саундбар не ми фати око, ваљда сум old school, повеќе ценам звучник...

    Лонг стори шорт, пазарив еден Denon AVR X1500H, позајмив пар звучници од пријател дур се снајдам, центар и задни од стариот сараунд и пушти глас. Засега звучи одлично, кога ќе пазарам звучници, веројатно и уште поодлично ќе звучи.

    Е сега, функционално, кога ќе го врзам компјутерот преку Денонот (сите врски се HDMI), сликата изгледа различно (полошо) одошто кога е директно врзан на ТВ (ама па преку ТВ звукот ми е само стерео преку HDMI ARC). Резолуција преку ресиверот си е ок, 1080р, 60 Hz, не знам како точно да опишам, како color depth некако да фали, а на 32 бита е. Башка, за да ја дотерам сликата во димензии преку ресиверот, треба на графичката да и подесам малку underscan.
    Најтазе драјвери симнав, немаше ефект.
    Читав нешто по интернет, мењав влезни порти на ресиверот, чачкав по сетинзи, ама слабо фајде.

    Некоја идеја?
     
    brasica, Necromancer и на Oktar им се допаѓа ова.
  2. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    511
    308
    2 Март 2010
    Машко
    Шо телевизор имаш?
     
  3. yasho

    yasho
    Gaining Experience

    414
    470
    11 Јануари 2014
    Машко
  4. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,175
    3,475
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Честито рисиверот и со мерак да си го користиш, вчера бев да ги разгледам, ми пушти чивија :)

    Во врска со сликата, не знам зошто го имаш тој проблем и која графичка ја користиш, кај мене беше океј преку рисивер сликата како на интел графичка, така и на енвидиа. Пробај евентуално со друг кабел, да не е до него.
     
    На yasho му/ѝ се допаѓа ова.
  5. yasho

    yasho
    Gaining Experience

    414
    470
    11 Јануари 2014
    Машко
    Фала, поубав да си купиш... Ми текна и мене за кабелот, ама утре ќе купам еден нов, да пробам.
    Иначе, Radeon HD6850 имам на тој компјутер, баш ќе пробам со Интеловата како е, ич не ми текна на тоа, како за проба
     
  6. yasho

    yasho
    Gaining Experience

    414
    470
    11 Јануари 2014
    Машко
    пост под пост, ама тоа е...

    Update: не е до графичката, и со Интеловатa е иста сликата... не e ни до HDMI кабелот, со сите комбции на HDMI кабли кои ги најдов по дома, нема разлика...

    Испадна дека проблемот е уствари на HDMI релацијата Denon AVR - LG TV. Од некоја причина, на прво приклучување на HDMI port X, Денонот, ничим изазван, ги тера на максимум сетинзите за слика на ЛГ телевизорот за конкретниот порт... contrast, Tint, Colour temperature, Noice reduction, Dynamic contrast, gamut... ма сите... ги вратив рачно на вредностите што треба за HDMI-1, се си е ОК... чудно ми е како не успеав да приметам разлика на кабловската, ама па таму нешто не се ни обидував, башка не е статична сликата за да се примети лесно.
    И така...
     
  7. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,123
    8,548
    23 oктомври 2012
    Машко
    Токму таму и влегува чивијата... токму таму... :D :D :D

    Честитки и баш ме радува, или како што еден познаник љуби да каже, баш ме весели твојата одлука. Со тек на време ќе си земеш и звучки и центар (евентуално карпош) и уште повеќе ќе те радува целата "слика". Што се однесува до бојата и сетинзите, трики е малце што сликата сега се штелува на две места и на теве и на рисивер, ама ке се снајдеш, голем си. Сега ти фали да земеш/склепаш некој медиа центар и мрежен сториџ и да баталиш тоа пуштање филмови од персонален сметач.

    П.С. Мислам дека нема да пројде долго време пред да ги земеш звучките.
     
    yasho, Banjifiko и на crash им се допаѓа ова.
  8. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    19
    53
    21 Февруари 2009
    Со здравје да се служи. :) Опасни машини се тие Denon-и.

    Кажи ми, дали има ISF калибрација LG-то?
     
    На yasho му/ѝ се допаѓа ова.
  9. yasho

    yasho
    Gaining Experience

    414
    470
    11 Јануари 2014
    Машко
    Фала, поубаво кај сите ;)

    Колку знам, нема... Старичок модел е, има куп мануелни подесувања на сликата, има и 2 визарди некакви, ама субјективни се скроз... Не би ги нарекол калибрација, иако за 99+% од корисниците веројатно се повеќе од доволно ..
     
  10. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    851
    525
    8 Август 2017
    Машко
    Нз дали има кај нас од тие Саундбарите со ДолбиАтмос, се чинат доста добри во поглед на тоа за ефтини пари да добиеш супер звук како со Сони HT-ST5000 ili Yamaha YSP-5600 Се чини доста супер тоа да можеш да одредиш од каде доаѓа звукот со само еден саундбар.
     
  11. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,123
    8,548
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ова би требало да е добар саундбар, ама тек во Мај ке биде достапен по светов, а кај нас најверојатно... никад.
     
  12. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    511
    308
    2 Март 2010
    Машко
    Пробај на телевизорот кај подесување на формат на сликата избери "Just Scan", најверојатно ти е изберено 16:9 или некој Cinema mod, без дa мењаш на графичката ништо. Кај мене така функционира без проблем, Intel onboard со LG ТВ. Пробај па пиши дали е така ок :)

     
    На InSides и yasho им се допаѓа ова.
  13. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    19
    53
    21 Февруари 2009
    Amski

    Ќе го донесе без проблем - цените им се обично на ниво на европски street price (нешто под MSRP).
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. yasho

    yasho
    Gaining Experience

    414
    470
    11 Јануари 2014
    Машко
    Така и го подесив, иначе со 16:9 треба од графичката scaling да мрдам за да е сликата точна по димензија... Just scan си беше и пред тоа, само не ми падна на памет дека нов уред би гу раздесил сетинзите на слика...
     
  15. InSides

    InSides
    Gaining Experience

    19
    53
    21 Февруари 2009
    Често имаме навика да ги третираме телевизорите (особено flat panel телевизори) како монитори. Си велиш, мапирање е 1:1 на 1920х1080, ќе ја поставиш таа резолуција на PC и на ТВ очекуваш идеално порамнување.

    За жал, најголемиот број на телевизори, уште од почетоците на HDTV процесирање, особено со комбинациите на интерфејси - аналогни (YPbPr) и дигитални (DVI-D, HDMI), се потпираат на комбинации на underscan и overscan за да ја прикажат сликата која производителот мисли дека корисникот ја очекува.

    Тоа најчесто значи кратење на сликата по вертикала за да се избегнат линиите на скенирање на врвот на сликата, што се уште се присутни и во голем дел на дигитални содржини (МаксТВ, тебе те гледам).

    Наједноставен начин за правилно мапирање е активирање на опција за минимален (или никаков скен) на екранот. Се поставува на телевизорот. Кај Sony, опцијата се фика Full Pixel.

    Кај LG, колку што успеав да најдам, се вика Just Scan (како што напишал и @shooter).

    Калибрација секако има од каков и да е тип - мислев конкретно на ISF калибрација за која можеби и можеш да најдеш темплејти кои се појдовна точка - па после можеш да корегираш.

    Панелот мора да го подесиш според твоите лични преференци. Понатаму, рисиверот може да ти даде дополнителни опции (upscaling, color/gamma correction, interlacing/anti-aliasing итн). Во секој случај, би препорачал сите извори да одат во рисиверот, а од рисиверот во телевизорот, и на тој начин можеш полесно да ги усогласиш меѓу себе.
     
    shooter, yasho и на Nikola Sone им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...