Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Правопис и граматика

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.317
5.428
Битола
Има само еден точен одговор тука:
Не очекував воопшто да ја видам првата порака со „Император: Битка за Дината“
После да забележам Доба на Митологии, Црвена Узбуна 2, Тврдина и „Starcraft“.

Би сакал да допринесам за следниве музички дела:
„Донки Конг држава“
View: https://youtu.be/-5rAjOjTGtc?si=bPzX2tz1XCJdCvJm

„Империја Земја“
View: https://youtu.be/lmCeOVNgcIQ?si=UiOcyOuynHDjnz6T

“Црвена Узбуна 3: Востание“
View: https://youtu.be/4G3A_R-BbFU?si=tXe68qDdDEPKfO9U

„Козаци: Назад во Војна“
View: https://youtu.be/rzwjBjY8p-o?si=XpG9PpQqN3YMZs8J

„Пола-живот: Спротивставена сила“
View: https://youtu.be/HUqX3B1-gIU?si=D9HWChsOPlF9c9_E
Рак мозга добив шо ги читав преводиве. Ист муабетот е како Rolling Stones шпанците што ги викаат Las Piedras Rodantes. Едноставно некои работи не се преведуваат. Јас валјда не го поминав цело средно играјќи Црвена Узбуна 3.
 
  • Тажно
Реакции: thrw

thrw

On your way to fame
3 декември 2021
702
576
Има само еден точен одговор тука:

Рак мозга добив шо ги читав преводиве. Ист муабетот е како Rolling Stones шпанците што ги викаат Las Piedras Rodantes. Едноставно некои работи не се преведуваат. Јас валјда не го поминав цело средно играјќи Црвена Узбуна 3.
Ако тие преводи ти се интересни, мило ми е што сум ти го направил моментот интересен.
Ако тие преводи ти сметаат во разбирање на смисловно-зборовниот фонд во Македонскиот јазик, жал ми е што се здобиваш со главоболки читајќи ги.

Ако се водиме по кинематографската-драмско-филмска гранка може да забележиш дека сите земји што не говорат или не се дел од Англосферата ги преведуваат филмовите по нивен постоечки толковен речник дури и да предизвикува неприроден или вештачко-клинички тон кога се збори за некој наслов на филм. Разликата е што поради дупката останата во Македонскиот јазик, тој е предизвикан да се служи со Српско-хрватски/Германски/Турски поими што биле прифатени во секојдневниот јазик. После тие да бидат заменети со Англиски поими или Англизми. Кај обичниот читател што го познава Англискиот јазик ќе се појави непризнавање на тие преводи или извод/варијанта на таа номенклатура.
Пазарот на други региони како Арапските земјии, Русија, Кина, Јужна Америка; во отсуство на превод во нивниот јазик се појавуваат неофицијални измени на видео играта со цел да им се понуди на говорниците можност да ја разберат видео играта. Ако си имал можност да истражуваш измени за некоја од твоите омилени видео игри, би забележил многу често нешто што се вика „Русификатор“, како на пример.
 
Брату многу го иступи а ништо не кажа.

Не се преведуваат сопствени именки. Толку.
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
4.089
4.973
Наслови не се сопствени именки, а наслови треба да се преведуваат и/или адаптираат.

Затоа што напр. во четврток во кинотека ќе го даваат „Сингвахамке: чуева баи“ или 신과함께: 죄와 벌.
 
Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.317
5.428
Битола
Наслови не се сопствени именки, а наслови треба да се преведуваат и/или адаптираат.

Затоа што напр. во четврток во кинотека ќе го даваат „Сингвахамке: чуева баи“ или 신과함께: 죄와 벌.
chrome_XRLUoYc1MA.jpg

Филмот и игрите спаѓаат под уметнички дела.
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
4.089
4.973
Ова не знам каде си го нашол, ама не е точно. Личи како да измешале сопствени именски со користење голема буква.

Именка е збор. Наслови или називи може да содржат именки,, може и да се составени само од именки, но самите тие не се е именки за да бидат сопствени или општи.
 
Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.317
5.428
Битола
Ова не знам каде си го нашол, ама не е точно. Личи како да измешале сопствени именски со користење голема буква.

Именка е збор. Наслови или називи може да содржат именки,, може и да се составени само од именки, но самите тие не се е именки за да бидат сопствени или општи.
Photos_6n1ZN0UFit.jpg

Ви се восхитувам на храброста од газ да зборувате иако немате појма како се работите. Затоа Трамп селјакот победи Америка бидејќи секој неписмен има пристап до компјутер и се чувствува дека е слушнат кога ќе напиши нешто онлајн.

Овој извадок е од учебник по мак. јазик за средно образование од најеминентните научници во струката во нашава земја, вклучувајќи го господин Димитар Пандер, Минова Ѓуркова и Живко Цветковски.

Сопствени именки именуваат единечни предмети, концепти, суштества и се создадено со уметничка вредност влегува тука, вклучувајќи ги и компјутерските игри како најмодерна уметничка форма.

Уникатни поими не се преведуваат. Толку. Во заблуда сте сите водени од теркот на Хрватите коишто преведуваат сѐ од чист инает ништо друго само за да се разликуваат од србите.

„Именка е збор. Наслови или називи може да содржат именки,, може и да се составени само од именки, но самите тие не се е именки за да бидат сопствени или општи.“ — ова не е точно.

Не знаеш да разликуваш ти сѐ уште форма од функција. Именката не е форма, именката е функција, а кон таа функција служат еден ИЛИ ПОВЕЌЕ збора за даден поим.
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
4.089
4.973
Јас кога учев се учеше од граматиката на Конески и таму така беше дефинирана именката.
Сега по Кембриџ и останати селски реформи не знам како ја учите.
Во книгава што си ја сликал последните примери се во контрадикција со горната дефиниција.

Те молам образложи како „Министерство за образование и физичка култура во Владата на Република Македонија“ е именка (збор). Или во насловот „Среќна Нова '49“. И ако е, што се поединечните зборови?

Што се однесува до насловите, да, се преведуваат. Уште од старите грци и кинези па до ден денешен. Од тоа време наслови од книги и драми, сега и од филмови, песни па и видео игри, независно дали се уметнички дела или не.
Во литературата (со тоа и во филмот), особено во детската и фантастичната, се преведуваат или поточно кажано се адаптираат или прилагодуваат и имиња на ликови и топоними (сопствени именки). Нема врска со хрватите.

Кај нас е помодарство да се користат англиските називи и на тоа што треба и на тоа што не треба. Затоа што подобро разбирале така, на македонски смешно звучело.

Толку од мене на оваа тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: thrw

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.351
32.496
roka.mk
Затоа Трамп селјакот победи Америка бидејќи секој неписмен има пристап до компјутер и се чувствува дека е слушнат кога ќе напиши нешто онлајн.
За срце си ме гризнал наставнику со оваа реченица. Тргнав лајкој да ти ставам ама кога видов ова попрскав со темјан мониторот и запалив кандилце да не чува бог сите колективно од „ демократите“ .... амин.
 
Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.317
5.428
Битола
За срце си ме гризнал наставнику со оваа реченица. Тргнав лајкој да ти ставам ама кога видов ова попрскав со темјан мониторот и запалив кандилце да не чува бог сите колективно од „ демократите“ .... амин.
Аполитичен сум. Досега само за народни пејачи гласам на изборите бидејќи е небитно кој дебил ја води државата, а не па туѓи други држави. Тоа настрана, селјак е селјак и преку политички линии.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
48.501
Мислења
995.908
Членови
36.496
Најнов член
Gosha
На врв Дно