• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Правна заштита кон клиент од странство

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Mechanic

Gaining Experience
2 мај 2016
202
91
Како правно лице сме во финални преговори со startup компанија од Англија. Се работи за поголем обем на работа, за кој би требало да дедицираме тим од преку 10 луѓе.

На првичните разговори нивната идеја е дека би не ангажирале од 3-5 години се додека да заврши нивниот проект.

Од тоа што успеав да најдам како информација, а воедно и тоа што го кажаа на состаноците, инвестицијата им доаѓа од повеќе инвеститори (прв пат се упишани во нивниот регистар 2019та, промена на CEO имале во 2020 (втор потписник), во 2021ва веќе започнуваат поактивно.

Она што ме плаши со стартап е наплатата. Не се плашам толку за првите 1-2 фактури (30 денови рок на исплата), колку што се плашам дека може да не извисат понатаму.
Во договорите сигурно ќе стои дека во случај на спор е надлежен одреден суд во Англија, ама може да се сликаме со тоа ако не ни платат 30-50к евра. Прашање дали ќе се исплати и да го тужиме со оглед на цените на тамошните адвокати.

Постојните клиенти ни се од Англија и Ирска и досега не сме се замарале со некаков механизам доколку не ни платат фактура, бидејќи работевме со компании кои постојат на пазарот преку 15 години и се со 400+ вработени, а и не сме имале никаков проблем (доцнења максимум до 15 денови кога има празници/непланирани работи).

Дали постои некаков тип на осигурување кое може да го побараме од нив кон наша страна?

Знам дека кога преговаравме со друг потенцијален клиент требаше да си платиме за professional liability insurance (мислам дека беше околу 2000 долари годишно за до 2милиони), но ова колку што го разбирам ќе ги штити нив од некаква грешка направена од наша страна.

Дали некоја институција кај нас нуди консултации за ваков тип на прашања? (п.с не сме фриленс преку пајонир и сл, туку правно лице и се поминува преку банки/ујп).
 

mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,004
3,728
Да ви плаќаат месечно толку и толку (регулирано со анекс ако се смени износот), со рок до 15ти во месецот, во спротивно камата од 1% на ден по 15тиот ден и привремена суспензија на договорот до добивање на средствата.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Mechanic

Gaining Experience
2 мај 2016
202
91
Да ви плаќаат месечно толку и толку (регулирано со анекс ако се смени износот), со рок до 15ти во месецот, во спротивно камата од 1% на ден по 15тиот ден и привремена суспензија на договорот до добивање на средствата.
Каматата не е решение ако не ти плати или пак пропадне (честа ситуација со стартап, еден од поголемите инвеститори да ја повлече инвестицијата отидоа).

Залудна ти е и суспензијата кога ти мораш да ги платиш луѓето тука, 10 луѓе во ИТ на месечно ниво се 20-30к.
Ако не ти платат 15 денови ќе ги отпуштиш? Немаме други проекти за толку многу луѓе, тие луѓе би биле специјално вработени и ангажирани за тој проект.
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,348
1,445
Да ти депонираат една исплата однапред на сметка на правен субјект во МК, која под клаузула за доспеан долг ќе можеш да ја активираш.
 

ekonomist

On your way to fame
17 јуни 2008
1,098
522
На колкав рок сте договорени да ви плаќаат. Побарајте платежна банкарска гаранција. И консултирај се со твојата банка + адвокат.

Sent from my Poco X3 using Tapatalk
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

Mechanic

Gaining Experience
2 мај 2016
202
91
На колкав рок сте договорени да ви плаќаат. Побарајте платежна банкарска гаранција. И консултирај се со твојата банка + адвокат.

Sent from my Poco X3 using Tapatalk
Сеуште немаме потпишано, начелно треба да биде 30 денови од достава на фактура.
Благодарам, ќе разговараме и за ваква опција.
 

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,631
3,008
Сеуште немаме потпишано, начелно треба да биде 30 денови од достава на фактура.
Благодарам, ќе разговараме и за ваква опција.
Само банкарска гаранција, и/или депозит. За износот пресметајте си вие 1, 2, 3 месеци. А за луѓето (вработените) тоа е, ако немаш работа и потреба, ќе мора да се отпуштат. Или да ги земеш на определено за почеток, или преку агенција за привремени вработувања.

Sent from Телефон using Tapatalk
 

gOJDO

Illuminator
23 јануари 2008
10,291
16,669
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
А за луѓето (вработените) тоа е, ако немаш работа и потреба, ќе мора да се отпуштат. Или да ги земеш на определено за почеток, или преку агенција за привремени вработувања.
или да потпишат бланко спогодба за престанок на работен однос и да ги пријави на неопределено.
 

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,631
3,008
или да потпишат бланко спогодба за престанок на работен однос и да ги пријави на неопределено.
Мрзам такви финти со тие бланко спогодби. Губи работникот многу права. И можат да се злоупотребат. Јас не би потпишал бланко лист никад.

Sent from Телефон using Tapatalk
 

TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
2,697
4,571
TylerMkD's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung 970 Pro NVMe 500GB + Samsung 850 Evo 120GB + EVO 860 250GB
PSU
Cooler Master Silent Pro M2 620W
RAM
Kingston HyperX Fury Black 2 x 16GB
Video card
Asus ROG Strix RTX 3080 O10G
Case
NZXT H500
Mouse
Razer Deathadder
Keyboard
Steelseries Apex M750
Audio
Sony WCH-700
Monitor
Dell U2414H
OS
Win 10 Pro
или да потпишат бланко спогодба за престанок на работен однос и да ги пријави на неопределено.
Зар во МК го прави ова некој и има друг будала што му се потпишува?

А таман нормално идеше темава без вакви „финти“ по кои ни се смее цел нормален свет.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

Mechanic

Gaining Experience
2 мај 2016
202
91
Само банкарска гаранција, и/или депозит. За износот пресметајте си вие 1, 2, 3 месеци. А за луѓето (вработените) тоа е, ако немаш работа и потреба, ќе мора да се отпуштат. Или да ги земеш на определено за почеток, или преку агенција за привремени вработувања.

Sent from Телефон using Tapatalk
Почетниците можеби, сениор не ти доаѓа со ваков договор во никој случај.

или да потпишат бланко спогодба за престанок на работен однос и да ги пријави на неопределено.
Се надевам не си сериозен.


Да не навлегуваме во работни односи, на кратко: не ми е политиката да земам некој и да го избркам по неколку месеци, затоа и се обидувам на секој начин да се заштитам кон клиентот, во најмала рака барем 1 месец да е гарантиран.

Ако веќе мора да се почне со нешто нестабилно и не сакаат да потпишат гаранции, ќе трпи и нивната работа (помалку луѓе од старт, ќе им префрлам сениори од други проекти паралелно по неколку часови и сл).

На крај на денот ќе бараме друг клиент паралелно со овој и да го водат истите вработени со нешто ситно дополнување на нови.
 

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,631
3,008
Почетниците можеби, сениор не ти доаѓа со ваков договор во никој случај.
Е така де, се разбираме. Затоа и дадов неколку опции.
А за другото убаво си кажа. Како што тие бараат договор, услови, тајмлајн итн. од тебе, така и ти барај бар за почеток услови и гаранции од нив.

Sent from Телефон using Tapatalk
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,055
Мислења
861,103
Членови
29,913
Најнов член
Jinzoo
На врв Дно