Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Правило за повеќе од еден акаунт?

Статус
Затворена за нови мислења.

toshex

the fool
18 септември 2013
6.419
8.015
Мелмак
Пошо неколку пати беше прашањево игнорирано од администрација ќе ве молам да посочите каде е наведено правилото дека не смее да се има повеќе од еден акаунт на форум ит мк?

А ако не постои тоа правило ќе ве молам да го одбанирате акаунтот GameRetro кој го креирав да ми стои како brand акаунт.
 
И

Избришан член 42370

Гостин
Јас се приклучувам во дискусијава да прашам, од каде знае администрацијата доколку е креиран дупли акаунт освем ако сам не се искаже членот, и што е проблемот доколку имаш друг кога треба на ново да билдаш репутација и минимум 6 месеци време на форумов за огласи? Знам миниму 3-ца луѓе на форумов со дупли акаунти од времето кога сум зачленат, па ден денес не се банирани а и мислам lowkey администраториве знает за нив така да... а јас нема да ги издадам кој се доколку е обратното.
 

toshex

the fool
18 септември 2013
6.419
8.015
Мелмак
Јас прашувам бидејќи ко шо пишав со тој акаунт кога ме банираа сите правила и други пејџови со упатства ги прочитав 20 пати пред да го креирам, и немаше такво правило. Ги снимив и правилата во ПДФ за да ги имам при рака за споредба ако ги сменат во меѓувреме.
 

Astro

Illuminator
20 јуни 2012
9.660
15.196
Common sense е дека е забрането и безвезно да се има повеќе акаунти.
Ако не беше common sense тогаш секој од нас ќе имаше по неколку имиња и презимиња, па оди после разграничи кој е кој.
 

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
Тоше, или се правиш наудрен или само сакаш да ни го арчиш времето на непотребни објаснувања. Зошто некој би ти дозволил да имаш 2 акаунти? T.е. најди ми еден форум што го дозволува тоа. И огромно благодарам што си ги симнал правилата во ПДФ, баш сега сакав да ги изменам, а да не знаеш.

Еве ти мал хинт.

12. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.

... сакам да кажам, клуч.
 

D

Администратор
31 март 2007
3.965
4.122
www.aqtos.com
Пошо неколку пати беше прашањево игнорирано од администрација ќе ве молам да посочите каде е наведено правилото дека не смее да се има повеќе од еден акаунт на форум ит мк?

А ако не постои тоа правило ќе ве молам да го одбанирате акаунтот GameRetro кој го креирав да ми стои како brand акаунт.

Дупли акаунти не се дозволени, ова е општо прифатливо правило и буквално здрав разум.
Исто како што не се дозволени мал милион други причини кои не се напишани во правилата.

Ако фатиме за се да пишуваме правило, ќе нема крај.

Правилата не се закон и устав тука, правила се, напишани да може да имаме основни начела на однесување, меѓутоа како администрација задржуваме право за други одлуки кои ќе произлезат тековно.

Дополнително, бренд акаунти може да имаат само компании кои се одобрени од администрацијата > Тест фаза: Верификувани компании
 

D

Администратор
31 март 2007
3.965
4.122
www.aqtos.com
Јас се приклучувам во дискусијава да прашам, од каде знае администрацијата доколку е креиран дупли акаунт освем ако сам не се искаже членот, и што е проблемот доколку имаш друг кога треба на ново да билдаш репутација и минимум 6 месеци време на форумов за огласи? Знам миниму 3-ца луѓе на форумов со дупли акаунти од времето кога сум зачленат, па ден денес не се банирани а и мислам lowkey администраториве знает за нив така да... а јас нема да ги издадам кој се доколку е обратното.

Пријави ги слободно.
Проблемот со дупли акаунти е дека ќе се искриви целата слика на една дискусија, ќе има огромен број на манипулации и сл. креативен народ сме на тоа поле.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
48.485
Мислења
995.729
Членови
36.488
Најнов член
Dzoro
На врв Дно