1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проценка Правила за проценка на уред за продажба

Дискусија во форумот 'Продавам' започната од DelphiUser, 18 Јули 2019.

  1. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    908
    959
    2 Март 2011
    Машко
    Се отвораат многу теми за проценка на цена на телефон или комјутерски компонентни, кои се повторливи. Исто така темите се сензитивни, продавачите и купувачите се наоѓаат навредени и најчесто никој не коментира. Затоа мислам дека е редно да имаме правилник за грубо одредување на цената на вишокот на уреди што ги имате за продавање. Следната таблица повеќе се однесува на телефони а можеби ќе се аплицира и на компјутерски компоненти:

    upload_2019-7-18_11-29-32.png


    - цената на нов уред се смета најниската цена на нов уред со гаранција што може да се најде на пазарот.
    - доколку не може да се најде цена на новиот уред во продавница, се наоѓа цена на уред со слични карактеристики.
    - доколку го употребувате телефонот додека го продавате, не е нов, туку стар уред.
    - доколку уредот е физички неочуван или оштетен, цената дополнително се намалува во зависност од штетата и/или поправката.
    - уредот се смета за исправен и функционален. Доколку не е, се наведува дефектот и цената се намалува соодветно.
    - доколку не држи батерија цената се намалува во зависност од цената на батеријата.
    - овие проценки во пракса нема секогаш да важат, односно важат само за телефони и уреди од ниска и средна класа, односно до 600 евра. Скапите уреди (телефони) многу тешко може да ги продадете по оваа таблица за проценка, доколку сакате на пример да продадете нов неотпакуван телефон од 1000 евра нема да успеете да го продадете 900, туку поверојатно е дека ќе го дадете за 700. За овие уреди важи правилото дека нема правило колку ќе го продадете, но нема ни купувачи за овие уреди.
    - имајте во предвид дека наведените цени се ориентациони. Во пракса може нема да ги продадете по овие цени туку по пониски а може и никогаш да не го продадете уредот.
    - пазарот со телефони е презаситен, генерално тешко се продава телефон по регуларни цени.

    Може да се водат дискусии и да се доизмени таблицата во зависност од предлозите во дискусијата.
     
    На Neokhor, maci, farkizz и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. VerifiedUsers Overlay
    Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,493
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Создавањето на цената не е едноставна категорија. Важат многу правила, не само староста и степенот на оштетеност. Тука е разликата од цената на новиот уред, уникатноста на производот, спецификите на производот како на пример некој погоден уред кој иако 3 години стар сеуште парира на новите, условите на продажбата и комбинираната продажба.

    Али океј, со таблицава за телефони генерално се сложувам, само не мислам дека ова ќе го реши проблемот поради кој рече дека ја постираш таблицата. Секој некогаш ќе биде навреден без оглед на се. Меѓутоа тоа е до човекот а не до цената. И не смее да се заборави дека дека ова е форум а не огласник. Ако некому пречи да му ја буткаат цената под замислената тогаш нека огласи на пазар 3. Ова е форум и овде се дискутира. Ако не одговара тогаш може како @gOJDO што прави, цената е фиксна и тоа е тоа.
     
    Neokhor, deki1, RagingDemon и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. salamander

    salamander
    Gaining Experience

    206
    231
    16 ноември 2011
    Машко
    Po ovaa logika tel od 1000 evra za 2 godini ke go prodades za 200?
    Daj nabavi nesto mi otkaza kopceto na tel...
    Nema logika za tie sto prodavaat.

    zz
     
    На Crazy и olikomerc им се допаѓа ова.
  4. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    908
    959
    2 Март 2011
    Машко
    Се сложувам дека постојат и други критериуми за одредувањена цената, не е така едноставно да се одреди цената. Исто така и марката влијае на формирање на цената на уредот, пример Xiaomi држи помала цена од Samsung, Blackview нема ни да продадеш.. Таблицата може да се користи за ориентационо одредување на цената за да се избегнат сите оние непријатни конверзации на тема колку вреди некој телефон, може да се направи пософистицирана таблица доколку има добри предлози.

    350 според таблицата.
     
  5. VerifiedUsers Overlay
    Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,493
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    А што мислеше ти? Животен век на телефон е 2 години у принцип, еве ај да речеме 3. После тоа батерија му откажува, копчиња откажуваат, портови откажуваат.... Тој е предвиден за толку и тоа е тоа. Сигурно дека нема да платиш 500 евра за уред кој знаеш дека ќе го користиш уште година дена. Телефон како телефон си има рок на траење, особено Самсунг на кој екран му се крши како од шала а кошта ѓавол и пол да се смени.
     
  6. VerifiedUsers Overlay
    gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,138
    12,664
    23 Јануари 2008
    Манга
    Убаво си се потрудил да напаравиш некаков концепт, го поздравувам вложениот труд, меѓутоа овој есап нема врска со реалноста. Едноставно цените на пазарот се дефинирани по правилото понуда и побарувачка кое нема врска со ова кое погоре си го пишал. На пример имам дома монитор кој е стар 4 години (од кои година ипол не е воопшто користен, а една година е улучуван по 2-3 часа неделно) кој чинеше 74К денари кога го купив, а сега е над 60К. По твојата логика сега би требало да го продадам за 12-13К, што нема врска со реалната вредност на мониторот. Имав неколку понуди за 40К и повеќе во изминатава година, но не го продадов затоа што не можев да си најдам подобар монитор (согласно мои критериуми). Сега кога би го продавал во никој случај не би го продал под 38K.
     
    На Sukhoi, Astraion, olikomerc и уште 4 други им се допаѓа ова.
  7. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    908
    959
    2 Март 2011
    Машко
    Доколку тој монитор бил работен 4 години, веќе би бил добро изработен и ти радо би му зел 13к. Но како што велиш нема работни часови и тука доаѓа до несогласување на цената. Добра забелешка од твоја страна.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    630
    883
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    за разлика од телефоните, компјутерите немаат толкав напредок и се подолготрајни. Табелава за мобилни е одлична. За електроника и пц ок би било на месеците да има коефициент х2. пример процесор за 2 год би вредел 70% за 4 години 40%
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    908
    959
    2 Март 2011
    Машко
    Moже целосно друга табела за компјутерски компоненти. Како што напоменав првенствено табелава е за телефони.

    Има добра причина зошто компјутерските компоненти не застаруваат толку бргу, тоа се вика Intel. 8 години контролиран развој, од 2ра до 9та генерација само 2.5x побрз процесор, Single Thread едвај 1.5x.
    upload_2019-7-18_15-58-23.png
     
    Последна промена: 18 Јули 2019
    На Astro и Sludge.Factory им се допаѓа ова.
  10. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,012
    536
    12 Април 2017
    Машко
    Па така иде, дури и поефтино во некој случај. Земи ги цените на С7 и С8 како пример. Јас си купив С7 Edge на крај на 2017та за 300 евра - мојот беше малку пооштетен, но одеа за 350-450 евра тогаш.

    Galaxy S8 на старт беше околу 700 евра ако не грешам, моментално е 200-250, така да таман си е листата. 700 * 0.35 = 245

    Мора да спомнам дека не се согласувам со ова. До скоро користев С7 Едге и многу пати е ми паднал, неколку пати од метро, метро и пол. Пукна, да, но претрпе многу падови.
     
    Изменето од модератор: 18 Јули 2019
  11. VerifiedUsers Overlay
    Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,493
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Баш дискутираме со колегиве, не сме виделе самсунг телефон со здрав екран. Секако ова е вулгаризирано, не дека не сме виделе, сме виделе но повеќето самсунзи што ги гледаме се со скршени. Сигурен сум дека многу тука ќе се сложат. Баш се смеевме тројцата на работа како сме дошле до идентичниот заклучок независно.
     
  12. VerifiedUsers Overlay
    gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,138
    12,664
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ни приближно не е изработен па макар и секој ден да сум го користел со саати. Не е ни приближно прецизна табелата од погоре.
     
  13. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,016
    618
    8 Август 2017
    Машко
    Некогаш е и реткоста важен фактор, на пример некои постари матични си држат цена и да се стари и по 10 години.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,193
    621
    9 Мај 2012
    Машко
    Таква цена според таблицата важат за ЕУ пазар ,а не па во МК пазар кое е друга реалност за жал


    Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
     
  15. VerifiedUsers Overlay
    psyside

    psyside
    Rising Star

    25,352
    25,755
    4 Септември 2008
    Ова не докажува ништо, сем тоа дека луѓето се трапави.
     
    Маша, moongose, cipiripi и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    908
    959
    2 Март 2011
    Машко
    Не неколку пати е пишано дека табелата се однесува првенствено за телефони, но немаш прочитано. Може некој да направи таблица за хардвер ако сака, еве ти?
    И не се согласувам дека 4 години користен монитор по 10 саати на ден е здрав, маста му е изваена веќе и може да се расипе секој момент, но може и да си поработи уште некоја година.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  17. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,948
    2,189
    19 Јули 2013
    Во економијата ова се вика амортизациона стапка. За телефони и останата телекомуникациска опрема стапката е 25%. Што значи за 4 години телефонот книговодствено се отпишува - се расходува.
    Горе долу табелата за телефони е во склад со стапката. Нормално секогаш има варијации во зависност од атрактивноста, состојбата, понудата/побарувачката...
     
  18. VerifiedUsers Overlay
    gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,138
    12,664
    23 Јануари 2008
    Манга
    Да, пишува дека е првенствено за телефони, но и за компјутерски делови. Дури и да е само за телефони пак не сум сигурен дека е применлива или барем не за сите брендови. Apple телефоните многу помалку губат на цена во споредба со се останато.


    Не знам од каде ти е муабетов дека секој момент може да се расипе??? Дај едуцирај ме, сакам да научам.
     
    На NecrotoX му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,445
    12,622
    2 Август 2012
    Машко
    Или дека телефонот нема cushion zone од мека пластика па ударот од куќиштето директно се пренесува на стаклото па овој страда и од намал удар или пад.

    Но во суштина си во право. Треба вардење.


    Иначе уредот губи на вредност чим добие газда.
     
  20. VerifiedUsers Overlay
    psyside

    psyside
    Rising Star

    25,352
    25,755
    4 Септември 2008
    Дај еден пример за митов.
     
  21. VerifiedUsers Overlay
    gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,138
    12,664
    23 Јануари 2008
    Манга
    s10+ колку е сега, а колку кога излезе?
     
  22. VerifiedUsers Overlay
    spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,695
    3,075
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Офтопик: ѕирни пп, за асусот шо праевме муабет по телефон...

    Онтопик: факт е дека цениве брзо паѓаат на андроидите, така да табелава горе долу ми е до некаде ок...
     
  23. VerifiedUsers Overlay
    gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,138
    12,664
    23 Јануари 2008
    Манга
    ќе ти пишам утре за цени.

    Инаку поентата ми беше дека апсолутните цени на Apple поспоро паѓаат од се останато. S10+ пред пола година беше 1050 евра, а сега е 650. XS Max пред пола година беше 1050 eвра, а сега е 950.
     
    marv, spiritBreaker и на DaVoRkNe им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. D
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,192
  2. Nethervor
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    822
  3. SiPy`
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    793
  4. temelk4
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    695
  5. dimitars
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    317
Вчитување...

Сподели

Вчитување...