Со цел да се подобри квалитетот на огласите и воедно да нема тролање направени се измени во правилата за секцијата Oгласи.
IТ.mk ќе се обиде на најдобар можен начин да ги заштити своите членови од малверзации и од членови кои не се заинтересирани за ИТ туку само се дојдени да профитираат од ИТ Форум заедницата.
Како и на останатите теми, и за темата Огласи важат Условите за користење на ИТ форум. Дополнително на тие услови и правила, ги истакнуваме посебните правила кои важат за темата Огласи:
Пример за добар наслов
Гаранција - дали производот има важечка гаранција.
Состојба на производот (пропратен со слика).
Кратка спецификација или линк до рецензија.
Задолжително наведете лице и број за контакт (или наведете дека истите ќе ги доставите по приватна порака).
IТ.mk ќе се обиде на најдобар можен начин да ги заштити своите членови од малверзации и од членови кои не се заинтересирани за ИТ туку само се дојдени да профитираат од ИТ Форум заедницата.
Како и на останатите теми, и за темата Огласи важат Условите за користење на ИТ форум. Дополнително на тие услови и правила, ги истакнуваме посебните правила кои важат за темата Огласи:
- За да можете да објавите оглас морате да имате повеќе од 50 мислења, 50 допаднати мислења и да бидете член на форумот повеќе од 6 месеци. Причината заради ова се лошите искуства со несериозни членови.
- Насловите мора да содржат краток опис на прозводот (да не биде само продавам). Не се препорачува додавање на зборови како „итно“ „најефтина понуда“ и.т.н.
Продавам монитор асус ХИТНО!!!
Пример за добар наслов
Продавам монитор Asus vw 195S со гарација.
- Огласите се наменети исклучиво за членовите на форумот и нема да се толерира комерцијална употреба од страна на компании или организации.
- Цената мора да биде наведена, освен ако не се бара проценка на производот. Доколку Барате проценка на некој производ должни сте во насловот да ставите префикс „Проценка“ за сите да знаат дека барате мислење за цената.
- Освен цената во секој оглас е препорачано да има и:




- Забрането е продавање на нелегални работи (пиратерија, оружје, и други нелегални работи согласно законските прописи на РМ), огласувајте исклучиво ИТ производи.
- Коментирањето во темите каде нема наведено дека се бара проценка е забрането.
- Доколку незнаете колку да го продадете, препораката е да ја побарате малопродажната цена и намалете ја за 20-25%, доколку производот е оштетен, стар намалете повеќе.
- Коментирање околу цената е забрането. Ако имате некаква забелешка контактирајте го продавачот по Приватна порака.
- Секоја кавга, навредливи зборови и тролање ќе резултира со 7 дневен бан.
- Огласувачот може да става BUMP, или дополнување на огласот на неколку дена.
- Доколку се продаде можете слободно да пишете Lock или продадено и темата ќе биде затворена.
- Најстрого е забрането вршење услуга (поставување оглас) за членови кои не исполнуват услови за огласување или за трети лица (кои не се членови на форумот). Резултатот ќе биде Бан на 1 година во подфорумот Огласи и за двата члена.
- Во темите проценка, откако продавачот ќе се одлучи за одредена цена, т.е. ќе ја потврди цената по која ќе сака да го продаде продуктот, веќе не смее да се коментира. Во тој момент огласот станува ист како да е со префикс продавам, а не проценка. Коментарите после оформената и финална цена наведена од продавачот, се дозволени како опција само доколку огласувачот се согласи со тоа, и даде дозвола за коментари во неговиот оглас.
- Ако темата е со префикс проценка, подоцна не е дозволено нити задолжително да се преименува во продавам, нити да се бара да се бришат проценки, единствено што ќе се брише се офтопик мислења!
- Огласите кои се постари од 1 година автоматски ќе се бришат.
- Од ноември, 2015-та година, IT.mk воведе статус на проверен огласувач означен со иконата
Последна промена: