1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Правење веб страна за клиент

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од bobipp, 28 Септември 2016.

  1. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    282
    142
    13 ноември 2009
    Можно е наскоро да имам шанса првпат да правам веб страна за клиент. Сакам да ја искористам шансата ако можам ама и не сакам да излажам некого и да му доставам нешто сосема различно од тоа што ќе го одредам на старт. Прашањето ми е кој начин да го користам како за првпат. Ќе набројам неколку точки што мора да се запазат, па вие дадете соодветен одговор.

    1. Не сакам програмирање ни под разно, значи кодирања во пхп, ц++ и остали срања, заборавете. Секоја чест за дечките кои знаат и сакаат тоа да го прават. Слободно нека си наплаќаат поскапо. Знам дека за посериозни проекти мора така да се прават сајтовите али за почетник како мене мислам има и полесен начин.

    2. Едини код кој би го чепкал е хтмл, значи работи поврзани со дизајн како бои, фонтови, хедери, итн.

    3. Имам некои основни познавања од вордпресс. Неколку пати си имам правено тест блогови за мене и мислам дека тука најдобро би се снашол.

    4. Исто во предвид доаѓаат и некои сајт-билдери како weebly на пример. Имам и тука 2 тест страни за мене правено, а гледам од скоро интегрирале и алатки за е-трговија.

    5. Многу веројатно е дека потенцијалниот сајт ќе биде уствари онлајн продавница. Значи мора да ги има сите опции за објавување и купување на производи, плаќање, попусти итн.

    6. Сакам да научам да правам функционален сајт самостојно и секако со помош на google и youtube, а не да се здружувам со други (работа во тим и сл.) кои знаат веројатно и повеќе од мене за веб дизајн така што не би имал контрола што и како се прави, а би морал крајниот резултат, парите и заслугите да ги делам со нив.

    7. Графичкиот дизајн е она што најмногу го сакам и сметам дека добро би ми одело планирањето на визуелниот дел од сајтот, сликите, копчиња, бои итн.

    8. Кој и да биде правецот, колку да планирам време на изработка, колку отприлика да наплатам, дали од проект или од потрошено време (денови, недели)?
    Дали да понудам и полнење со информации на сајтот како би можел да наплатам повеќе?

    9. Како оди на крај префрлањето на сајтот во сопственост на клиентот? Дали да се префрли на негов хостинг на крај, а претходно да се работи дома офлајн, дали од почеток треба да ми го даде хостингот и доменот па директно онлајн да работам итн...?

    10. Ако нешто битно заборавив, додадете :)

    Значи ми требаат совети, кој дел од патот да го фатам, вордпресс или сајт-билдери, за мали, едноставни а функционални страни кои би се користеле за презентирање на фирми и/или евентуално онлајн продавници.
     
    На prichina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,794
    3,263
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    1. веб страни не се прават во C++, незнам од кај ти е таа идеја. PHP и те како ти треба ако сакаш да направиш онлајн продавница, на што ќе обрнам внимание подолу во точките.

    2. тука треба да научиш и css, не само хтмл, w3c schools ти е солидно место за почеток.

    3. вордпрес е добра алатка за микроблогирање. но сепак, постојат и плагини за е-трговија, расчепкај убаво, експериментирај, барај, прашувај.

    4. исто како точка 3, само помалку замарање имаш, но поспецифични барања се наплаќаат.

    5. ако користиш готови сервиси и/или плагини, тогаш студирај го и тој дел.

    6. за ова, потребно ти е, покрај css и html познавања, треба да научиш и бази на податоци(mySQL за почеток, имаш доста туторијали и книги онлајн), серверски ориентиран јазик (php, asp, jsp), јазик за манипулација со елементите на сајтот (javascript, jquery, потоа можеби понапредно од типот на angular, backbone итн). на сето тоа додади и безбедност на сајтот, на базата на податоци и ред други работи. макотрпна работа, не се учи во месец-два сево ова, да не си во заблуда само :)

    7. CSS, во комбинација со jQuery, во зависност од тоа шо сакаш да правиш со страната (image roller-и, accordion-и, анимации-во CSS и/или во jQuery и ред други работи), дали ќе го направиш сајтот респонзивен итн итн итн.

    8. време на изработка зависи од тебе. колку ти се осеќаш спремен, пошто си почетник дај си повеќе време, ама не премногу, или на крај краева дискутирај го тоа и види кои се потребите на клиентот, и дали можеш да го направиш во бараниот од него / предложениот период.

    9. сајтот прво го правиш офлајн, ако нели, користиш локално вордпрес, а миграцијата на продукцискиот сервер (а.к.а. поставување онлајн) е лесно. не се сеќавам баш како идеше промена на сопственоста, можеш да го прашаш чичко гугл на темава, или ако некој скорешно има искуство такво. мое мислење е ипак, ако сајтот не ти е готов локално, нема потреба од купување на домен, освен ако не е некој осетлив и е баран.

    10. прво локално. предлози, прегледи, поправки, додавања, сите тие работи пред да иде на хост. додуше и таму можеш да едитираш, но јас лично преферирам локално да е завршен, пред да се стави горе.

    ако искуството ти е ЕПТЕН мало (а претпоставувам дека е ептен мало), во ова поле, сајтови за презентација и онлајн продавници, за да не се избрукаш уште од почеток, оди со готови билдери, а во меѓувреме учи.
     
    На Luxell, marto, SiPy` и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    282
    142
    13 ноември 2009
    Да и цсс заборавив да спомнам, и до тоа знам нешто не сум тотален нуб.
    Фала за исцрпниот одговор. Ќе почекам уште барем 3-4 мислења пред да оформам конечна одлука.
     
  4. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,393
    6,503
    27 Март 2014
    Според твоите предзнаења мислам дека треба да ја оставиш работава на поискусен што знае однапред како се работи. е-продавница не е едноставна работа, посебно сетирањето околу плаќањето, па мислам дека треба да седнеш и да учиш дома на локалхост првин, па после да земаш посериозна работа како оваа. Извини, ама само без искрен. Во животот имам работено со секаков народ, и добро знам што ке ми направи професионалец, а што аматер. Нема да го плаќам да се учи на мојот сајт еб*го.
     
    Krkac, Taurus, cakii и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. cakii

    cakii
    On your way to fame

    397
    733
    23 Февруари 2011
    Според мене чим си почетник ова ти е голем залак да знаеш. Продавница не е тек така да ја направиш, за прв проект мислам дека треба да направиш некоја поедноставна веб страна, нешто што ќе биде само како каталог со неколку страни или нешто слично, па тек после тоа да се префрлиш на посериозни проекти.
     
  6. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    890
    952
    9 Декември 2015
    Машко
    Ако толку не сакаш да го испуштиш проектот ангажирај некој друг да ја направи за тебе. Веројатно нема да изгубиш пари а можеш само да добиеш. Во меѓувреме пробај да научиш повеќе на оваа тема а и од самиот процес на изработка од тој што ги најмил ќе научиш.
    Не е професионално да договараш работа за нешто што имаш половично или минимално знаење.
     
  7. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    282
    142
    13 ноември 2009
    Свесен сум дека онлајн продавница е сериозна задача а и воопшто правењето било каков сајт не е воопшто лесно без разлика колку е олеснета работата со CMS. Уште сме во најпочетна фаза во комуникациите со клиентот (нема уште доставено design brief), треба уште да видам што ќе бидат барањата па ќе одлучам колкав залак е тоа за мене.
     
  8. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,393
    6,503
    27 Март 2014
    1. Ова ке биде преголем залам за тебе уште од старт ти кажувам. Сигурно клиентот штом плаќа, ке сака да добие финален производ како што доликува. Со првата посериозна задача што ке ти ја даде, ти ке се изгубиш верувај. Затоа седни научи CSS , PHP и MYSQL пошо многу ке ти требаат при шминкање и дотерување на сајтот по вкус на клиентот. Верувај, има толку пицајзли од народ што една боја на дел од темплејт ке те тера да ја смениш по петпати, само тој да види како ке изгледаат сите. Македонче е клето кога треба да му се направи нешто, го имам осетено тоа на мој грб. :)
     
    На StalkeR му/ѝ се допаѓа ова.
  9. stefan_mkd

    stefan_mkd
    Gaining Experience

    429
    243
    18 Март 2015
    Машко
    Македонче било клето зашто сака резулат да види за тоа што плаќа.

    Ти да плаќаш за некоја слична услѕга, како ќе реагираш? Исто претпоставувам, само тогаш нема да биде клето македонче, туку нормален клиенет
     
    На voah и DrMTR им се допаѓа ова.
  10. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,393
    6,503
    27 Март 2014
    не грешка си, македончето е зачително поклето од останатите клиенти, затоа што се чувствува привилегирано пред другите.
     
  11. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    282
    142
    13 ноември 2009
    П.С. Не е македонче клиентот, а и имаме соработка од претходно така да горе-долу ги знам шо луѓе се :rolleyes: и што очекуваат.
     
  12. emet_

    emet_
    Гостин

    Не сакаш програмирање, а сакаш да направиш веб-продавница? Како?

    Овие две работи за тебе не одат, но треба да знаеш дека без познавање на програмски јазик кој се користи во back-end нема теоретски шанси да направиш интернет продавница и тоа меѓу редови значи „веб-апликација“, а не само дизајнот од front-end за кој повеќе ти би сакал да имаш работа.

    Ова можеш да го направиш под услов да најдеш некој што работи во back-end (за php има многу рамки или c# во комбинација со .net) па тебе повторно да ти остане само „предниот“ изглед. Може и така да направиш, работа во тим. ;)
     
  13. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,242
    1,290
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Јас колку што разбрав, авторот на темата сакаше да му најдеме начин/плагин што ќе ги врши сите намени што треба програмерот да ги заврши, но визуелно. Тој само да си клика, драг енд дроп и слични ствари :D мало сутра.
    Искрено целосно се вклопив во идејата што треба да е крајниот производ. Што е ако ти кажам дека јас моментално работам на таква продавница, што веќе година дена (9-10месеци поточно) сам ја развивам и надоградувам и сеуште не е целосно готова. Завршена е околу 80-90%. За цело ова време користам html5, css3, bootstrap, javascript, jquery, php, mysql и такви бљувотини, кои ги знам да речеме 4/5 на ранг скала.
    Колку време тебе би ти било потребно да направиш нешто вакво без познавање на претходно наведените јазици?
     
    Krkac, BazeMK и на DrMTR им се допаѓа ова.
  14. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,116
    682
    2 Мај 2011
    Не се клети Македонците затоа што сакаат многу работи. Тешко ги заработуваме парите па затоа се замараме и гледаме да не пропаднат во празно. Што се за некој Амер 200-300$ да фрли на некоја некова луда идеја ?
     
    На DrMTR и Ragnar им се допаѓа ова.
  15. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,644
    1,430
    27 Јануари 2011
    Машко
  16. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    190
    24 Јануари 2012
    Машко
    1. Секоја чест :)
    2. Сосема доволно.
    3. Не е прашање каде ти најдобро ќе се снајдеш, туку што е најсоодветно на барањата на клиентот.
    4. Мислам дека треба да ги заборавиш нив.
    5. Одлично, поголем сајт повеќе пари.
    6. Не треба да се здружиш со други дизајнери, кога веќе ти мислиш дека можеш да чепкаш html и css. Здружи се со програмер (ако има потреба).
    7. Добро е да знаеш што сакаш :)
    8. Никој тука неможе да ти помогне без детали. Полнење? Па ко немаш друга работа зошто не и тоа.
    9. Работа на договор, а исто е битно дали ќе работиш со партнер или сам.
    10. Заборави ... детали. Ако имаш проектна документација сигурно, ако ништо друго може да ти кажеме со што да работиш - PrestaShop, Opencart, Woocommerce, ... Оние кои имаат искуство со нив знаат врз основа на барањата на клиентот дали треба нешто да се допрограмира (ако треба барај партнер само за тој дел нели), дали може да се помине со евтини модули или нативно се поддржани функционалностите, па цела работа ќе се сведе на техничко средување и дизајн.
     
  17. Can4sta

    Can4sta
    Баниран/a

    308
    333
    19 Јануари 2008
    Овој проект никогаш и нема да заврши, чим се планира на ваков начин.
    Добар предлог ти даде еден член, чим не сакаш да ја пропуштиш шансата, зимај ги парите, и дај му го проектот на друг човек да ја заврши за тебе како што треба, плати му на тој webdeveloperot, зимај твојот дел од парите, и крај на ова работа.
     
  18. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    190
    24 Јануари 2012
    Машко
    А зошто да не работи на дизајн? Тоа вели го знае ... колку ќе сработи толку нека земе - минус девелоперот нели. Да, може да се тегне непотребно, ама па сепак е негов проект и може да проба, а ваљда ќе осети и ќе пресече ако не иде (наместо да го заглави засекогаш).
    Тука поголем проблем би била анализа и естимација отколку самата работа. Нема искуство, а мора да даде понуда ... поголема вројатност има да изгори или претера па изгуби клиент отколку да даде добра цена.
     
  19. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    323
    622
    16 Февруари 2012
    Машко
    Анализа прво па после давање понуда и цена, освен ако немаш комплетна доверба од страна на клиентот па добиеш понуда да работиш на принцип сработен час. Дека ти треба програмер во тимот, како вработен под тебе или како партнер, тоа е сигурно. Ќе се земам себе како пример, работам дизајн и имам познавања од html, css итн... но не се нафаќам да бидам одговорен и за програмерскиот дел на било кој проект. Забораваш една многу битна работа, тоа е сигурност и стабилност, кој ќе биде одговорен за било какви сигурносни пропусти и кој ќе знае да ги отстрани? Посебно за еден многу сериозен проект како веб продавница, проблеми и дополнителни напредни средувања ќе се појават сигурно.

    За да ти помогнам и евентуално да ти олеснам, има решенија и цели системи на Интернет (но сите се со месечни претплати) кои го нудат токму ова што ти го бараш, сите имаат свои добри страни и недостатоци. Само како пример ќе ти го дадам Shopify, кој го користам на неколку проекти, останатите сами истражи ги.

    Поздрав,
    Ивс.
     
    Krkac, pLaToOn и на dimsa им се допаѓа ова.
  20. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,242
    1,290
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Еве конкретно за почетници, што му е потребно ако веќе се одлучи сам да работи... Дури имаш и Download да си ја симнеш и да ја обработиш, но ќе ти треба цела вечност за целиов проект да дојде до некој степен на функционалност. Ти треба база, кај што ќе чуваш, најавен корисник или гостин, кај ќе зачувуваш инфо за корисникот и ред други работи.
    https://www.sanwebe.com/2013/06/creating-simple-shopping-cart-with-php
     
  21. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    635
    1,368
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    Значи друже, ти уште се мислиш во што да му ја работиш страната (си имал некое искуство со weebly, мало познавање на wordpress), а сакаш да започнеш проект "изработка на веб страна". Самото тоа кажува дека ти не си спремен воопшто да почнеш со изработка на сајт, а поготово веб продавница.

    Без разлика дали си соработувал со него (најверојатно биле тоа некои дизајни, бар по муабетов што го сфатив), искрено јас не би се нафатил на оваа работа.

    Би се нафатил само во одреден случај: доколку кешот е добар, па имам да одвојам поголем дел за да најмам некој попрофи. Пример, на upwork можеш да си најдеш профи designer/developer фаци за поефтини пари.

    Мои совети за тебе @bobipp, во склоп на тоа што бараш, се следниве:
    • Седни и научи WordPress. Основно познавање на WordPress (какво што наведуваш дека имаш) и работа со клиенти е еднакво на катастрофа.
    • Купи си некој понормален хостинг, не купувај најефтиното.
    • Купи си некоја профи тема која се нуди на пазаров. Седни научи се за таа тема. Јас веќе 2-3 години работам со иста тема, имам работено/направено преку 30 сајта со една иста тема.
    • Седни и научи бар 50% HTML и CSS. Каква сака профи тема да е, да вика дека нема потреба од кодирање, џабе. МОРАШ да знаеш HTML и CSS.
    • Прогуглај ги најчестите WordPress проблеми, бар да знаеш што те чека во иднина.
    • Обавезно работи со staging site. Јас искрено не преферирам локално, бидејки сакам нонстоп да ми биде онлајн за евентуални проблеми со апдејти на плагини, теми и сл...
    • Доколку сакаш веб продавници, али ова ти е за понатаму откако се претходно ќе совладаш, одбери Woocommerce или Shopify и седни набубај и тоа.
    P.S. Најискрено, без никаков лутиш :), ти не си спремен за оваа работа. Не си спремен ни најобичен портфолио сајт да направиш за некоја компанија. Со мали познавања од ваму-таму, јок работа. Графичкиот дизајн ти бил појаката страна? "Шминката" на сајтот исклучиво се прави во CSS, а ти со мало познавање, пак ќе кажам јок :)
     
    На pLaToOn му/ѝ се допаѓа ова.
  22. goranski

    goranski
    Gaining Experience

    305
    140
    20 Март 2013
    Машко
    дефинитивно препуштија работата на искусни девелопери, (наплати повеќе од клиентот) плус после тоа ке треба одржување измени во код и така натамо. Незнам каков им е планот на твојте клиенти, но за солуција го имаш shopify.com, лесно ќе го совладаш имаш кастомизација на цсс, тимплејти, додатоци па можеш да склопиш дизајн без да се замараш за одржување на бекенд.
     
  23. bobmkd

    bobmkd
    Gaining Experience

    361
    190
    18 ноември 2008
    Машко
    Дали си слушнал за Opencart ? Ако не сакаш програмирање „ни под разно“ ко што наведе, пробај со ова.
    Има фирми во Македонија што работат со Opencart, на пример Укион.
     
  24. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,393
    6,503
    27 Март 2014
    И за тоа, како и секој друг CMS треба одредени предзнаења ! Не го наведувај да се заглави. Колку што ке се снајде во WP девелопмент, толку ке се снајде и во OpenCart. ;)
     
    На l1d0v1c му/ѝ се допаѓа ова.
  25. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    635
    1,368
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    Точно @DrMTR. Цела тема го наведувате на све и свашта, човекот weebly и WordPress чепкал троа малце, па очекуваат OpenCart или Shopify или што и да е.

    Али типична македонска работа. Сите сакаат директорска фотеља, а не се ни квалификувани за чистачи у фирма да работат.

    Абе он треба да го загрее столчето прво најосновното да го научи, па после да му ја мисли за development.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. D
    Одговори:
    316
    Прегледи:
    46,596
  2. gento
    Одговори:
    22
    Прегледи:
    2,332
  3. HijackHacker
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    1,653
  4. Martin Serafimovski
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    877
  5. Hristijan_95
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    1,949
Вчитување...

Сподели

Вчитување...