• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Пратете го вашето име на Месечината

  • Ја почнал/а темата
  • #1

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Пратете го вашето име на Месечината
09.06.2008

Дали некогаш сте сонувале да патувате на Месечината? За жал, тоа засега е привилегија само за неколкумина астронаути и за роботизираните мисии, кои ја истражувале Месечината. Сега имате можност да го пратите своето име во склоп на следната мисија кон Месечината, LRO (Lunar Reconnaissance Orbiter). Па, доколку сакате вашето име да биде запишано на леталото кое ќе кружи околу Месечината, посетете ја следната веб страна... http://lro.jhuapl.edu/NameToMoon/index.php

За тоа колку време ќе ви биде потребно да отпатувате до Месечината, резултатите варираат многу. На LRO ќе му бидат потребни околу 4 дена за да стигне до Месечината, што е нешто повеќе од мисиите на Аполо, во кои беа пратени првите луѓе на Месечината. А, како споредба, на леталото на ЕСА, СМАРТ-1, му беа потребни повеќе од година дена да стигне до Месечината во неговата спирална орбита околу Земјата. Нови Хоризонти, пак, помина покрај Месечината по само 8 часа од неговото лансирање на пат кон Плутон. Мисијата на LRO е планирана да биде лансирана кон крајот на 2008 година, на ракетата Атлас V 401, и ќе трае околу една година.

Добро е што не патуваме со автомобил. :) Според веб страната на LRO, ќе ви бидат потребни 135 дена (тоа е околу 4 ипол месеци) за да стигнете до Месечината ако патувате со брзина од 110 километри на час.




Изгледот на сертификатот, кој го добивате ако го внесете вашето име

LRO е само уште еден чекор кон градење на база на Месечината до 2020 година. Леталото ќе орбитира околу нашиот природен сателит на височина од 50 километри, правејќи глобални истражувања, конструирајќи мапи на температурата на Месечината, правење на фотографии со висока резолуција и мерења на албедото на Месечината. Се разбира, како и секоја планетарна мисија до Месечината и Марс, и LRO ќе бара вода. Многу е веројатно дека Месечината ќе биде првата човечка колонија надвор од Земјата, па многу важно ќе биде да се пронајде локација каде што би имало вода.

Како да ја завршите целата постапка? Одете на следниот линк... http://lro.jhuapl.edu/NameToMoon/index.php Потоа, внесете го своето име и презиме, притиснете на „continue“ и, доколку сакате, симнете си го сертификатот со вашето име.

Се прашувате како вашето име ќе биде однесено на Месечината? Тоа нема да биде напишано на некоја плоча на леталото (иако тоа би било интересно!), туку ќе биде ставено на микрочип, кој ќе биде поврзан со останатите инструменти на леталото. Базата на податоци со имиња ќе биде оставена на леталото за цело време додека трае мисијата, па така секој кој што ќе го внесе своето име на еден интересен начин ќе може да каже дека ја истражува Месечината.

Јас се зачленив, а мојот сертификат може да го видите како фотографија. Пријавувањето трае до 27 јуни 2008 година. Па, се гледаме на LRO!

Мало дополнување: додека барав информации за LRO, најдов уште една мисија на која, исто така, може да го пратите своето име во Вселената. Мисијата се вика Кеплер, и ќе има задача да ги пронајде првите планети со димензии на Земјата околу други ѕвезди во нашата галаксија. При оваа задача има и една плус работа, која што треба да ја напишете. Имаено, треба да напишете неколку реченици, максимум 500 зборови, зошто оваа мисија е важна и кои се најзините предности. Сите тие податоци ќе бидат ставени на ДВД, кое ќе се наоѓа на леталото.

Еве и некои дополнителни причини зошто да го пратите вашето име и на оваа мисија. Вашето име ќе се наоѓа во хелиоцентрична орбита, која ќе ја следи патеката на Земјата, и ќе прави еден круг околу Сонцето за 372,5 дена. Оваа активност се прави во асоцијација со Меѓународната година на астрономијата 2009. Вашето име ќе се наоѓа на леталото, кое веројатно ќе ја открие првата планета со димензии на Земјата, на која што би можело да има живот.



Сертификатот што го добивате ако ги весете своите податоци, кои ќе бидат сместените во сондата Кеплер

Ова е линкот на кој може да ги внесете вашите податоци... http://www.seti.org/kepler/names/ Крајниот рок за пријавување е до 1 ноември 2008 година, а мисијата е планирано да биде лансирана во февруари 2009 година.

Ова е шанса ако не можеме физички, барем на некој друг начин да ја истражуваме Вселената и да кажеме дека мал дел од нас веќе се наоѓа таму некаде помеѓу планетите.

Извор:www.astronomija.com.mk
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
да али зошто само име подобро би било кратка порака

MetalGear was here или I'll be back

no добро име име кој ти го дава
супер идеја
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
Revan :isplashen::isplashen::isplashen:

ај вечер погледни нагоре :p

тоа да но за првиот лет на месечината од страна на американците тоа е измама (првиот чекор на месечината)

но да не дискутираме за тоа

ке се регистрирам повисе у случај да биде сигурно тамо пошто може да не ги ставив свите имиња :rolleyes:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Да да ова е реално имињата се запишуваат на ДВД и се испраќаат заедно со сондата:):)
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
LOOOOOOOOOOL..
@Revan
Какво мислење :)):bravo:
Инаку, тоа било типично за праисторискиот човек.. Тогаш сеуште лугето немале појма за тоа..
Но во секој случај, интересна новост во 21 век.. :LOL:
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
МНОГУ интересно е ова... одма после ќе одам кај комшијата кој има брз интернет да се запишам !!! Можеби моетео име ќе биде прочитано од вонземаљци .. којзнае .. па можеби на гости ќе ми дојдат.. па можеби и јас кај нив ќе одам ..


ама све тоа многу “можеби“:D
 

Dare

Intern
8 април 2007
141
2
Revan :isplashen::isplashen::isplashen:

ај вечер погледни нагоре :p

тоа да но за првиот лет на месечината од страна на американците тоа е измама (првиот чекор на месечината)

но да не дискутираме за тоа

ке се регистрирам повисе у случај да биде сигурно тамо пошто може да не ги ставив свите имиња :rolleyes:
тоа за првиот лет дека не слетале е conspiracy theory, нема реални докази за тоа:p
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
тоа за првиот лет дека не слетале е conspiracy theory, нема реални докази за тоа:p
да сето тоа јас мислам дека е снимано во пустина некада или во студио
имаше едно клипче на тубе како она нели се симнува и сенка доле имаше од рефлектори:))
 

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
А овие рачунаат дека марсовците имаат ДВД плеер, па оп че го стават внатре ДВДто и че не видат сите.

Немој после да не почнат да не тепаат сите по список :p:))
 

Nikol4e

Intern
12 јануари 2008
72
2
Можеби кај нив застарена технологија е DVD,а можеби и веќе се отфрлени од употреба, па мој совет е да го снимат списокот на Blu-Ray Disc
 

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Абе ќе го пратам и после што? Ќе дувне ветер ќе го избрише :p:p
Месечината нема атмосфера, односно нема воздух, ниту дожд и други атмосферски појави. По ова заклучуваме дека на месечината не дува ветер.
 

ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,035
457
Месечината нема атмосфера, односно нема воздух, ниту дожд и други атмосферски појави. По ова заклучуваме дека на месечината не дува ветер.
Како не, не дувало. Вистина дека нема атмосфера, ама тоа не значи дека не дува ветер. Што го дува американското знаме кога прв пат го поставуваат на месечината? Или уште мислите дека тоа е монтажа. Знам дека на месечината дува ветер, ама не ми текнува зашто и кај го прочитав тоа.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,593
Мислења
824,188
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно