1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Прашање за РАМ

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од filipkir, 7 oктомври 2015.

  1. filipkir

    filipkir
    Practice makes perfect

    1,060
    1,361
    17 Јуни 2009
    Машко
    Дечки денеска конечно (по 7 години) решив да си го надградам рамот од 4 гига на 6 гига.
    Досега имав 2 плочки од 2 гига рам од брендот А-дата, двете плочки работеа на фреквенција од 800 MHz. Денеска купив кингстон рам од 2 гига кој истотака работи на 800 МHz. Е сеа имам еден проблем. Кога го инсталирав новиот рам фреквенцијата на рамот ми се намали на 667 MHz. Си помислив дека сум купил по грешка поспор рам што работи на 667 па затоа се успоруваат и старите рам мемории, ама преку еверест се уверив дека и новиот рам работи на 800 мхз.
    Ги споредив стариот со новиот рам и излезе дека имало некоја разлика во тајмингот. Стариот рам беше 5-5-5-15 а новиов е 6-6-6-18. Можно е заради поспориот тајминг фреквенцијата да е намалена на 667 и покрај тоа што сите рам плочки се предвидени да работаат на 800 Mhz.

    Можно е ова да предизвика некаков дефект, или е сосема безопасно што тајмингот им е малце поразличен на рамовиве?

    Ке заборавев да пишам, и покрај тоа што целокупниот рам работеше на 667 мхз, јас решив да го форсирам преку биос да работи на 800 мхз.

    Што мислите вие, да барам ли рам со ист тајминг, или ОК е и вака? Во перформанси немам никакво влошување и се си работи супер.
     
  2. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,755
    7,193
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Ако не вади некаков BSOD или некое успорување при позахтевни апликации, слободно терај, ја така со години терав без проблем. :)
     
    olikomerc, filipkir и на cele_x им се допаѓа ова.
  3. filipkir

    filipkir
    Practice makes perfect

    1,060
    1,361
    17 Јуни 2009
    Машко
    Нема ништо такво, све си функционира супер. Дури направив и тест на рамот преку бутабилен диск за да видам да нема некои errori, и све си помина 100% error free :)
    Сега е све супер, ама страв ми е да не рикне некоја од рам плочките по одредено време поради различниот РАМ-тајминг.
     
  4. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,719
    2,015
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    Ако сакаш да бидеш сигурен дека се е исправно пушти memtest86 нека врти дур не ти здосади пошто што подолго тоа подобро инаку остави го барем 4 часа. Ако нема грешки тогаш слободно терај со 800 MHz 5-5-5-15 на трите плочки.

    Јас обично тестирам по 4 часа
    - Ако нема грешка идам пак на пониска латенција или повисок клок.
    - Ако има грешка се вракам на претходниот сетап и тестирам 12 саати.

    Мометално користам 3 неидентични мемории, две се идентичен пар третата е рашпар со мануелно подесени латенции и фреквенција на еднакви вредности за сите модули и нема никакви проблеми.


    Едит:
    Веке си тестирал, нема везе... Инаку терај слободно со рашпар мемории, ако бараш нова барај барем идентична и не му се плаши дека нешто ке се расипе.
     
    Последна промена: 8 oктомври 2015
    На filipkir му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    804
    712
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Секогаш рам меморијата ќе ти работи на ист такт, што значи нема да имаш никаков проблем.
     
    На filipkir му/ѝ се допаѓа ова.
  6. filipkir

    filipkir
    Practice makes perfect

    1,060
    1,361
    17 Јуни 2009
    Машко
    А да ве прашам. Имав една рам плочка која работеше 1,5 година кај мене без никакви проблеми и по некое време таа плочка почна да ми го рестартира компјутерот. Ја ставив истата таа плочка за која што мислев дека е дефектна на друг компјутер и сега таа плочка си работи нормално на тој компјутер? Можно ли е нешто матичната да ми е дефектна, или пак 2-та слота во која што ја испробав РАМ меморијата да се дефектни?
     
  7. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    804
    712
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Може ради прашина да ти прави проблеми, издувај ја матичната.
     
    На filipkir му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...