• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Прашање околу домеин и хостинг

  • Ја почнал/а темата
  • #1

abcde

Intern
14 октомври 2008
1
0
Имам неколку прашања со кои првпат се среќавам па би бил благодарен да чујам одговор.
Заинтересиран сум да земам домеин. Е сега при регистрација гледам дека се потребни Именски опслужувачи. Дали ова се однесува на хостинг компанија која претходно морам да најдам за да можам да го поврзам домеинот. Дали морам да одберам веднаш именски опслужувачи и хостинг пред да се регистрирам за домеин. Што значи кога би купил прво хостинг пакет? Дали морам да имам веќе регистрирано домеин или не е битно?
И тоа што ми е исто така важно е следно. На нет има многу бесплатни хостинг провајдери со мали простори. Доколу одберам таков хостинг дали во регистрацијата за домеин морам да ги селектирам нивните сервери за именски опслужувачи. Зборувам пример за obxhost free hosting. Значи конкретно ме интересира поврзувањето на домеинот со хостинг и поконкретно околу именските опслужувачи. Фала однапред на одговор.
 

Strumjan

Intern
2 октомври 2008
85
3
Скопје
joomla.mk
Именските опслужувачи ти ги дава хостинг компанијата. Во МарНет не можеш да пријавиш домејн ако тој преттоа не е поставен кај некоја хостинг компанија. Се разбира, тоа може да биде и бесплатен хостинг, и да, ги пишуваш нивните днс сервери за именски опслужувачи.
Провери го и бесплатниот пакет на freehostia.com
 

sumi

On your way to fame
8 април 2007
1,127
754
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4710HQ
Storage
SAMSUNG 840 500GB SSD Evo
RAM
2x8GB DDR3 1600MHz
Video card
nVidia GTX860 4GB GDDR5
Case
Notebook Lenovo Y50-70
Mouse
Logitech M705
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 7 Home Premium 64bit
Генерално можеш да регистрираш домен и без хостинг ( за .сом.мк и .мк мораш да имаш хостинг ) и секако хостинг без домен. Инаку за интернационалните домени можеш да ги промениш именските опслужувачи (DNS-те) во секое време и за многу брзо. Процедурата кај .сом.мк и .мк и сите останати домени со македонски наставки е далеку покомплицирана и подолга.

Инаку за интернациоалните домени иако ти бара именски опслужувачи можеш да ги оставиш default dns-те на компанијата од каде регистртрираш домен и подоцна како што кажав да ги промениш.

безразлика дали е платен или бесплатен хостинг акаунтот за да функционира се како што треба мора да ти ги кажат и соодвтено конфигурираат ( ова е најчесто по автоматизам ) dns-те (name servers).
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,505
Мислења
822,113
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно