1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Прашање: Цени на премиум аудио и видео ситнурии.

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од toshex, 12 Јануари 2019.

  1. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,158
    2,842
    18 Септември 2013
    Машко
    Инспирирано од оглас на @igor_xxxx

    Ова е сериозно прашање: знам дека има разлика од кабел до кабел ама па како може волку кратки кабли толку да чинат? Дали и ново се волку скапи? Дали толку разлика прават?

    Искрено у моја глава (на просечен корисник) за тие пари можеш квалитетен просечен конзумер аудио систем да си купиш. Или од ибеј сигурно да нарачаш исти кабли за поевтино така?

    Озбилно објаснете ми за кабливе ве молам не е саркастичен или зајадлив коментаров сакам да научам за ниче пазаров и што ја оправдува цената на дел од аудио/видео компонентиве шо се мали а толку скапи.

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација

     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Најдобар одговор:
    Пост #4 од Lokvan, 12 Јануари 2019
  3. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,727
    3,606
    28 oктомври 2008
    Ех Тоше, Тоше... Меракот нема цена. Само со време во животот се менуваат приоритетите, па снемува време, снемува пари...;)
    Инаку, имаше време кога и јас сум знаел да се испружам за "аудио ситнурии": Cables
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sharlovski

    Sharlovski
    Practice makes perfect

    671
    1,482
    28 Јануари 2017
    Машко
    Плаќаш материјал, квалитет, изработка, мерак и самата цена/фирма кажува колку си озбилен во тоа поле. Звукот дефинитивно не е подобар од 5-6 пати поевтин, ако е во децимали тогаш треба да си среќен.

    Audioquest имаа бљуовтина од 1000 евра за HDMI кабел па сега ти види.
     
    На Oktar, Costigan_Jr, toshex и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,598
    2,271
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ова е незгодно прашање за одговарање. Незгодно е пошто се работи за субјективно доживување (звук) кое не секогаш соодејствува со лабораториски мерења. Затоа ќе добиеш многу различни одговори, од луѓе кои сите мислат дека се во право - и веројатно се во право самите за себе.

    На крај се работи за прашање кое мораш самиот за себе да го одговориш.
    Секако, подобро е кога на прашањето се одговара едуцирано. Од тој аспект јас ќе понудам неколку линкови со интересна содржина за темава.

    Добра споредба на кабли каде може да се види како треба да се прават ваквите споредби, и интересни резултати од тестирање на евтини и скапи аудио кабли: The Audio Society of Minnesota Conducts Cable Comparison Tests

    Интересна форумска дискусија: Testing audiophile claims and myths

    Следново не е само за кабли, совети и размислувања за исплатливоста на цените за разни аудофилски моменти, интересно и корисно (посебно за нубови): A Brief Guide to Audio for the Skeptical Consumer


    За крај, една хумористична анекдота со blind тестови и споредба меѓу ултра скапи аудио кабли (изнад 500-1000 долари) и кабли од крута жица од закачалки за клозет. :D
    https://gizmodo.com/363154/audiophile-deathmatch-monster-cables-vs-a-coat-hanger
     
    На yasho, Delta111, gokica и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    2,811
    2,587
    24 Септември 2012
    Многу пипава тема која ќе навлече навредување.

    Затоа ќе избегнам да навлезам освен следново, па кој како сака нека толкува:

    Инженерски гледано таквата опрема е златна кокошка на производителите.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  7. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,158
    2,842
    18 Септември 2013
    Машко
    Да имаше најдобар одговор опција форумов ова ќе беше! Фала, информативно и непристрасно со доста извори!

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
    На Sharlovski и mdeni им се допаѓа ова.
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    7,880
    9,171
    13 Јуни 2009
  9. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,158
    2,842
    18 Септември 2013
    Машко
  10. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    5,089
    5,331
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Во про аудио продукција не се користат кабли од 1000 евра :) па дури не се ни позлатени XLR конекторите во многу случаи.

    Меракот е друга работа. Ако имаш се од врвно аудио и ти останале уште и кабли, а имаш пари - бујрум. Мерак си е мерак.
     
    mdeni, toshex и на brasica им се допаѓа ова.
  11. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,174
    2,139
    9 Февруари 2011
    Јас не можам да оформам мислење на оваа тема.
    Теоретски ми е јасно дека не би требало да се слуша разлика, ама јас ја слушам у пм.
    И тоа не со такви мега скапи кабли.

    Звучнички кабли имам Jamo лицнаст (од Зец рефус на метро) и bi-wire Audioquest пуна жица (од Болин рефус на метро). Други неам.
    Постои разлика меѓу двава кабли највише во затегнатоста на басот и во високите.
    Со Јамото басот е флафи, а високите се затемнети и оборени.
    Со Audioquest басот е поцврст и многу брз, а високите се бистри и прецизни.
    Меѓу двава кабли, јас го преферирам Јамото, зашто не сум new-wave аудиофил, туку сакам релаксирано да ми свири, а ја да не се замарам.

    За интерконекти имам еден многу стар кабел (1975) кај нив лева/десна жица е дебела ко Marlboro Touch, бугарски кабли од времето на червените, кабел од Interspar некој Avinity најскап што го најдов, кабел од ЗЕЦ Sonorous кој ич не беше ефтин (едно 4-5 пати поскап од овој Avinity).
    Стариов кабел е на грамофон и само со тој кабел грамофонот звучи како што треба. Бугарските звучат исто како овој од Avinity (за мене одлично), a Sonorous-от го фрлив од прозор (такво пиштење и тенок звук заслужуваа само контејнер).
     
    На toshex и brasica им се допаѓа ова.
  12. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,158
    2,842
    18 Септември 2013
    Машко
    Ама сигурно со осетливи мерни инструменти ако има разлика би требало да може да се мапира на графа, и да се утврди до каде е исплатливо да се тера.

    Ова со аудио продукција разбирливо, ама дури и чисто злато да ставиш пак сигурно некои кабли прескапо ги наплаќаат компанииве, не?
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    2,811
    2,587
    24 Септември 2012
    Од таму и моментот на златна кокошка. Snake Oil.
     
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,598
    2,271
    12 Јануари 2016
    Машко
    Апсолутно можат од златни лицни да ги направат каблите и пак да направат убав профит, по цените за кои идат некои од каблите.

    Инаку тоа со инструментално мерење во лабораторија не секогаш соодејствува со доживувањето на звукот од слушателот. На пример имаш аудиофили кои се колнат во звукот добиен од утп етернет мрежни кабли, тие со полна жица а не со лицни. Наводно се губело малку на бас, ама се добивала „топлина“ во средните и високите тонови, малку налик на звук од лампаш.

    Исто за појачалата со лампи, мери ги со инструменти и ќе видиш дека го изобличуваат сигналот на звукот. Но на многу луѓе им се допаѓа баш тоа самото изобличување, и тоа е тоа. :)
     
    На Sharlovski и mdeni им се допаѓа ова.
  15. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,158
    2,842
    18 Септември 2013
    Машко
    Ама мислев повеќе на ист тип на кабел само различна дебелина или нешто, во мера каде шо нема разлика (мерлива) а некој се колне дека има пошо 3 пати е поскап кабелот - плацебо ефект.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    1,598
    2,271
    12 Јануари 2016
    Машко
    И плацебото е дел од личното доживување. Као сум платил јаки пари за ова, едноставно мора да е добро. Истото се провлекува во сите области каде се продава змијско масло, за пример види ја само темата за филтер уреди за воздух. :)
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ragnar

    Ragnar
    Gaining Experience

    481
    451
    9 Декември 2015
    Машко
    Кога го купив озвучувањето лани во аудио центар, сакав да земам и кабли ама беа 10 пати поскапи од каблите во беверли хилс што ги прават на метро. Земав од вторите ама во мисла ми остана дали звукот ќе беше ист. Немаа баш некое објаснување во аудио центар во однос на квалитетот...
     
  18. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    2,811
    2,587
    24 Септември 2012
    Апсолутно и наполно ист.
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Steff_92

    Steff_92
    Intern

    105
    44
    28 Јули 2017
    Машко
    Не сум некој аудофил и не можам да пресудам за аудио кабли и тон преку нив, меѓутоа за видео одговорно тврдам дека има разлика во производители и нивни квалитети за HDMI и коаксијални кабли.
    Тестирано со многу камери, миксети, capture картици, монитори, телевизори ...

    Најефтин бренд за hdmi што најдов во МК, а со одличен квалитет е Clicktronic во Логин.
     
  20. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    7,908
    11,654
    2 Август 2012
    Машко
    За кога ја пишував темана само да знам.
     
    На krema и yasho им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...