• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Прашања за критериумот на модерирање

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,198
4,446
SK
Пошто ми се бришат постови во Цензура решив да отворам овде една посебна тема, за да ја продолжиме бромансата со драгиот Флегма на едно место. Сметам дека е тоа подобро наместо да смараме на многу одделни теми и да ја уништуваме дискусијата.

Всушност не, ме интересира ставот на управата на форумот и како да продолжам да се однесувам за да не се гушат дискусиите, и за да не се отвара непотребна работа во модерирањето.


Нормална ОНТОПИК дискусија очигледно не се води, и наместо тоа фрштат постови во кои со ад хоминем се третира директно соговорникот. На многу теми се дешава истото. Но кога јас ќе одговорам со шеговита реплика (офтопик следствено на офтопикот), само моето мислење е избришано. Другово мислење кое почнало со офтопик, тоа не се дира.

Но дозволете да разграничам, ова воопшто не е поплака од однесувањето на Флегма.
Модераторите ги оставам како најнадлежни за тоа што е прифатливо однесување.

Ова е прашање за модерирањето.


Модератори, ве молам кажете кој е критериумот за модерирање несоодветни мислења... И зошто тој критериум важи само за мене ама не важи и за Флегма?

Воопшто не сугерирам каков треба да биде критериумот. Ме интересира само зошто критериумот не важи за сите подеднакво. Или ако Флегма сака да си играме, зошто не не оставите да си играме. Од друга страна ако правилата викаат дека не може така да си играме (офтопик и ад хоминем), тогаш зошто правилата важат само за мене?


Ве молам само без одговори дека „не е пријавено“. Штом моето мислење сте го санкционирале, значи некој секако го пријавил мојот пост. Нели е логично да се прегледаат и претходните постови? Макар само тој пост директно пред санкционираното мислење?


За илустрација што е ситуацијата за која зборувам, еве го прво последниот пост на кој ми беше избришана реплика со една обична невина реклама за Вегета, зачин кој се става во сите манџи. Да не биде дека ситничарам за еден случај, ќе цитирам уште неколку од многуте слични ситации.

Чекам одговор, и ќе бидам благодарен за секој инпут и совет како да немам причини да отварам глупави теми во овој подфорум.


@Lokvan
Што е бе она што го гледам? Не сакал да полемизира со тебе??
Како ли само се дрзнал!

Да не полемизираш со господарот на дигресиите, вадењето од контекст и некрунисаниот краљ во пишувањето на километарски постови.
Дискусија со Локван е како да полемизираш со рамноземљаш.
Примети дека двајцата “евангелисти“ умеат за секунда да излижат каде што плукаат па нивните вентилатори да ги споредуваат со парапетни или во случајов мултисплит систем со 6 парапетни кој е научна фантастика за нивните газиени ламби.
Абре бликаш од препотентност, незнаење и шалабајзерство.
Ви се закачи Локван на темава?

Со здравје да си го носите :D
Во ред е бе. Тој ме мрази уште од темата за клими па сега не може да се помири.
За повеќе овде:
https://forum.it.mk/search/42290660/?page=2&q=lokvan&o=date&c[user][0]=10155
https://forum.it.mk/search/42290620/?q=локван&o=date&c[user][0]=10155
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,612
14,606
Тужибабо!

  1. Ова не е тема за во "општо" туку за во боречки клуб.
  2. Научи се да хендлаш порази и не квичи.
  3. Со пола форум си на ратна нога а другата половина не те регистрира.
Ако имаш нешто лично тогаш во "Боречки клуб". Остави ги модовите, не се ништо криви. Напротив!
Или пак сакаш да исценираш конфликт со нив за да те банираат па да испаднеш жртва и "маченик"

Ама знаеш што?
Со тебе немам желба ни да се карам ни да полемизирам.
Батали!
 
Последна промена:

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
931
3,227
Прага
У кратки црти јас ти го избришав мислењето. И не, од никој не беше пријавено ниту твоето ниту на Флегма. Зошто ти е избришано нема да ти дадам одговор, ќе ти дадам шанса сам да размислиш како твоето мислење придонесува за дискусијата на тема Цензура? А, реклами за вегета на погрешно место ставаш.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,198
4,446
SK
Друже @M.Pix но јас воопшто не се пожалив зошто ми е избрашано мислењето.
Не само што не се жалам, јас целосно се согласувам дека постот беше за бришење.

Но те молам да одговориш на поставените прашања.
Дозволи ми да ги повторам: Кој е критериумот за модерирање на несоодветни мислења, и зошто тој критериум важи само за мене но не и за тие што го иницирале „инцидентот“?

Во уводниот пост покажувам примери дека не се работи за изолиран случај. И повторно, не се жалам на однесувањето Флегма, јас само прашувам кои се критериумите како би знаел да ги следам правилата, јас но и сите други (да Флегма, дури и ти).




Тужибабо!
  1. Ова не е тема за во "општо" туку за во боречки клуб.
  2. Научи се да хендлаш порази и не квичи.
  3. Со пола форум си на ратна нога а другата половина не те регистрира.
Ама од каде сега „тужибаба“ кога јас целосно и јасно нагласив дека не се жалам на твоето нецивилизирано однесување. Да, иако однесувањето ти е нецивилизирано и малограѓанско. Јас лично сметам дека е твое право да бидеш таков... Јас само прашав кој е критериумот врз основа на кој само јас сум санкционираниот кога јас само ти реплицирав тебе, и тоа во многу поблага форма во однос на тоа на што реплицирав.

Понатаму:
1. Не знам дали си свесен дека овде не си модератор, и дека не одлучуваш ти која тема за кој подфорум е. Иако ќе се согласам таму да биде преместена истава, откако прво малку ќе се разјаснат критериумите со однесувањето и модерирањето.
2. Ако за тебе е пораз тоа што се однесувам културно на твоите навреди и ад хоминем напади, тогаш да - ти си победил. Но изгубила културата на однесувањето на форумов. Патем одлично илустрираш каков модераторски потенцијал имаш.
3. Што да коментирам, освен тоа што не разбираш дека спротиставено мислење во дискусија, и страствено дебатирање не значи карање. Ќе си рече човек дека досега би требало да разбереш дека без спротиставени мислења нема квалитетни дебати (башка се фалиш дека со години си модератор некаде).

edit> Еве eдно и од мене:
4. Ти дали би се казнил самиот себе, кога би бил модератор во ситуацијава?


Со тебе немам желба ни да се карам ни да полемизирам.
Како вообичаено, фактите не се согласуваат со тоа што сакаш да го претставиш како реалност:
https://forum.it.mk/search/42290660/?q=lokvan&o=date&c[user][0]=10155
https://forum.it.mk/search/42290620/?q=локван&o=date&c[user][0]=10155
 
Последна промена:

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,612
14,606
Прво научи се што е ad hominem па врати се на дискусија.

Ad Hominem аргументација („напад“)
Оваа грешка во аргументацијата ја правите секогаш кога на основ на вашето лошо мислење за некој член вадите закључок дека неговите аргументи се лоши. Класичен пример за Ad Hominem е „ти си глуп/неморален/антипатичен и према тоа не си во право“. Ваквио став не допринесува кон ништо и треба да се одбегнува. Приметете дека во следниот случај (иако не е коректен!!) не се работи за Ad Hominem - „Ти не си во право и према тоа ти си глуп“. Во овој случај сте ја избегнале грешката во аргументацијата, и можеби закључокот ви е исправен, но не е толерантен, културен и срдечен па би требало да се воздржите од негово изнсување.

Упатства за квалитетно дискутирање на форум

Оваа тема (од линкот) како и еден куп други корисни теми и туторијали се мојот придонес на овој форум. Овдека е исцртана границата помеѓу тебе и мене како членови на овој форум.
 

Balanar

Баниран/a
6 декември 2016
1,066
1,140
Ама ќе ве е*ам и двајцата, смирете се, е*аве. Шо к*р се рчкате по форумов, место да закопате тоа ратните секири и да придонесете за квалитетни дискусии. И двајцата имате што да кажете со знаењето, се понашате како мисири... Ај баталете тоа ку*опецањето и терајте си нормално.
 

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
931
3,227
Прага
1. Кој е критериумот за модерирање на несоодветни мислења, и зошто тој критериум важи само за мене но не и за тие што го иницирале „инцидентот“?

- Правилата се јасни. Критериумот лично јас го базирам на тоа кој колку пати ја преминал границата и знае кога згрешил. Еве ти конретно на темава уште во првата страна од темата си офтопик и дури си опоменат да се држиш до темата. А, сепак мислењето не ти е избришано? Значи и ти си бил толериран.

Јас не можам да разберам зошто на секое избришано мислење е потребно да се отвара тема? Неправда демек, правата ви се скратени? Да е дискусијата нормална, веројатно нема да си губиме и двајцата време со објаснување и реферати на теми што се скроз небитни.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,757
11,171
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
А бе остајте го форумов малку. Здивнете. Излезе сонце надвор конечно. Земете воздух.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,198
4,446
SK
@M.Pix не се согласувам.

Никој не те напаѓа лично тебе и твоето модерирање. Ако добро те разбрав, ти си решавал врз основа на случувањата во таа една тема, така?

Разбирливо е дека ти не си одговорен за модерирањето на други подфоруми. Веројатно не ги ни следиш сите подфоруми од кои сега дадов примери со цитати. Веројатно и модераторите во тие подфоруми па не го следат делот што ти го модерираш... Модерирате поединачни случаи и немате можност ни време да ја видите целата слика. Но јас баш за целата слика зборувам.


Гледај, целта на темава и не е да ги ловиме сите грешки во модерирање. Луѓе сме, сите грешиме некогаш. Целта не е еднава ситуација со бришењето на постот, целта пред се е да се прецизираат правилата - кои се правилата, и да видиме дали исто важат за сите.

Во ред е тој момент, се десило што се десило. Но ајде сега да видиме дали е во ред тоа што го кажувам а што го сублимирав со цитати за да се види целата слика. Сега кога се гледа целата слика не само со еден туку со повеќе примери, дали е во ред наведеното однесување. Дали треба да се смени нешто, или ќе се остави да се иде вака како што иде досега.


Ова го кажувам пошто изгледа правилата не се баш јасни. Пошто ако правилата се јасни тогаш немало да се случат сите цитати кои ги наведувам во уводниот пост - не без да бидат санкционирани. Понатаму примерот кој го наведуваш дека сум офтопик (настрана што не е така), тоа е сеуште само еден пример. Јас нели наведов многу повеќе несанкционирани инциденти, а тоа е без да се потрудам да побарам постари мислења.


едит:
Или најбанално едноставно кажано, ако правилата исто важат за сите, тогаш треба или ќе не оставите без мешање и бришење само мои постови, да си играме со Флегма (по правилата на кои тој инсистира - со навреди, со напади, и со офтопици). Или ако веќе ми мавате заушки мене тогаш треба и него да му мавнете неколку заушки и да укажете да игра според правилата. Во спротивно ако не е така дека правилата важат исто за сите, тогаш па јасно нека се каже дека за величенствениот Флегма не важат правилата на форумот. Не велам дека е така, но тој секако мисли дека е така (и така се однесува). Можеби е во право човекот, но ајде да видиме како реално стојат работите.
 
Последна промена:

Avid

Guru
21 јануари 2009
5,865
9,304
Скопје
А бе остајте го форумов малку. Здивнете. Излезе сонце надвор конечно. Земете воздух.
Еве јас бев сега да гласам и прошетав еден саат, и се вратив да кењам на форумов.
 

Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1,329
2,967
Ресен
@Lokvan друже, мораш да ги скратиш постојте, колку и да има некој желба да научи нешто, ко ќе види писмена по македонски во 1 пост, автоматски се претвара во TL/DR цела дискусија. За повеќето членови, на прво место форумов е забава па сѐ останато а таквите постови не придонесуваат сигурно за тоа.
Можам да замислам на модераторите како им е да треба сѐ да читаат.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,198
4,446
SK
Упатства за квалитетно дискутирање на форум

Оваа тема (од линкот) како и еден куп други корисни теми и туторијали се мојот придонес на овој форум. Овдека е исцртана границата помеѓу тебе и мене како членови на овој форум.
Чекај малку... Ти навистина вака јавно пред сите кажуваш дека тоа подвлеченото ти дава за право да ги прекршуваш правилата на форумот??

Рилати чек:
upload_2019-5-5_17-58-49.png
Пошто цитатите од уводниот пост ако не гледаш дека се чист ад хоминем, тогаш пишуваш „туторијали“ за работи што не ги разбираш. Или сметаш дека за тебе правилата не важат... Искрено не знам кое е полошото од двете.


аргументација („напад“)
Оваа грешка во аргументацијата ја правите секогаш кога на основ на вашето лошо мислење за некој член вадите закључок дека неговите аргументи се лоши. Класичен пример за Ad Hominem е ти си глуп/неморален/антипатичен и према тоа не си во право. Ваквио став не допринесува кон ништо и треба да се одбегнува.
Само пар од многуте примери (за истото тоа што си напишал погоре):
Абре бликаш од препотентност, незнаење и шалабајзерство.
...
Небитен си и смараш.
Дискусија со Локван е како да полемизираш со рамноземљаш.
Треба ли уште?
Пошто има уште примери. Абе треба во речник да стават слика од тебе, таму под ад хоминем.

Повторно, реалноста не е таа што ти би сакал да биде: Ad hominem — Википедија
Ad hominem (ад хоминем, од лат.: „кон/против човекот“ или „кон/против личноста“[1])... логичка грешка[3][4][5] и попрецизно - како ирелевантност,[6] која го завртува вниманието на противникот и публиката од темата на спорот, и ги насочува кон личните квалитети на противникот. Некои автори разликуваат различни подвидови на логички заблуди: ad personam ("кон личноста") - лични напади, се состојат во критика или навреда на противникот...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,198
4,446
SK
Ај баталете тоа ку*опецањето и терајте си нормално.
Тоа ваљда би била целта на темава. Но како што гледаш колегата Флегма не се согласува. Тој би да ку*опеца без да дискутира нормално и ич да не го дираат, ама истото да не важи и за мене. Него не треба никој да го дира, ама мене во ред е да ми ги бришат постовите ако почнам макар и малку да се понашам како него.


@Lokvan друже, мораш да ги скратиш постојте, колку и да има некој желба да научи нешто, ко ќе види писмена по македонски во 1 пост, автоматски се претвара во TL/DR цела дискусија. За повеќето членови, на прво место форумов е забава па сѐ останато а таквите постови не придонесуваат сигурно за тоа.
Можам да замислам на модераторите како им е да треба сѐ да читаат.
Друже сечие право е да чита што сака и да рипа што не сака да чита.
Не дека не ти ја разбирам поентата... Но ја промашуваш темава. Пошто ова овде не е тема за критики на должината на моите постови. Ова овде е дискусија за правилата на однесување на форумов, а должината на постовите мислам дека ќе се согласиш дека не е кршење на тие правила.
 

Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1,329
2,967
Ресен
Друже сечие право е да чита што сака и да рипа што не сака да чита.
Не дека не ти ја разбирам поентата... Но ја промашуваш темава. Пошто ова овде не е тема за критики на должината на моите постови. Ова овде е дискусија за правилата на однесување на форумов, а должината на постовите мислам дека ќе се согласиш дека не е кршење на тие правила.
Се сложувам, промашено е темата и ги следиш правилата, ама подобро да сум овде офтопик него на друго место, сепак е ова боречки клуб :)
Пошто си наоштрен од другите, не навлегувам понатаму, си кажав то шо имав.
 

TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
2,709
4,552
TylerMkD's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 3700X
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung 970 Pro NVMe 500GB + Samsung 850 Evo 120GB + EVO 860 250GB
PSU
Cooler Master Silent Pro M2 620W
RAM
Kingston HyperX Fury Black 2 x 16GB
Video card
Asus ROG Strix RTX 3080 O10G
Case
NZXT H500
Mouse
Razer Deathadder
Keyboard
Steelseries Apex M750
Audio
Sony WCH-700
Monitor
Dell U2414H
OS
Win 10 Pro
Cenzuriran na tema “Cenzura” - the ultimate defeat. :)
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,612
14,606
Lokvan е пуштен на најјако.
Оставете го да се испука човекот. Има потреба!
 

Avid

Guru
21 јануари 2009
5,865
9,304
Скопје
Чекај малку... Ти навистина вака јавно пред сите кажуваш дека тоа подвлеченото ти дава за право да ги прекршуваш правилата на форумот??
Ова е еден од тие спинови што знаеш (да не речам) често да ги правиш.
Флегма само си направи една лоша споредба меѓу вас двајца, си се пофали со таа негова тема, не знам како таа негова тема прави граница меѓу вас двајца, иронично е малку да се фали со таа тема баш овој период кога во последните неколку месеци често знае во своите постови да уфрли нешто не баш соодветно (и не, не го викам ова само затоа што често ме спомнува во некој демек негативен контекст мене)
НО
сигурно знам дека не го ставил тоа со цел да каже дека тоа му дава право да ги прекршува правилата :D
само си се пофали и мисли дека со таа тема придонел нешо демек
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,612
14,606
си се пофали со таа негова тема, не знам како таа негова тема прави граница меѓу вас двајца,
Темите. Не само таа тема.
Поентата ми беше да укажам на мојот допринос кон заедницава версус контрашон ама нема везе.

И од кај изнајдовте дека мислам дека правилата не важат за мене?
 

Avid

Guru
21 јануари 2009
5,865
9,304
Скопје
Темите. Не само таа тема.
Поентата ми беше да укажам на мојот допринос кон заедницава версус контрашон ама нема везе.

И од кај изнајдовте дека мислам дека правилата не важат за мене?
Само он изнајде, не ми пишувај во множина, баш тоа сакав да му кажам дека не ти е тебе тоа поентата.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,612
14,606
Само он изнајде, не ми пишувај во множина, баш тоа сакав да му кажам дека не ти е тебе тоа поентата.
Знаев дека си бистар момак.

Само, "опонентов" непријатно ме изненадува со својата воздржаност.
Јас мислев дека ќе распали со жестока вербална артилерија пошто сме во "Боречки клуб" а ваму кенкање во облик на долги и досадни постови кои никој не ги чита. Барем јас таков впечаток имам.

Слугата Јернеј и неговото право.
 

spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3,149
3,623
Зменоо
spiritBreaker's setup  
Processor & Cooler
AMD R5 5600X + Cooler Master M240L | AMD R9 5950X
Motherboard
Asus TUF Gaming B550 PLUS
Storage
Samsung 960 EVO 250GB + Toshiba HDD 2TB + 500 GB Hitachi + 512GB Gigabyte NVME
PSU
Gigabyte G750H
RAM
2 x 8GB DDR4 Kingston @ 3600MHz
Video card
EVGA FTW 3080
Case
Asus GT501 TUF
Mouse
Corsair M65 Pro
Keyboard
Cooler Master CK550
Audio
Onboard audio
Monitor
DELL S2721GDF
OS
Windows 10
Цццц еднаш чоек си оди крушево и се заклавте :)

Мала шала :)

Онтопик: друже локван, од одамна не ти читам постови, освен првата и втората реченица, ептен долго пишуваш... Некојпат треба кратко и јасно да напишиш. Доколку сакаш да го споделиш знаењето на одредени теми, слободно, отворај нови теми и таму напиши го своето знаење, така би те читале повеќе, вака ствараш само прилика за другите да се нетолерантни спрема тебе, иако некојпат намерата ти е позитивна.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,341
28,732
kalco.ru
ја сум једини што сеа приметувам дека ликот @Lokvan постои? Ја цело време мислам дека @marv е тоа :/
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,612
14,606
Ист аватар имаат. Тука завршуваат сите сличности.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: marv
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,518
Мислења
858,468
Членови
29,932
Најнов член
Sladzana.Angjelkovska
На врв Дно