Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Прашања за 3.7V Lithium Ion Polymer батерија

micio

Gaining Experience
13 ноември 2007
54
72
Здраво,

моментално имам 3.7V 2000mAh lipo батерија, која ја полнам преку плоча која ми е приклучена на апаратчето. Со овој сетап иам два проблеми. Капацитетот на батеријата е мал и уредот работи 30 минути, па би сакал да купам/направам батерија со 20000mAh капацитет за да работи барем 5 сати. Апаратчето не можи да работи додека се полни батеријата, па би сакал да купам/направам полнач со кој надворешно ќе полнам друга батерија, која потоа ќе ја заменам со празната.

Околу оваа тематика имам неколку прашања:
1. Дали ќе може да купам локално од овие 18650 3.7V ќелииве шо се во батерии за лаптоп, да ги врзам паралелно за да ги постигнам посакуваните mAh, и да му залемам конекторче?

2. За полнење на батеријата, дали ќе биде доволно да купам локално некој асолен полнач, или ќе треба да додам некоја електроника и на страната од батеријата за контрола на полнење?

3. Дали знаете продавач од Македонија кој продава квалитени rechargeable батерии (АА, ААА, Li-Ion 18650 итн.) и полначи? Моето искуство е hit-and-miss и батерии земам од странство.

4. Дали знаете продавач од Германија или Грција кој има квалитетни батерии/полначи по пристапни цени, па да барам некој пријател да ми ги довлечка од таму?

Мене ми ги препорачаа овие компоненти:
-1x Lithium Ion Polymer Battery - 3.7v 500mAh > Lithium Ion Polymer Battery - 3.7v 500mAh
-1x Adafruit Micro Lipo - USB LiIon/LiPoly charger - v2 > Adafruit Micro Lipo - USB LiIon/LiPoly charger

Оти ми треба појака батерија, ги гледав овие:
-2x (за да ги врзам паралелно) Lithium Ion Polymer Battery - 3.7V 10050mAh (10 Ah) > Lithium Ion Polymer Battery - 3.7V 10050mAh (10 Ah)
-1x USB LiIon/LiPoly charger - v1.2 > USB LiIon/LiPoly charger

111USD иди за двете батерии, полначо и поштарина до македонија, плус царина и ддв 150USD ќе ме фати . Некако скапо ми изгледа, али ако мора (а нема друго поекономично решение) ќе ги земам.

5. Да препорачате некој добар мајстор/електроничар што можи да направи: полнач, батерија и електроника за контрола на полнење?.

6. За што служат зеленава и жолтава жица од батеријава шо ми е сега ставена? Се пробав да изгуглам али не наидов на некој конкретен одговор. Ако и двете се за некаква регулација при полнењето, ќе има зијан ако употребам батерија само со црна (-) и црвена (+) која претходно коректно се наполнила со екстерен полнач?

Благодарам
 

Атачменти

  • 1. dzekce.png
    1. dzekce.png
    518,1 KB · Прегледи: 32
  • 2. wiring.png
    2. wiring.png
    1,1 MB · Прегледи: 33

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1.557
1.686
Најдобро види со Игор 071314486 (battery.mk), кој професионално се бави на темата.
На многу луѓе им има помогнаето, вклучително и мене.
Приступачен и коректен човек, има знаење, ќе ти објасни кои се можностите.
 

micio

Gaining Experience
13 ноември 2007
54
72
Најдобро види со Игор 071314486 (battery.mk), кој професионално се бави на темата.
На многу луѓе им има помогнаето, вклучително и мене.
Приступачен и коректен човек, има знаење, ќе ти објасни кои се можностите.
Ти благодарам многу. Ќе го побарам утре
 

Vlecka

Gaining Experience
28 јуни 2013
425
223
Vlecka's setup  
Processor & Cooler
i5-3570k w/ stock
Motherboard
Gigabyte Z77-DS3H
Storage
Western Digital Caviar Blue 1TB EZEX
PSU
Cooler Master B Series 600W
RAM
2x4GB Kingston HyperX Blue 1600 MHz
Video card
Nvidia GT1030
Case
Cooler Master N200
Mouse
A4Tech X-748K
OS
Windows 7 Ultimate
Вака од прва имаш повеќе опции, ама само ќе ти ги пишам фактите па натака ти одлучи што и како ќе правиш со нив.

Батеријава што моментално ти е на уредот:
  • 3.7 волти, 2000 милиампери
  • излезите се +/- и сензори, внатре во батеријата се врзани на мала контролна плочка што дава некоја безбедност за ракување/полнење
  • плочкава е доста стандардизирана

Батерија од тип power bank:
  • 3.7 волти, ХХХ милиампери
  • внатре има електроника што прави 2 работи:
- електроника за boost од 3.7 на 5 волти (УСБ излез); зависи од банката и повеќе излезни волти
- електроника за безбедност при ракување/полнење, веројатно многу слична (4 пинови) со оваа на моменталнава батерија

Така што. во теорија, ти би можел да пробаш пауер банка да отвориш и да ја врзеш место оваа моменталната (црвена-црвена, зелена-зелена и така за сите 4) и се да работи океј.
Фактички иста кола само со поголем резервоар. "Интерфејсот" за полнење и празнење би ти останал горе доле ист.

Нормално, тука влегуваат и други фактори - што уред е, дали можеш да го оптимизираш да троши помалку итн итн. Или ако не ти се троши премногу време (иако гледам си истражил доста и сам), пробај со дечкото што го препорачаа.
 

micio

Gaining Experience
13 ноември 2007
54
72
Вака од прва имаш повеќе опции, ама само ќе ти ги пишам фактите па натака ти одлучи што и како ќе правиш со нив.

Батеријава што моментално ти е на уредот:
  • 3.7 волти, 2000 милиампери
  • излезите се +/- и сензори, внатре во батеријата се врзани на мала контролна плочка што дава некоја безбедност за ракување/полнење
  • плочкава е доста стандардизирана

Батерија од тип power bank:
  • 3.7 волти, ХХХ милиампери
  • внатре има електроника што прави 2 работи:
- електроника за boost од 3.7 на 5 волти (УСБ излез); зависи од банката и повеќе излезни волти
- електроника за безбедност при ракување/полнење, веројатно многу слична (4 пинови) со оваа на моменталнава батерија

Така што. во теорија, ти би можел да пробаш пауер банка да отвориш и да ја врзеш место оваа моменталната (црвена-црвена, зелена-зелена и така за сите 4) и се да работи океј.
Фактички иста кола само со поголем резервоар. "Интерфејсот" за полнење и празнење би ти останал горе доле ист.

Нормално, тука влегуваат и други фактори - што уред е, дали можеш да го оптимизираш да троши помалку итн итн. Или ако не ти се троши премногу време (иако гледам си истражил доста и сам), пробај со дечкото што го препорачаа.
Добра идеја, не ми текна. Само мислам подобро е најпрво да се слушнам со Игор.

Со небрендирани power banks имам проблем што не му се реални спецификациите, додека брендираниве (20000mAh од анхоч и џирафа) гледам исто или поќе ќе чинат од battery.mk custom батерија. Со custom батерија не би бил ограничен од form фактор, ако рикни ќелија се менува, а и други предности има.

Благодарам

EDIT: Ах извини, заборавив да одговорам за оптимизацијата. Не можам да му ја намалам потрошувачката, оти ќе треба да жртвувам на квалитетот на сигналот. Напротив, баш за да имам повеќе headroom и повеќе работни часа, барам подобра батерија од постоечкава.
 
Последна промена:

turbiny

Gaining Experience
20 декември 2016
223
113
Може да се смени само ќелијата со поголема и да се задржи заштитата(battery protection board) а за полнење вадење полесно би било прекидач да се залеми кој дозволува или полнење или користење.
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
5.582
16.967
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Со небрендирани power banks имам проблем што не му се реални спецификациите,
Треба да имаш и наум дека спецификацијата не е неточна туку е мислидинг, односно, power bank специфицирана со 10.000 mAh е всушност специфицирана на 3,7V, но бидејќи се подигна напонот на 5 или 5,1V тогаш уствари треба да ја земеш впредвид и конверзијата бидејќи складираната моќност е фиксна, па така добиваш грубо 10.000mAh*3,7V/5V=7.400mAh

Али мислам дека ако имаш опција за професионално некоја да ја заврши работата како горспоменатиот Игор, иако не го познавам, пробај прво со него.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн администрација

Статистика

Теми
46.864
Мислења
970.435
Членови
35.220
Огласи
2.844
Најнов член
HeyJude
На врв Дно