1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Прашања од почетник

Дискусија во форумот 'WordPress' започната од skullmonkey, 26 Август 2017.

  1. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,874
    2,993
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Сакам да се префрлам од Joomla на WP па ги имам следниве прашања:
    1. Од кој сајт да си купам претплата? До сега имав од Гавик но они се стари веќе. Гледам има многу пејџ билдери, итн итн... Која фирма дава најдобри темплејти, плагини, виџети и билдер и имате искуство до сега?
    2. Што е НУЛД тема? Што конкретно е сменето у неа за да е различна од оригиналната купечката?

    ... изглеа само две биле :) Ќе налетам на уште некое сигурно и ќе продужам.

    Фала!
     
    На D му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,294
    917
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
  3. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,874
    2,993
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Овде има милион, затоа и прашав. Има компании кои имаат годишни пакети. Не да купам една по една.
     
  4. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    611
    332
    9 Февруари 2008
    Подобро е да не користиш пејџ билдер, ама ако мораш да користиш тогаш овој WordPress Page Builder Plugin | Beaver Builder


    За теми најдобро е да најдеш од линкот од Таурус. Не барај теми по провајдери, туку на themeforest најди си тема што одговара со твојот сајт. Најди ги според keyword - gaming, news site итн. Има демо за секоја тема па можеш најдобро да одбереш од таму


    Нулед теми се пиратски теми, ако пиратот е поштен, нема ништо да е различно и сменето. Ама ако пиратот не е поштен, најверојатно ќе има некој backdoor во темата и многу лесно ќе ти го хакнат сајтот ако ја користиш. Исто така со пиратските теми не добиваш updates и support.


    Ако сакаш бесплатни теми тогаш овие се добри Best Free WordPress Themes 2017 - Colorlib, ама можеш на гугл да најдеш повеќе free wordpress responsive themes
     
    artweb, bobmkd и на skullmonkey им се допаѓа ова.
  5. Magnivia

    Magnivia
    Intern

    6
    2
    15 Јули 2017
    Машко
    Здраво,
    1. Од кој сајт да си купам претплата? До сега имав од Гавик но они се стари веќе. Гледам има многу пејџ билдери, итн итн... Која фирма дава најдобри темплејти, плагини, виџети и билдер и имате искуство до сега?

    -Според мене за почетник Елегант се во моментов најдобри (WordPress Themes Loved By Over 430k Customers) секако малце се поскапи од другите но вреди да се потроши бидејќи за возврат добиваш признат квалитет. Немаат голем избор но Divi темата може да се користи буквално за све така да немаш потреба од други теми.

    -Подобар пејџ билдер од Visual Composer во моментов нема. (#1 WordPress Page Builder Plugin - Visual Composer) премногу работи можеш со него да направиш,а интерфејсот им е доста User-friendly.

    2. Што е НУЛД тема? Што конкретно е сменето у неа за да е различна од оригиналната купечката?

    -Нулд теми се кракирани теми и најчесто се пуни со малвер,бекдор и слично,воедно се секогаш неапдејтирани,подобро избери бесплатна тема и користи повеќе плугини за подобар резултат.

    Поздрав =)
     
  6. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,874
    2,993
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    @Magnivia
    Јас гледав BeTheme. Претпоставувам слично е како ова ти што го предлагаш.
    VisualComposer е стенд алоун алатка? Јас баш ради него симнав нукирана BeTheme за да можам да го користам.
    Фала ти.

    EDIT: Гледам и темиве што ми ги прат сами во себе имаат вижуал едитори.
     
    Последна промена: 26 Август 2017
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    2,957
    3,297
    18 Април 2007
    Зашто сакаш да се префрлиш од Joomla на WP?
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Magnivia

    Magnivia
    Intern

    6
    2
    15 Јули 2017
    Машко
    Да Visual composer е стенд алоун плугин,најчесто сите теми безразлика од кој девелопер се изработени се направени преку В.композер од проста причина што така темите се editable за енд корисниците.
    BeTheme е многу слично решение но не и исто ко темите на елегант,разликата е што темите на елегант(посебно Divi) се направени за целосна драг-дроп realtime изработка (
    View: https://www.youtube.com/watch?v=1ALjCZkKuUM
    )

    Поздрав =)
     
  9. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,874
    2,993
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Ме убедуваат дека е подобро. Дека има поголема корисничка база а со тоа и девелопмент сцената е поголема. Плагини, теми, итн итн...
    Пиши ум ако знаеш. Тоа што сеа се мучам 5 дена да го научам во ВП ќе го завршев првиот ден во Joomla.
    Уствари сеуште не сум сигурен за патов... :/

    BeTheme имаат преку 200 готови изгледи. Неможам да ги најдам овие од Елегант. Имаат Divi и Extra, али како што сконтав тоа се само различни распореди на позициите и модулите (кои btw во Joomla можеш кај сакаш да ги начукаш во php-то). Или овие ти даваат само фрејмворк па за дизајн и изглед снаоѓај си се сам?

    Фала
     
  10. Magnivia

    Magnivia
    Intern

    6
    2
    15 Јули 2017
    Машко
    Дека WP е подобро од Joomla тоа е сигурно,многу поголема корисничка база,и плагини за што ти душа сака.

    Диви е "Фрејмворк" со кој што можеш онсајт да го направиш дизајнот,прилично сум сигурен дека ако се купи темаата се добива акцес до форум кој што веќе има мал милион темплејти кои можеш да ги менуваш по желба.

    Нулирано чисто сумњам дека ќе најдеш последна верзија,но можеш да пробаш да побараш.

    Ако си на лимитиран буџет и ти треба бесплатно решение ( 15+ Best Free WordPress Themes Responsive WordPress Themes 2017 - aThemes ) Дечкиве имаат многу добри теми направени со доста голем код пристап и огромен СЕО притисок врз кодот.Сепак според мене најдобра бесплатна тема во моментов е Зериф (Zerif Lite).

    Ако главиш негде во ВП пиши ми во ПП или тука и ќе ти помогнам =)
    Поздрав
     
    На nikbit и skullmonkey им се допаѓа ова.
  11. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,999
    1,238
    5 oктомври 2007
    Машко
    Мачце ќе пцуеш на почеток од Џумла во ВП, ама после ќе се осетиш просветлен. Количината, разновидноста и бесплатноста на додатоците, како и честотата на апдејти и активноста на девелоперите ќе те изненади. За теми, почни со некоја од топ на Темфорест, па коа ќе се изверзираш малце можеш да одиш на Divi ili Genesis, со кои можеш генерално чуда да праиш.

    AMD Rules и никој да не кажал ништо !
     
    На Magnivia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. smole

    smole
    Unstoppable

    2,957
    3,297
    18 Април 2007
    Јас само Joomla знам и тоа многу базично али до сега ми вршела работа. Знам дека требаше WP да научам, сеа ме мрзи. Секако ќе ме интересира твоето искуство ако скроз се префрлиш на WP.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  13. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,874
    2,993
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    @Magnivia
    Visual composer доаѓа заедно со Елегант и Диви или посебно треба да го купам? Како го решаваат тоа?

    EDIT: BeTheme го даваат со нив -
    • Visual Composer plugin with frontend and backend editor included ($28 value)
    Некој направил споредба каде што добиваш:
    Divi vs X Theme vs BeTheme - WPion
     
    Последна промена: 27 Август 2017
  14. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    987
    598
    8 Август 2017
    Машко
    Newspaper
    Newspaper Theme: How to Update Visual Composer plugin
    Newspaper доаѓаше си со ВК, и си беше се во ред, претпоставувам дека сите премиум теми си доаѓаат со него, ама за секој случај провери си на Документатион и супорт на девелоперот на темата. Инаку ВК е супер, и многу ја олеснува работата при фронт ендот.
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,874
    2,993
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Не разбирам како сите се No.1 theme of all time, Most selling of all time, Best theme of all time,... т.мк синдром :/
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Magnivia

    Magnivia
    Intern

    6
    2
    15 Јули 2017
    Машко
    Divi доаѓа со сопствен билдер кој е направен според некои сектори на в.композер.
    BeTheme го даваат на сите теми како Shared License.

    Доколку ја земеш Диви баш и не ти треба в.композер,но доколку сакаш да го имаш треба да го докупиш.
     
  17. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,357
    2,959
    4 Септември 2008
    Не постои една претплата и милион гратис премиум темплејти. На themeforest имаш различни темплејти, бираш спрема твоите потреби, купуваш регуларна лиценца и правиш страницата. Доколку ти треба истиот темплејт за друга страницата купуваш пак лиценца, итн.
     
    На Magnivia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,999
    1,238
    5 oктомври 2007
    Машко
    Zavisi od modelot na marketot. Theme forest raboti po item purchase, no elegant i drugi imaat subscribtion based, se dideka imas pretplara siminjas se sto imaat.

    AMD Rules и никој да не кажал ништо !
     
  19. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,999
    1,238
    5 oктомври 2007
    Машко
    Sortiraj po number of sales i ke vidis prvi 10-20 koj se.

    AMD Rules и никој да не кажал ништо !
     
  20. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,132
    492
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Точно е тоа дека ВП има поголема корисничка база, и многу плагин и теми, но голем број од плагините се џанк плагини. Џумла има помал број на модули, но тоа не значи дека за нешто нема да најдеш модул, има за се.
    И вордпрес и џумла ги работам просесионално многу долго, и двете имаат мани и предности. Ако планираш да развиваш голем веб сајт сосема е погрешно мислењето дека ВП е подобар избор, напротив.
     
  21. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,999
    1,238
    5 oктомври 2007
    Машко
    Што значи голем, и по кои параметри е џумла подобар?

    AMD Rules и никој да не кажал ништо !
     
  22. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,792
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    За ГОЛЕМ веб сајт како што ти го нарекуваш ни едно ни другото не е добро решение... Ако веќе големиот сајт мора да биде php ондак custom code или laravel, за се останато Java/Python кога станува збор за големи сајтови...
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  23. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,874
    2,993
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Купив Авада. Ако му треба на некој можам да ми ја дадам (се разбира без клуч,... што незнам дали уопште ќе му користи - почетник :D )
     
  24. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,792
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Добредојде во светот на ВП... Ти посакувам многу среќа во оптимизирањето на сајтот... ќе ти треба ;)
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  25. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,874
    2,993
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Мех, исто гомце во различно пакување... :)
    Секако нема да правам e-Банкарство на CMS :D Кога ќе дојде таков момент ќе те консултирам.
     
Слични теми
  1. djgoxy94
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,325
  2. MusicFreak
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,184
  3. petar.bt
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    925
  4. Papa Benedikt
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    2,220
  5. StOrMK
    Одговори:
    25
    Прегледи:
    5,686
Вчитување...

Сподели

Вчитување...