Човек ке помисли дека со самото тоа што сме навлезени во 21.век нашите ИТ/телеком и сл.компании се научија нешто и почнаа да го почитуваат крајниот потрошувач како нормално човечко суштество кое да знае да размислува со своја глава.Поводот за ова ми е што ветувањата за новите услуги што треба да ни ги понудат никогаш ама баш никогаш не кореспондираат со термините кои ги најавуваат.Па иде вака:
-Оннет т.е. Чемерикиќ лично јавно кај Јанко во “Јади бурек“ вети дека за 2.август ке биде пуштена ИПТВ.Еве сме октомври месец,јок ИПТВ.
-Т-хоме истата работа ја вети за октомври,нема ни трага од некоја најава.
-Кејблтел рекоа од 01.10 имате фиксна телефонија, а од тоа еве на 09.10 на сајтот им стои едно големо НАСКОРО.Јака информација.
-Wi-max лиценците се поделени пред поприлично време, со некои рокови од владата до кога ке треба да профункционира,кај моите во Аеродром поставуваа базна станица,им нудеа некој понуди за фиксна телефонија а сега на телефон ако ги прашаш абер немаат кога ке проработат.
Ова е што во моментот можам да се сетам,сигурно има уште.А задново искуство ми е со Кејблтел,се јавувам да ми кажат што канали нудат во дигиталниот пакет, дечково онака културен вика -уште немаме список.Па добро, кажувам како да склучам договор на 1 година а не знам што точно нудат.Типот се извинува,се гледа го ставиле а не знае ни што да ти одговори.Ниту да ти каже кога ќе бидат спремни да ти дадат права информација.Жалосно.