1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Позитивни искуства со продажба на хардвер/предмети ( од членови на It.com.mk)

Дискусија во форумот 'Продавам' започната од тотето, 28 oктомври 2012.

  1. тотето

    тотето
    Спамер

    705
    673
    4 oктомври 2011
    Машко
    Сега за сега имам позитивно искуство со dejan_str од кого купив CM Hyper 212+ многу малку користен (немаше прашина ни изгореници, чист), поклони пастата од друг премиум CM кулер. Тогаш цената на ново беше 1800, а го купив за 750 денари.

    Исто така и со Plamen од кого купив Linksys рутер, како што пишеше во огласот, не беше отпакуван. Цената на рутерот тогаш на ново беше 2300, а јас му го купив за 800 денари.

    Во иднина би купил повторно од членови на It.com.mk.

    И мислам дека насловот треба да се промени само во „Искуства со продажба/купување на предмети“ за да се избегнат и лоши продавачи.
     
    На Bojan Micevski, Omer988, Altair и уште 22 други им се допаѓа ова.
  2. VerifiedUsers Overlay
    psyside

    psyside
    Rising Star

    25,086
    25,379
    4 Септември 2008
    Бидејќи Гојдо отвори тема за негативни искуства, јас ја отворам со цел да се истакнат членовите со кои сте направиле добра зделка, се однесувале коректно, фер и генерално сте имале добро искуство со нив.

    Еве ги корисниците со кои јас имав пријатно искуство.

    Без радослед.

    1.Prichina - коректен и фер, пријатен момак кој 2 пати до сега останал на зборот кога рекол дека ќе купи нешто, секогаш расположен за ентузијастички муабети и графички карти.

    2. gOJDO Човек кој го знам долго време, сум купил кулер од него кој дојде со све во кутијата, коректен фер, и секогаш достоен на зборот, се разбира ентузијаст во секоја смисла на зборот, вистински пријател, многу пати ми излегол во пресрет.

    3. Xenon - исто така човек кој си остана на зборот, многу пријателски расположен и пред се ентузијаст во душа, остане достоен на зборот, и не направи проблем дури ни за тоа што му продадов 6970-та без кутија.

    4. Djambaz - Знам дека веќе се повторувам но тоа е тоа, и за овој член имам многу високо мислење, дојде како што се договоривме, и без збор си ја плати договорената сума, пријателски расположен и пред се многу комуникативен и коректен, се нафати да ми заврши неколку пати дилерски цени од повеќе места, иако не мораше, кога побарав да се раздолжам само се насмеа и кажа дека нема потреба, рескепт! ова не го прават луѓе кои ги сретнуваш прв пат, бидете сигурни во тоа.

    5. Shifty - Екстремно трпелив, пријателски расположен и скромен дечко, кој секогаш си стои на зборот, какви непријатности му приредив (за жал) но збор не кажа, секоја чест другар! респект!

    6. Tomi, Си остана на збор, и го исполни тоа што го кажа, дојде на време, плати без проблем и си замина (иако за жал) мораше мој пријател да го изврши "дилот" исто така без проблем се нафатил да ми заврши за попусти т.е. дилерски цени низ фирмите низ Скопје, коректно нема збор, за пофалби несомнено.

    7. Metuzalem, Без збор си го одржа ветеното, и без ниедно прашање ја прифати цената на еден хард кој го продавав, за жал и со него не се сретнав во живо, но човекот излезе многу коректен и фер, и го плати дискот без никакви прашања или пак некава дилема.

    8. ImTheDude, преку него направив зделка, за еден друг член на форумот, за една антена, дојде ја донесе на точното место, беше прецизен и коректен, иако не го запознав, фер и човек кој си стои на зборот.

    9. KireAMD, Преку него исто така за еден член на форумот земав Diablo III акаунт, екстремно фер и коректен момак, кој освем тоа што дојде со кола, да го логира новиот корисник, исто така му даде околу 100 милиони во злато, како и 2 карактера со фул опрема! набилдани до бесвест, се размуабетивме исто така, искочи дека е ентузијаст во душа кој воедно обожава модирање и X58 базирани конфигурации (горд сопственик на X58 OC) многу пријатно искуство.


    10. Uwemi, Исто така како и другите многу фер, коректен и момак на место, остана на зборот, се појави на договорененото место и си го исполни ветувањето, си направивме и убав муабет за оверклок, и споделивме искуства за истиот, многу позитивно искуство!

    11. Неможам да се сетам на името, на еден член му продадов звучна карта, истата зделка иако имаше една ситна обструкција, сепак се заврши добро, и за него би рекол дека е позитивно искуство, ако се сетам на името ќе го наведам.


    Тоа би било за сега, ако се сетам на некој друг ќе го наведам во темата, слободно постирајте членови со кои сте имале пријатено искуство!
     
    На deki1, Bojan Micevski, godovic и уште 27 други им се допаѓа ова.
  3. ImTheDude

    ImTheDude
    On your way to fame

    579
    630
    31 oктомври 2011
    Машко
    Еве и јас да споделам.


    In no particular order:

    1.shifty - Зедов 6970 од него, дојде дечкото во Тетово, си седнавме на кафе се како треба си помуабетивме, како што беше се договорено си донесе, се спакувано како од салон да сум го купил, никаков проблем.
    2.gOJDO - Зедов GTX460 од него, многу фер дечко, педантен во пакување, коректен за цена, точен и сериозен. Само пофални зборови.
    3.Djambaz - Уште одамна беше ама паметам му дадов 6540 картица, беше точен до минута, како и за psyside ми понуди ако ми треба помош за нешто, дилерски цени и слично, никаков проблем немав ни за договарање, си кажа цена и место и се беше како треба.
    4.Psyside - Со него договарав за една антена, ама испадна во моментот дека неможе он лично да дојде, и испрати човек да се најде со мене, што е за пофалба зошто сепак си остана на зборот иако јас одложив 2 пати. Фала на него што беше коректен.
    5.KireAMD - Земав V8 кулер од него, се зачудив колку беше добро спакувано и средено и чисто. Исто како и со другите членови горенаведени- никаков проблем коректен и точен и за договарање и за се.
    6. Alokin - Мислам дека така ти беше никот, земав од него рамови, додека се најдовме се утепавме од барање ама тоа е зошто јас не го знам Скопјево многу не ради него:) Исправни и точно како што беше договорени делови.

    Со овие 6 наведени било кога да ви треба нешто не се двоумете, барем од моите искуства кажувам искрено... 10/10 Would trade again. :)
    Можно е да заборавив некого, ако се сетам ќе допишам.
     
    На Altair, Kliment123, kloki и уште 12 други им се допаѓа ова.
  4. VerifiedUsers Overlay
    uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,830
    4,370
    20 Февруари 2011
    Машко
    Pa i jas imam kupuvano i prodadeno nesto pa da napisam so koj sto sum se pazaril :).

    Da pocneme od Psyside.
    1.Psyside - Koga se odluciv da napravam ogromna nadgradba na PC se resiv za i7 2600K vo toj moment psyside go prodavase istiot za 12.500 denari (vo prodavnica bese 16.000 denari togas.) Mi se javi 2 pati me prasa dali sigurno ke go zemam procesorot bidejki mu se javile 2-3 drugi luge...no mu rekov deka ke go zemam 100% i ne go prodade na drug go zacuva za mene.
    2.Steff_Maja - Mesec dena porano se dogovorivme za monitorot sto ke go zemav od kaj nego...znaci 1 mesec cekase za jas da mu kazam "Mozes da go pratis monitorot na ova adresa na ova ime i prezime" Mozebi mu se javil mozebi ne mu se javil nikoj za monitorot noo si ostana na zborot i go zacuva za mene monitorot i koga go prati go prati so se kutia i dodatoci...kako od prodavnica :)
    3.BadMan - Mozebi clenot so koj sto naj vekje sum pazaril...HDD , RAM , MB , CPU , GPU odprilika 15.000 denari sme napravile pazar fin decko transportot sekogas na negova smetka bilo bez vrska dali jas ke mu dadam nesto ili on ke mi dade nesto...

    Imam napraveno pazar uste so 2-3 clenovi no nesto ne mi teknuvaat iminjata bidejki bese pred godina i nesto... ke gi navedam dokolku mi tekne nekoj od niv :)
     
    На 1zzy_st, Bojan Micevski, kloki и уште 14 други им се допаѓа ова.
  5. vane44

    vane44
    Баниран/a

    1,417
    773
    26 ноември 2010
    И јас имам многу убаво искуство со еден член ама за жал сега е баниран детето фино лепо ме пречека од училиште бевме кај него дома земавме што треба и на пат кај Томи се сретнавме со уште двајца членови од форумот(тонино и лали) и завршивме работа ептен добро а успат и кафе и сокче пиев кај Тонино во дуќан:D
    Исто и со Даворкне имам еден мал бизниз правено пред Бисер фино дете педантен се појави точно на закажаното време
     
    На Bojan Micevski, aleksandro, kloki и уште 7 други им се допаѓа ова.
  6. VerifiedUsers Overlay
    Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,324
    24,890
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Морам тука да го спомнам imperial кој поклони Рам меморија со се кулер за истите, без никакви проблеми како рече така и стори. Се слушнавме се најдовме го земав кулерчето и сеуште го користам.
     
    На 1zzy_st, aleksandro, GhostRider и уште 12 други им се допаѓа ова.
  7. VerifiedUsers Overlay
    StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    3,929
    3,498
    5 Декември 2009
    Машко
    Па имам продавано доста работи по форуми, и нешто купено истотака...

    Повеќето од деловите што ми се дадени/купени се земени од страна на татко ми пошто е низ Македонија, и он ми ги носи/зема деловите, така да не се знам со сите продавачи/купувачи.
    Како и да е...

    ARMac - Дејан, фин човек, се точно си дојде на време се договоривме. Само ми донесе огромно ќесе. :D :p
    Земав од него напојување и ваерлес картица, кои еве ги работат супер.

    BaDMaN - Му продадов графичка и рам меморија. Си дојде на време, си ги зема деловите.

    Revan - Од него земав компјутерче цело + монитор, за скоро без пари. :) Се договоривме, се најдовме, го пробав компјутерот кај него дома и еве го си работи без проблем.

    Goce_MKD - Му продадов матична + процесор + Hyper101 + рам. Се договоривме, си плати човекот и тоа.

    Не можам да се сетам дали беше alokin, членот на кој што му ја продадов 7600 ката. Ако е, добар дечко, се договоривме и кај него дома си ја проба графичката, си плати и се поштено.

    Од оние што не се знам со нив, а сум им продал/купил делови:

    bate_mile - Hyper 101( излезе мала грешка, мислел дека е TX3 ка, али не е битно). Човекот се понуди да го земе кулерот назад и да ми ги врати парите - поштено од негова страна, и го ценам тоа. Но сепак го задржав кулерот, работеше супер.



    tomi - Му дадов 8400 ка него.
    Ми се нафати да ми земе делови по дилеска цена, нешто што го поштувам.


    Pilsator - Му имам продадено рам мемории на дечкото, ми пиша порака дека работеле одлично и е задоволен.

    techbro - Само што видов дека е баниран дечкото. Од него имам купено процесор за другар еден. Исправен беше се како што треба.

    Имам продавано и други делови на членови по форумов, али не сум имал искуство никакво со нив, оти се работело за делови како куќишта и сл.
    Тоа е мислам се одприлика, ако има некој што сум заборавил, нека пише. :)
     
    На kikofast, GhostRider, kloki и уште 14 други им се допаѓа ова.
  8. Bozter

    Bozter
    Баниран/a

    1,399
    660
    24 oктомври 2011
    Машко
    Многу позитивни искуства, иако понекогаш, но многу ретко, знаат да се циганчат за мали пари у последна секунда. :) поздрав до сите со кои сум соработувал ♥.
     
    На kloki, Filip96, Zoksimovski и уште 4 други им се допаѓа ова.
  9. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,026
    1,640
    30 Мај 2010
    1. poctopuss - мислам дека членот го напушти форумов. Имав земено од него Epson LX300 стар принтер кој беше всушност нов. Цената беше екстра и сеуште работи без проблем.
    Малку му беше фрка кога го праќаше по Глобко бидејќи му беше прв пат, а јас не пишував адреси на испратниците дека ме знаат од Глобко и му беше малку сомнително, али нема везе, на крај си ги доби парите и ми го потврди тоа.

    2. lynx - од него купив матична со АМ2/3 socket. Праќањето беше по Глобко, уредно си платив, и ден денеска не сум ја пробал плочата дали работи :D

    3. uwеmi - му продадов монитор, а погоре од неговата страна се спомнати деталите

    4. badman - му продадов една графичка 8500GT. Не се сеќавам добро ама ми се чини дека добро му заврши работа и праќањето по Глобко беше на негова сметка

    5. ArMac или грешка сум (кога ќе прочита ќе се изјасни) - исто така му продадов неисправна 8500GT која му требаше само за металните делови од неа

    7. gojdo - од него го купив воденото ладење. Се договоривме за цената, контактиравме по телефон неколку пати и при првата прилика јас отидов кај него дома, си поседовме малку, муабетивме и го земав ладењето спакувано во оригиналната кутија. Слики можат да се видат во ривјуто за него.

    За други ако се сетам ќе ги додадам.
     
    На kloki, Filip96, CaKi_PrO и уште 5 други им се допаѓа ова.
  10. kamikaza333

    kamikaza333
    Gaining Experience

    320
    53
    3 Јануари 2009
    Машко
    Студент ИТ
    Имам добри искуства со Jokerski - купив Монитор vw246h + g800 тастатура пратено по глобко уплатени пари на трансакциска од моја страна предвреме, Tomi купив Слушалки AKG k512 пратено по глобко во ќесе :))) мислам дека и со него преку трансакциска му плаќав предвреме, Zorandesign купив графичка 8500gt и матична am2 m2n mislam bese Карго, пари по пошта, CyberTm продадов лаптоп за делови по глобко пари по пошта ^_^.
     
    На GhostRider, kloki, Filip96 и уште 7 други им се допаѓа ова.
  11. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,855
    1,388
    10 Август 2010
    Машко
    Позитивно искуство со Goce_MKD, сегашен xenon. Му продадов ваерлес картица, се појави на време на договореното место.
     
    На kloki, Filip96, Zoksimovski и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,245
    11,316
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Ќе ги набројам само на кратко (ем купување ем продавање), со сите нив имав ептен позитивни искуства:

    gojdo, psyside, bozter, alokin, olikomerc и уште двајца на кои им се извинувам зашто им го заборавив никот, а пред некое време избришав приватни пораки.

    Редоследот е хронолошки, нема лутење. :D
     
    На kloki, Filip96, Zoksimovski и уште 5 други им се допаѓа ова.
  13. VerifiedUsers Overlay
    SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,119
    20 Април 2007
    Машко
    Јас исто така би набројал неколку членови со кои сум имал позитивно искуство...

    gOJDO
    psyside
    daniel111
    zorandesign
    xenon
    caki
    jokerski
    tomi
    gremlin

    Има сугурно уште членови, само што сум заборавил...Им се извинувам...Доколку има некој, нека ме подсетат, ке дополнам во листата...
     
    На kloki, Filip96, Zoksimovski и уште 7 други им се допаѓа ова.
  14. Karamba

    Karamba
    Gaining Experience

    163
    139
    5 Јуни 2012
    Машко
    1. На dzunko му продадов графичка, требаше да му ја пратам преку Глобко до Битола, ама дека до сега не сум праќал не ми беше сигурно па договоривме некако преку негов пријател кој идеше натаму следниот ден :)

    2. На marv денеска му продадов CRT монитор, се најдовме, ама ко за несреќа заборавив кабли да земам, па мораше до доаѓа до кај мене да му ги дадам, големо извињење :p
     
    На kloki, Filip96, Zoksimovski и уште 5 други им се допаѓа ова.
  15. jovce.

    jovce.
    Gaining Experience

    487
    241
    29 Јули 2010
    Машко
    1. Zorandesgin

    Од него сум купил матична ECS A890GXM-A која памтам тогаш беше 6к ден.Пред да ја прати ми се јави уште еднаш и ме праша да му потврдам за сигурно дали ја земам и откако му потврдив ја прати и другиот ден ја подигнав од каргото.Парите ги оставив во каргото и другиот ден парите беа кај него.

    Вториот пат купував рам.Рамот беше Patriot 2х2gb 1333MHz ддр3.Другиот ден едниот од рамот ми се зафркна од х причини, му се јавив на Зоран и бидејќи знаеше дека тогаш само го горев компјутерот т.е. клокував ми рече дека можеби е нешто од оверклокот ( првиот ден кога го ставив рамот на компјутерот, го ресетирав биосот и немав чепнато ниедна опција за оверклок, но другиот ден само што реков ај да го клокнам компјутерот, одтиов во биос и ко ке видам што ке видам 6гб рам наместо 8, нешто имаше проблем со латенциите, беа премногу големи и компјутерот со таа плоча не сакаше воопшто да бутира), но не ми направи воопшто проблем, ми рече прати го и ке ти го заменам за нов.Почекав недела дена и си добив нов рам.


    После можеби година дена ми се расипа матичната плоча т.е. звучната карта и истотака како за рамот, ја пратив матичната кај Зоран и добив нова матична т.е. поуба GA990XA UD3 без да доплатам ниеден денар, а колку што сметав требаше да доплатам 7-800ден.Плус добив и нова гаранција за матичната.
    Се на се добро искуство имам со Зоран, фер дечко кој не ми направи ниден проблем со тоа што знаеше дека го клокам компјутерот :D

    2. Tonino
    Иако не се работеше за мене сепак работата заврши како што треба....
    Имав огласено графичка на еден другар, ми прати порака дека е заинтересиран за графичката и има човек во Охрид кој се враќа за некој ден во Скопје и дека преку него ке ја земи графичката.После некој ден се јави другарот на Тонино, се најдоа со мојот другар и графичката стигна кај Тонино.
     
    На Filip96, Zoksimovski, Mobilni Telefoni и уште 6 други им се допаѓа ова.
  16. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,337
    5,252
    24 Март 2009
    Машко
    Јас со следниве членови сум имал купопродажни искуства:
    gOJDO, BaDMaN, bate_mile, Goce_MKD и SaleSk али тој беше во улога на курир на gOJDO :)
    Нормално со сите позитивно искуство, речено сторено.
     
    На kloki, Filip96, CaKi_PrO и уште 5 други им се допаѓа ова.
  17. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,026
    1,640
    30 Мај 2010
    Леле DJAMBAZ извини :D

    8. DJAMBAZ - од него го земав SSD-то кое беше ново, а самиот се понуди да ми го донесе до Куманово бидејќи тука беше на работа. Фер дечко и него не треба да го запоставувате ;)
     
    На kloki, Filip96, Zoksimovski и уште 5 други им се допаѓа ова.
  18. VerifiedUsers Overlay
    olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,564
    3,480
    11 Декември 2008
    Машко
    Сум имал позитивни искуства со:

    Badman, Vlacki, Metuzalem, RagingDemon, goranzoran и уште некои не ми текнува на никовите...
     
    На kloki, Filip96, CaKi_PrO и уште 5 други им се допаѓа ова.
  19. alokin

    alokin
    Intern

    188
    45
    30 Април 2009
    Машко
    Само позитивни искуства до сега... има супер дечки на форумов :)

    ARMac: Купено PCI WiFi 56g Belkin и се сеуште се користи на старото пц.
    Metuzalem: Купено плоча,процесор, хардиск, напојување, се беше како што треба, кутија за плочата, спакувано.
    StalkeR: Asus FX 7600GS графичка, од Велес мислам беше дечкото.
    Internalsis: Комплет компјутер без монитор за другар, бев видов истестирав го земав никаков проблем до сега.
    Speedy: Monitor CRT 17 Samsung SyncMaster 793DF, супер дечко неколку пати се имаме видено и разменето делови.
    Tomi: Купено напојување, пробано на лице место исправно.
    Techbro: 2x1gb DDR 2, тестирано со мемтест, пробано кај него на машината за која беа купени.
     
    На kloki, Filip96, Zoksimovski и уште 5 други им се допаѓа ова.
  20. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,281
    2,310
    9 Февруари 2011
    До сега од форумов сум пазарел од gojdo, gremlin и xenon. Топ се сите.
     
    На kloki, Filip96, Zoksimovski и уште 6 други им се допаѓа ова.
  21. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,189
    1,590
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Немам скоро воопшто купувано најмногу имам продавано делови ... можеби тоа е поради фактот дека секогаш купувам прилично нови mainstream модели па после ги продавам и правам апгрејд :). Само графички картици имам сменето над 50 до сега и скоро се сум продал по форумиве ... Голема благодарност до gOJDO, SaleSk i Gaston кои ми имаат помогнато многу, поздрав исто и до KireAMD, последно со него се видов за графичка, многу фер испадна и мора да го пофалам, исто и DJAMBAZ веќе psyside добро го опиша ... искрено не памтам кој како но до сега сум немал лошо искуство во форумов повеќето се топ дечки ;), поздрав.
     
    На kloki, Filip96, Zoksimovski и уште 6 други им се допаѓа ова.
  22. VerifiedUsers Overlay
    BaDMaN

    BaDMaN
    Gaining Experience

    135
    89
    26 Април 2007
    Позитивни искуства.. од uwemi, olikomerc, tomi, lynx, SaleSk, bate mile... ги има многу повеќе што имам купувано по еден пат така, не можам да се сетам во моментот, главно искуството со купо продажбата на делови од форумот оди во најдобар ред :D.
     
    На kloki, Zoksimovski, Gotiks и уште 5 други им се допаѓа ова.
  23. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    531
    327
    2 Март 2010
    Машко
    Xenon e Goce_MKD? Да, сум имал позитивно искуство со тој тип. Земав меморија на 2пати од него, иако не сум од Скопје лесно договоривме плаќање и преземање.
    Исто и од maci иам земано куќиште и графичка, топ типче!
    Со Sukhoi (т.е со татко му :D ) исто иам позитивно искуство во купување.
    Топ дечки има на форумот и за купување и продавање и за соработка, само треба да има повеќе дружење :kiss:
     
    На kloki, Zoksimovski, Gotiks и уште 3 други им се допаѓа ова.
  24. VerifiedUsers Overlay
    xenon

    xenon
    Guru

    3,819
    9,526
    15 Јануари 2011
    Машко
    Не сум Гоце, незнам зошто оваа конфузија ја приметувам вторпат.

    Xenon = Благоја ирл.

     
    kloki, Zoksimovski и на Goce_MKD им се допаѓа ова.
  25. Goce_MKD

    Goce_MKD
    Gaining Experience

    74
    54
    26 Јануари 2011
    henon е henon, Goce_MKD е Goce_MKD :)
    Поздрав до сите со кои сме соработувале
     
    kloki, Zoksimovski, Gotiks и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...