1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Позади добар коњ.. прашина се крева :-))

Дискусија во форумот 'Боречки клуб' започната од D, 23 Февруари 2008.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. Marko

    Marko
    Баниран/a

    106
    1
    16 Јануари 2008
    D, па затварај темава.. мислеше сите ќе ти лижат нозе и ќе ти се умилкуваат, ама џабе ти е, сам си ја скапа главата.
     
  2. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    :LOL::LOL::LOL::LOL::LOL:
     
  3. LiquidWorm

    LiquidWorm
    Администратор

    2,667
    183
    26 Март 2007
  4. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    [​IMG]

    :LOL::LOL::LOL::LOL::LOL::LOL:
     
  5. vladomkd

    vladomkd
    Баниран/a

    114
    0
    22 Август 2007
    по вечерашната жестока дискусија која доцна ја забележав и не успеав да и се приклучам (од веќе видени причини) би сакал и јас да го кажам своето мислење како член. тоа сеуште е дозволено нели?

    како прво почитуван Дамјан, кукавички е да се отвори провокаторска тема и кога дискусијата нема да се одвива онака како што било замислено, истата да биде затворена (и додатно да се постира на затворена тема). темата е отворена со цел да се провоцира и навредува, према тоа бидете истрајни да го дочекате ефектот од вашите провокации. ако мислите дека ви го руши угледот на форумот (или компанијата, не е битно) тогаш не сте требале да отварате такви теми.

    второ, темата наводно е отворена од член, кој го искажува своето мислење (а не официјалниот став на ит.ком.мк), а сепак темата завршува со администраторски потег на истиот член - затворање. член не затвара теми.

    трето (и многу битно). вие зборете што сакате за дотичниот nakurov, ама фактот останува дека nakurov бил, Е, и ќе биде ваш и само ваш проблем. nakurov бил ваш член и nakurov немал никаква врска со hardware.com.mk се додека вие не сте го банирале (или што и да сте направиле) и со тоа сте си створиле проблем.
    nakurov се регистрирал на hardware.com.mk за да го промовира својот гнев од ВАС, објавен на друго место. и не е единствен. hardware.com.mk има политика на слободно изразување на мислењето на членовите и според тоа постот на nakurov не е избришан.
    како што секаде се правдате со тоа дека имате своја политика и правила, така има и hardware.com.mk, па според тоа наместо да лаете и да наметнувате влијание, сте можеле да контактирате со некој од hardware.com.mk и да замолите ситуацијата да биде разрешена, со што би ја избегнале целава компликација.

    четврто, администраторите и модераторите на hardware.com.mk не се платени ни денар за нивното време поминато на форумот, според тоа немаат интерес да ги преземат членовите на ит.ком.мк и изјавите за конкуренција и љубомора кон ит.ком.мк се тотално без врска и неосновани. уште помалку имаат интерес да се расправаат и да пишуваат вакви километражни постови 05:00. како што реков погоре, да сте реагирале на време целава фарса ќе беше избегната. ама изгледа полесно е сопствената вина да се префрли на друг.

    петто проблемите барајте си ги кај вас. за цело ова време кое го поминувам на интернет слушам критики само за два форуми, во кои не спаѓа хардвер.ком.мк. бришење и бан ви се на среден клик на маусот, тоа си е ваш избор и никој друг не ви е крив. пошто најверојатно топиков ќе биде затворен и/или јас баниран, бујрум на хардвер.ком.мк да ја довршиме дискусијава и да видиме кој бил во право, а кој не.

    шесто, постов не е за да и долевам бензин на расправијата, туку за да го кажам мислењето на другата страна. знам дека сега фино лепо ќе реплицирате за секој пасус во мојот пост и со тоа ќе го покажете немањево волја за комуникација. ако сакате соработка, предлогот стои во точките три и четири.

    се надевам дека бев доволно културен и креативен.

    Со почит,
    Петрушевски Владо
     
  6. Object

    Object
    Intern

    75
    0
    18 Септември 2007
    Само едно ќе кажам

    ИТ Моментално:
    Теми: 3,073, Мислења: 36,331, Членови: 1,640

    Молимте додај едно - Active: 10 (од кој 5-6 administators :)))

    Ајт пријатно. И научи како се води форум
     
  7. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    На барање на некои членови (пр. vladomkd) темава еве, за да не биде дека јас сум избегал од она што го мислам или слично, ќе биде повторно отворена, само што овојпат, нема да земам толкаво учество во неа.

    Темава е мое лично мислење, а не ставот на IT.com.mk, за официјалниот став, тука.

    Мислењата на vladomkd и Object, се префрлени од наведената тема.
     
  8. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    Едноставно Владо, на целава оваа тема ќе го додам следново:

    Член, кој е администратор на Hardware.com.mk се зачленува на овој форум, и после неколку опомени повторно продолжува со прекршување на правилата и на сето тоа, на неговиот форум иницира и поддржува блогови кои се омаловажувачки за македонскиот веб... а и јасно и гласно истакнува дека има проблем со овој форум. Тоа ми беше целата поента, дека сето тоа некако не ми звучи баш нај нај.

    Сите членови треба да разберат дека форумов си има свои правила до кои ќе се придржува и работата на админите и модераторите е да ги спроведуваат тие правила. Доколку не ви се допаѓаат правилата или политиката на форумот, помеѓу изборот да останете тука да се докажувате и да го напуштите форумот, ве охрабрувам да го остварите вториот чекор.

    Во никој мој пост не навредив некого, знаејќи како ќе води дискусијава и дека само ќе се создава омраза, заедно со уште еден администратор решивме да ја затвориме темата и да објавиме еден официјален став на IT.com.mk, во кој јасно и културно се наведува официјалното мислењето на овој форум и се истакнува дека немаме проблем со никого, ниту со Hardware.com.mk. Доколку имам навредено некого, нека ми укаже на тоа, ќе се извинам јавно.

    За жал, чекорот со затворање на оваа тема го сфативте како бегање од дискусија и повторно "ограничување" на правата, а не како обид од админите да избегнат расправии.

    Мојот конечен став е, повторувам, форумов си има свои правила и ќе се придржува кон нив, секој кој ќе ги прекршува и ќе се обидува да го понижува овој форум не е добродојден тука. Minimoog беше предупреден и имавме дискусија за неговиот потпис, и после сето тоа повторно провоцира со истакнување на истиот потпис кој му беше избришан. Тој самиот е администратор на форум, и би требало да знае подобро.

    Доколку сакате да придонесете за развој на македонскиот веб и ИТ, останете тука и учествувајте во ИТ дискусии, а доколку сте само член за да постирате во вакви теми... ве молам напуштете го форумов.
     
  9. Object

    Object
    Intern

    75
    0
    18 Септември 2007
    И самиот на моменти се двоумиш и не знаеш што да напишеш:

    [​IMG]

    Незнам дали да ти ја стам ова слика тебе: ?

    [​IMG]

    :bye1::bye1:
     
  10. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    Теми: 3,073, Мислења: 36,334, Членови: 1,640, Активни членови: 842

    Поздрав :))

    Едит:

    Не се секирај, тука е мислењето... се обидувам да го изменам редоследот, #81 мислење да го ставам пред #79..но не ми успева.

    А ете ти колку се активни членови... само колку интересен факт да знаеш дека голем број од членовите не постираат туку активно ги пратат темите.

    Btw, легни си или направи нешто корисно, во Македонија е 6.30 наутро, а ти упорно седиш и се обидуваш да постираш на негативни теми... ах бе момче...
     
  11. pudge

    pudge
    Intern

    128
    1
    28 ноември 2007
    izgleda ima poveke momci koi ne im e po kejf forumot, i izgleda doprva ke niknat uste tolku.
    clenovi nema poveke od 50 koi aktivno pisuvaat na forumov, od koi pola se deca, pola sakaat da se dokazat kolku se pametni i pisuvaat tutotiali samo za da stanat moderatori ili administratori. Da imase 1600 clenovi do sega nemase da se zamarate so vakvi temi.
    Druga rabota, razmislete kolku luge se banirani, kolku luge ne vi mirisaaat forumov i kolku luge si otisle radi vasata politika sto ja vodite tuka. Brojkata ke bide golema. Ne li vi znaci nesto toa?

    I da vi odgovoram na prasanjeto: zasto ako na nekoj ne mu se sviga forumov a uste e aktiven? eve jas ke bidam samiot primer: ne ve citam vas, tuku gi citam lugeto koi imaat nesto asalno da kazat (a tie se malku) . Znaci vie tuka nemate nikakva vrska. Tie asalni postovi mozat da bidat i na drug forum.

    i da forumov vi odi vo druga nasoka no samo vie si mislite deka toa ne e taka. Zasto e toa taka? namesto temite od hardware, programiranje, web dizajn itn da vi bidat prepolni so postovi, vas samo borecki klup i offtopic vi se polni ..... sto ima drugo da se kaze tuka.

    Razmislete dali treba da go smenite nacinot na rakovodenje i prestanete da mislite deka celo vreme ste u pravo zatoa sto se administratori.

    sto se odnesuva do drugiot forum - hardware.com.mk, ne im ja znam politikata bidejki ne sum registriran tamu, ama koa ke vidam koj e administrator, odma mi stanuva jasno.


    pozdrav
     
  12. Mr.Alien

    Mr.Alien
    Гостин

    Па, по првите ексцеси со hush language и омаловажувачки и потценувачки однос кон неиускусните корисници, гледам дека сега се придржува до правилата. Секако треба да даде поддршка на овој форум, со оглед на голиот факт дека форумов е во подем, a hardware.com.mk е во дебела стагнација.
    Monimoog е админот Тони Јовановски, стручен за пренесување сајтови. Кога се најдоа некои членови на тој форум со поголемо знаење од него и му натрљаа нос:plachko2:, некако се истопи...го снема....стагнира....или грешам?
    А panakurovci и слични кретени...навистина...кој нормален би ги земал за сериозно.? Од самиот блог се гледа колкав IQ имаат...85?:LOL:
     
  13. GeNeRaToR

    GeNeRaToR
    Intern

    538
    6
    20 Јануари 2008
    @ Mr.Alien

    Убаво им кажа.
     
  14. Mr.Alien

    Mr.Alien
    Гостин

    Не гледам зошто темата ти делува кукавички и провокаторски? Сметам дека сосема е во ред членовите да бидат запознаени какви се реакциите на форумот чии членови се. Тебе можеби те пецна и повреди, затоа што си член и на hardware.com.mk.


    Nakurov наш проблем? Муахахахааа. Give me a breake, please. Такви морони никогаш не биле и не можеле да бидат проблем не само на нашиот, туку и на било кој СЕРИОЗЕН форум, кој држи до одредено ниво.
    Велиш, сте го прибрале...пардон, се зачленил кај вас. ОК, нас не ни пречи, ако на вас такви како него ви чинат. Е сега јас да ве прашам. Дали слободата на изразување која ја има кај вас дозволува плукање по друг форум, кој до тогаш на ниту еден начин не ве допрел, закачнал, навредил, омаловажил. Етички ли е тоа? Членови како nakurov и слични КРЕТЕНИ никому не се потребни ниту членувањето на такви како нив служи на чест на ниту еден форум.
    Да контактираме и замолиме проблемот да се реши? А дали бевте доволно свесни дека ВИЕ го предизвикавте проблемот, т.е. дека со овозможувањето на постирање такви постови можете да предизвикате проблем/реакција?

    И ние администраторите и модератори не сме платени за нашата работа, туку тоа е чисто на доброволна база. Затоа, и ние немаме никаков интерес (особено не материјален) да рушиме туѓи форуми и придобиваме членови. Кој слушнал за нас и решил ДОБРОВОЛНО да членува, членува. Знам дека ова те изненадува, но што да ти правам. Ако ти е криво...drop dead!

    Бројот на банирани е навистина мал, ако баш те интересира. А колкав е, тоа може D да одлучи дали ќе го изнесе.

    Културен да, креативен ниту оддалеку.

    Со почит, Зоран Ивановски, а.к.а Mr.Alien.
     
  15. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,772
    11,801
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не ми се верува дека е отворена ваква тема и дека сте се замарале до толку да полемизирате...Бидејќи сум спомнат директно и индиректно(како модератор на hardware.com.mk), должен сум да кажам што мислам.

    D, член сум на многу светски форуми, за кои it.com.mk представува една пеестина во однос на членови, теми и мислења. За квалитетот на it.com.mk, си гаеш илузии дека е добар и/или квалитетен.

    Причината зашто сум член на форумов, на hardware.com.mk и други форуми е само моја добра воља да учестувам во развојот на македонската форумска сцена за компјутери и технологија. Мене стурката и работата ми немаат врска со копмпјутери, програмирање или хардвер. Немам корист од членување по форумиве, а за стручни прашања и цели, како што веќе споменав, член сум на многу светски форуми од каде добивам неспоредливо поклваитетни, посестрани, пообјективни и пообилни информации поврзани со било што, одошто на форумов, на hardware.com.mk или на други македонски форуми.

    Нема да го споредувам односот на hardware.com.mk(провери од кога сум член), ќе го споредам со hardwarebg.com. И тоа е комерцијален сајт и форум, но бугарите многу поинаку и многу поубаво ме прифатија ко член на hardware.com.mk.

    Останете си со македонштината во себе. Можам само да ви посакам среќа во вашиот рапиден развој.
     
  16. Mr.Alien

    Mr.Alien
    Гостин

    Немој да мислиш дека си единствениот кој прати странски форуми или е член на некој од нив.
    И јас сум член на неколку странски форуми, со ниво повисоко од бугарскиот. hardwarebg.com и не е нешто особено.
    Како што можеше да приметиш, моите постови во најголемиот дел се прилагодени на нивото на знаење на оној кој поставил прашање. Некој кој е во дилема каква графичка картичка да купи, а притоа главен основ му е цената, или прашува која графичка е подобра - на таков член ништо не му значи одговор која картичка колку shader и ROP единици има. Или кој е во дилема помеѓу два процесори - што му значи поимот pmos? Или новата архитектура на транзисторите во Intel процесорите? Што му значи фактот што изолаторот е од хафниум, наместо силикон како досега? И што гејт електродата (излезот од транзисторот) е метална? Или, колкава к вредност има хафниумот? Ајде бре...
    Гледам дека си јак кај сувите факти, но тоа не е ништо особено, драги мој. Помалку си агилен кај пронаоѓањето решение за некој проблем.
    Приметив дека ги добиваш истите datasheet-ови како и јас. Си постирал на сајтот на FutureMark, ако не грешам, оверклок резултат. Браво, ОК. Можеби и јас на времето требаше да го сторам истот кога ја преминав (тогашната) бариера од 20000 поени на 3D MARK 2001, и со Intel Pentium 4 2.8 Northwood/Gainward Geforce 5950 Ultra/Kingmax DDR433, и со AMD Athlon 3000+/MSI Radeon 9800 Pro/Corsair XMS DDR400.
    Срамота е што правиш споредба на овој форум со странски, со потценувачки однос кон овој и кон hardware.com.mk. Тогаш, зошто членуваш? Да го кренеш нивото, да едуцираш, како што велиш?
    Не се едуцира со суви факти.
    А за македонштината...типична македонштина е да се потценува своето. Како што направи ти во твојот пост.
     
  17. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    63
    1 Март 2007
    Тебе ти пречи темава или таков впечаток сум добил од она што го прочитав?
    Како што на hardware.com.mk има дискусија за форумов, така и овде има дискусија што се зборува кај вас, незнам зошто тоа вас ви пречи.
    А од постовите кои се напишани од страна на администратори на хардвер ком мк, и овде и таму, се добива впечаток дека сте истомисленици со nakurov.

    Незнам како стигнавте до точка каде што се мери квалитетот на форумов во однос на други. Што е финтата со споредување на форумов со други?
    Причината поради која си член си е твоја работа.

    На форумов владеат правила и администраторите и модераторите се должни да ги спроведуваат а членовите да ги почитуваат. Квалитетот на форумов е сосема друга работа.
     
  18. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    63
    1 Март 2007
    Се спуштате на многу ниско ниво. Тука можевме да расчистиме дека нема никакви недоразбирања помеѓу двата форуми и никому ништо. Вака како што тргна, најверојатно Nakurov успева во својата глупа намера, а вие сте жртвите.

    Како и да е, што имав да кажам - кажав и овде на хардвер ком мк. Мислам дека сите одговори од прашањата кои би произлегле со понатамошни дискусии овде можат да се најдат во моите постови, заради тоа ќе престанам со постирање во овој дел.
     
  19. vladomkd

    vladomkd
    Баниран/a

    114
    0
    22 Август 2007
    почитуван андријески, да идејата беше да го расчистиме проблемот. како што ми делува, изгледа вие на драго срце сте ја прифатиле улогата на жртви на nakurov, впрочем вие бевте тие што почнавте да урлате. а за тоа колку сум компетентен да дискутирам со тебе ќе ти одговорам на хардвер.ком.мк веднаш по постов. планирав овој одговор да биде до mr.alien па према тоа остатоков од постов се однесува на него.

    кога читаш реченици, читај ги до крај. знам дека тоа ТЕБЕ те изненадува, ама тоа е суштината на изразувањето. значи не реков дека е кукавички да се отвори, реков дека е кукавички да се отвори и кога муабетот ќе тргне во непланирано, да се затвори.

    воопшто не ме пецнало тоа што имате да го кажете за hardware.com.mk, ниту па некогаш ќе ме пецне. таму сум и ќе останам по свој избор, и воопшто, АМА ВООПШТО не ме голицка вашето мислење. значи да сумираме - вас многу не ве интересира хардвер.ком.мк (и затоа прекинете со „секирациите“ за иднината на hardware.com.mk), вас ве боли тоа што nakurov има да го каже за вас на hardware.com.mk, ПА СПОРЕД ТОА NAKUROV Е ВАШ ПРОБЛЕМ. а поготово ти не си меродавен да делиш филозофии за стагнацијата на hardware.com.mk, таму немаш никакво учество према тоа немаш никаква врска и познавање за тој форум.

    воопшто не ме интересира дали вие сте платени или не. вие ја почнавте дискусијата за конкуренции и љубомори, па според тоа право место беше да ви кажам како е органзиран hardware.com.mk.

    а пошто гледам имаш многу желба да се бавиш со вражање, гатање и вреѓање - ПОВЕЛИ ПА ТИ ЦРКНИ. тоа би ти било најпаметно да го направиш, со оглед на тоа дека можеби дискусијата ќе тргнеше некаде да не се приклучеше ти со твоите недозреани постови.
     
  20. Mr.Alien

    Mr.Alien
    Гостин

    Недозреаност гледам само во твоите два последни постови. Бидејќи и јас употребив фраза за цркнување (можеби не била на место), и твојава ја оставам, како право на реплика.
    Но, само сега.
    Што би ми било најпаметно да направам, знам и самиот. Нема да се спуштам на твоето ниско ниво и да дискутирам за тоа - премногу сум паметен за такви нешто.
    Пак ќе ти повторам - nakurov со среќа нека ви е на вашиот форум.
    За тоа дали сум компетентен да давам оцени за вашиот скапан форум, можам да кажам - ДА КОМПЕНТЕНТЕН СУМ. Го читам уште од некаде 2002 година, за твоја информација.
    И, ако имаш нешто паметно да реплицираш, повели. За идни навреди нема да толерирам. Впрочем, и колкаво е IQ-то на луѓе што се служат со нив?
     
  21. vladomkd

    vladomkd
    Баниран/a

    114
    0
    22 Август 2007
    нашиот форум не е наш, туку е на корисниците. ако е толку скапан што си се зачленил?

    незнам, измери го твоето па кажи ми. ти си тој што ги милува навредите, како што се гледа и од цитатот. и не ми се заканувај, не ме плашиш воопшто. ако си доволно маж за да вреѓаш, биди маж да истрпиш вреѓање. многу си силен позади модераторската значка.
     
  22. Mr.Alien

    Mr.Alien
    Гостин

    Види, немам намера да се замарам повеже со тебе и твоите глупости. Реков, и ќе ти повторам, апсолутно последен пат. Ако имаш да постираш нешто паметно, постирај, а мене батали ме. И онака не си ми ни блиску.
    На hardware.com.mk ниту сум, ниту сум бил, ниту пак имам намера да се зачленам, кога гледам таму nakurovci и слични гОВЕДА, и незрели админи како Тони и тебе. Ја следам расправијата и тука и таму, и навистина не ми е јасно зошто губам време на вакви глупости, како реплики на твои постови и потови на hardware.com.mk.
    И, ниту имам намера некого да плашам, ниту сум силен зад модератоската позиција. Повторувам, батали ме мене и глеј си работа. Ако не ти пасува форумов, никој не те задржува со сила ниту тера да членуваш. Ниту тебе, ниту gOJDO, ниту minimoog, minimuda или како веќе беше....
     
  23. Mr.Alien

    Mr.Alien
    Гостин

    Да се исправам - реплики на постови како твојот, и ЧИТАЊЕ постови на hardware.com.mk.
    Гледам дека и мене ме спомнуваш на hardware.com.mk. Грешка си, немам појма кој член е таму, ниту ми е гајле.
     
  24. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    866
    891
    24 Февруари 2008
    Со карања и пцуења не верувам дека нешто ќе се подобри во Македонскиот Cyber простор. Викате да го подобриме, а се карате меѓу себе. Секој форум има различни правила. Овој форум има свои, и членовите треба да ги почитуваат. Ако некој има против правилата, слободно нека си замине.
     
  25. vladomkd

    vladomkd
    Баниран/a

    114
    0
    22 Август 2007
    да изгледа сум грешка, што е на место, на место е затоа прими мое извинување.

    што се однесува до замарањето со тебе, воопшто немам намера ни со тебе ни со никој да се замарам. тебе никој не те спомна во мојот пост. ти сам си се внесе во расправијата, према тоа што бараш од мене да те баталам? шетај слободно, биди паметен колку што на сите страни се фалиш дека си.

    и една напомена пошто гледам дека во секој пост упорно си се повторуваш... никој не ме тера да членувам овде и биди сигурен дека нема да членувам кога ќе приврши расправијава. према тоа доста си се занесуваш дека некој плаче и ви се упикува за овде да биде член.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...