1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Позади добар коњ.. прашина се крева :-))

Дискусија во форумот 'Боречки клуб' започната од D, 23 Февруари 2008.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    Никогаш не би отворил ваква тема... ама навистина слатко се изнсмеав... па си реков ајде да го споделам со вас:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    Дали е од љубомора што IT.com.mk го стигна бројот на членови на нивниот форум (We have 1,682 Forum Members) за само неполни година дена... а тие веќе опстојуваат 6-7 години... или пак е гневот од забранувањето да спамираат со потписи и слики со полуголи женски (да да, minimog и тоа го правеше на форумов :))) или пак е нешто друго не знам...

    За админите кои се "кријат" под никовите D и S, кој сака повеќе да дознае или пак сака нивна биографија, нека пише ПП... јас многу пати го иам истакнато своето целосно име и презиме на форумов... така да, очигледно се трескаат глупости.

    У секој случај момци, ВИЕ САМИТЕ СТЕ избрале и уште избирате да сте дел од овој форум... така да не е убаво да лаете на страна и на блогови...а башка што и да пристапевте ферски и отворено.. ќе остваревме соработка меѓу двата форума... :)

    Ја користам оваа прилика да го поздравам упорниот блогер, кој спамира, навредува и се замара околу репутацијава на форумот... just keep swimming. :)

    Постов ми е онака напишан, со осмех на лицето.... зашто навистина ми се смешни ваквите ситуации...

    Ако не ви се допаѓа форумот, слободно напуштете го... никој со сила не ве држи тука.

    I rest my case. :)
     
  2. Stane

    Stane
    Gaining Experience

    2,497
    75
    4 oктомври 2007
    Хахахахахаа.И мене ме изнасмеја!!!!
     
  3. GeNeRaToR

    GeNeRaToR
    Intern

    538
    6
    20 Јануари 2008
    Јас прв видов дека овој постирал SPAM линкови од неговиот блог и одма пратив ПП на Amd Fan. Кога јас виде беа 13 постови ама додека пишував станале 30. На тој блог има секакви глупости. Мислам дека најчесто се оговараа админите. Па си измислувал чоекот вицови за форумот. Нејкам да пракам линк ама мислам дека треба да се контактира со тие што го водат www.blog.com.mk и да се каже да се избрише блогот оти воа стварно е срамота. Незнам дали сте виделе ама ваква работа не сум видел.
     
  4. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    137
    10 ноември 2007
    Машко
    Батко ова не е смешно. Трагично е!

    GeNeRaToR:
    А бе што се однесува до мене, нека продолжат со таквите блогови. Праксава покажува дека голем број на членови се регистрираат откако го виделе блогот и остануваат тука зачудени дека станува збор за навистина квалитетен форум на кој сите можат да му позавидат.

    Па продолжете со блогот дечки! Дава резултати! :LOL::LOL:
     
  5. hmmm

    hmmm
    Gaining Experience

    1,250
    84
    30 ноември 2007
    nikogas ne bi zboruval vaka za ovoj forum, duri i da me prisiluvaat, bidejki mi e ubavo i drago sto sum ovde...
     
  6. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    137
    10 ноември 2007
    Машко
    Само ми се чини дека од целава оваа работа од угледот ќе загуби хардвер.ком.мк. ;) Само напред! :bravo:
     
  7. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    искрено... стварно ги почитував момците од хардвер пред овие глупости... сега не ми се верува дека некој со такво искуство и знаење може да прави вакви глупости... ама јпг...
     
  8. Marko

    Marko
    Баниран/a

    106
    1
    16 Јануари 2008
    gif :LOL:

    Стварно незнам што толку е проблемов. И да се изнервирани, ок, па ако не им се свиѓа чао пријатно.
     
  9. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    63
    1 Март 2007
    Постот на gOJDO ми делува Ок, барем тој каде што вели дека ќе му даде шанса на форумов (lol)

    Само ме чуди што сериозно се земени во предвид личности кои имаат псевдоним како NaKurov? Мислам, дај :) Целата ситуација изгледа како завера против форумов, или како нас да ни е криво ако некој учевствува во дискусиите на форумов со коментари кои се квалитетни и држат вода :p
     
  10. Stane

    Stane
    Gaining Experience

    2,497
    75
    4 oктомври 2007
    Љубоморат,нема што.Како што кажа Д нивниот форум е по стар од овој,а имаат помалце членови.Отидов на нивниот форум,и уште од прв поглед ми се згади,како 1 изгледот на форумот им е...2 многу зборат глупости,едноставно не сакам да се дружам сто такво друштво!!
    Форумов е 5 и не се откажувам од него!!
     
  11. Alexandar

    Alexandar
    Gaining Experience

    2,514
    90
    21 Мај 2007
    Македонска работа. Зошто комшијата да има подобра овца од мојата?

    Е токму заради ова нашата земја цело време пати, зашто премногу се замараме со туѓи проблеми (нашите се секогаш средени, нели), наместо да си направиш добра реклама и да се издигнеш над другите, ти правиш лоша реклама за конкуренцијата. Но не секогаш работите се одвиваат според планот или можеби грешам?
     
  12. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,712
    214
    27 oктомври 2007
    Машко
    No comment, но како што кажа D со насловот на темата
    форумот е супер, и секој има шанса да каже свое мислење. Нормално тоа што не е во контекст на темата мора да "замине"
     
  13. MARTIN_MKD

    MARTIN_MKD
    Intern

    419
    2
    27 ноември 2007
    Ова е тоа што никогаш сум го неќел во нашиот менталитет, дали некогаш ќе се искорени :ermm::ermm::ermm:
     
  14. JimmyKing

    JimmyKing
    Баниран/a

    49
    0
    21 Септември 2007
    Не е за смеење за плачење е работата. Ве критикуваат а вие се смеете. Па дај запрашајте се зошто вашиот форум е толку критикуван. Не може се вие да сте во право.
    Смејте се, ама кој последен се смее најслатко се смее.
     
  15. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    Рече оној на кој во потписот му стои: "СПАМ" (што значи потписот му е претходно избришан заради прекршување на правилата на форумот.)

    Мислам дека не разликуваш критика од прост обид за навреда, обид за нарушување на репутација, и практикување на политика "да му умре козата на комшијата."

    Според мене прифаќаме само реални критики, а вакви подли игри, не ми се за прифаќање... Па ако не прифаќаме критики зошто тогаш постои темата Ваши сугестии. Ѕирни ја темата некогаш и види колку од критиките таму се прифатени од наша страна...

    Критика - разгледување и оцена на некоја постапка, работа или предмет; стручна оцена на вредноста на некое книжевно, уметничко или научно дело.

    Ѕирни го насловот на темата.

    Ми се допаѓа твоето мислење... важно е сите да се смееме, а сега на кого му е најслатко не е важно... ;-)
     
  16. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    670
    136
    10 Мај 2007
    @nakurov: Пљукни посилно, не стигна до тука :)

    (знам дека ќе го прочиташ ова :bye1:)
     
  17. minimoog

    minimoog
    Intern

    317
    16
    14 Јули 2007
    Ќе објаснам некои работи кои можеби ќе ви изгледаат многу ЧУДНО. Малку од другата страна. Пошто вака и онака ме замешавте (можеби јас се замешав, сеедно).

    Политиката на „дотичниот“ сајт е да не се бришат постови. Или ако се бришат да биде во минимален број. Не е дозволено спамирање (кај нас е поинаков поимот, отколку овде, ќе објаснам подолу). Не е дозволено политика, како и пцуење. Карање меѓу членовите е дозволено ако е во културни рамки. Се на се, нема некои официјални правила. Што можеби некому ќе изгледа чудно.

    Заради ова погоре, му беше дозволено на nakurov да пишува, никого не навреди, не опцу, ниту спамираше. А и од наша страна беше сфатено како зезање (и уште го гледам тоа така). Додатно ставено е во Off Topic тема. Друг проблем е што се надоврзаа други членови кои си имале проблеми со други форуми. Тука сум и јас. Е сега, проблемот е што други луѓе не разбираат, дека јас лично си правам дистинкција помеѓу администратор и член на форумот. Значи 99% од моите постови се како обичен член на „дотичниот“ форум, останатиот дел се администраторски (најчесто јавни напомени). И мислам дека тој мој однос, како обичен член, а не како администратор, многу го почитуваат членовите на „дотичниот“ форум. Така и сакам да ме третираат како најобичен член, а не како админ (мада тоа не може да се скрие).

    Значи, да резимирам, моите коментари за овој сајт, се мои ЛИЧНИ, а не како администратор на „дотичниот“ сајт. Но не верувам дека тоа ќе го сфатите лесно.

    И ако се погледне целиот тред со nakurov, напоменато му е што може да прави, а што не. А целата насока кон каде се движи тредот...тоа сами треба да си оцените. Ептем е очигледно, но толку ќе коментирам.

    Сега за спамот. Нашата дефиниција за спам е можеби поправилна отколку вашата. Дозволено е линк кон друг сајт (да, да, има линкови кон други т.н. конкурентски форуми, има и спрема вашиот!), во потписите може да има линк кон каде сакаш итн. Тука сме доста либерални, и затоа се се вика интернет, не интранет. Тогаш што е спам? Спам е кога ќе има директна реклама кон некоја фирма, и тоа во повеќе постови, евентуално простуваме по еден пост. Но напомената ќе стана јавна, зошто една од политиката е да бидеме што повеќе транспарентни.

    Официјално кажано, немаме апсолутно ништо против it.com.mk. Дали некои членови на „дотичниот“ форум имаат проблеми со вашиов форум. Имаат. Тоа е нивно право, и тоа право можат секојпат да го изразат, на „дотичниот“ форум, или било каде. Тоа е најнормална работа. И баш овде гледам таков пример, и не се љутам. Па дури и се вклучив во дискусија.

    ЈАС имам проблеми со овој форум, пред се зошто двапати ми го бришевте потписот без напомена, третиот пат имавме дискусија со D, четвриот пат добив црвен картон (што и да е тоа) зошто сум спамирал, т.е. дека еден од линковите е кон компанија. Јас само едно ќе речам, ако линкот е кон компанија, тогаш компанијата одамна ќе беше банкрот. Ако мислите дека заработуваме пари, сте во голема грешка. Толку за тоа.

    Друга работа. Ние немаме конкуренција. Ова е во друга смисла кажано. Но намерно нема да коментирам повеќе...

    AMD_fan ич да не се секираш за нашата репутација.

    D, луѓето прават глупости. Ама тој што не го сфаќа тоа е поглуп.

    Marko, не сме изнервирани. Повеќе би рекол, изнасмеани.

    Andrijeski, нема никаква завера. Паранојата е добра работа. Не ни имам време за завери. Губење време.

    Stane, нема што да љубоморам. Не ти се свиѓал форумот, тоа твоја работа. А инаку точно е тоа, дека се зборат глупости. Да видиш јас колку сум ги тресел...

    И не земајте некои работи при срце.
     
  18. JimmyKing

    JimmyKing
    Баниран/a

    49
    0
    21 Септември 2007
    D , ti si toj sto go brane forumov na hardware.com.mk Ti si koj drug moze da bide. se raspisa covekot. A na hardware.com.mk vo potpist imas link do forumov. Gledas deka tamu davaat i ne go smetaat toa za SPAM bidejki toa i ne e SPAM. a tuka link vo potpis se smeta za SPAM. Samo adminite moze link do drug sajt vo potpis da imaat.
     
  19. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    Тоа у заградите. :)

    Вашата политика си е Ваша работа.

    Сфаќаме и истата политика ја водиме тука...

    Доколку никот не му е навредувачки за Вас, тогаш во ред...

    Пак, Вашата политика е Ваша работа... СПАМ-от ние малку поразлично го третираме на овој форум.

     
  20. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    Со малку логика ќе сфатиш дека не сум јас... туку Андријески...

    А и малку ти треба за да сфатиш дека потписот му е намерно ставен. :))
     
  21. JimmyKing

    JimmyKing
    Баниран/a

    49
    0
    21 Септември 2007
    Логика. Е па таму тиа се пише DrunkY, па бидејќи ти тука си само D мислев ти си. A и убаво си ја крстил темава. Баш така воа е штала а сите тука се коњи и магариња. Оти воа на форум не ми личе.
    No Offense :bye1:
     
  22. StarBuck

    StarBuck
    HC

    1,295
    48
    16 Февруари 2008
    QA
    јас гарантирам дека не се сите коњи и магариња... Има и едно маче! :ua:
     
  23. minimoog

    minimoog
    Intern

    317
    16
    14 Јули 2007
    Не се плашите вие од комерцијалноста (незнам само кај виде ценовници и маркетинг понуди) на нашиот сајт, се плашите од нешто друго, и изгледа тоа вие трн во око.

    Вас ви смета „дотичниот“ сајт. Барем признајте...да не се тормозиме. Бидете искрени, и да ја скратиме расправијата.
     
  24. greenman

    greenman
    Intern

    211
    1
    9 ноември 2007
    :)):)):)):))
     
  25. D

    D
    Администратор

    3,230
    1,607
    31 Март 2007
    Мечка страв, нас не (од што и да е.)

    А за ценовниците, луѓе дај помагајте, дали само јас гледам ова или ми се причинува:

    [​IMG]

    А башка десно пишува Реклами и има лого-а на фирми...


    Не, не ни смета Hardware.com.mk, ни смета недоличното однесување на администраторите и членовите на Hardware.com.mk.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...