Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Power Bank до 3,000 ден

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1.164
476
Барам некој power bank до 3,000 денари. Да е од некој по - соодветен бренд, не ми се зима од некои непознати кинески брендови.

Стриктно од Сетек / Нептун / Анхоч

Барам по можност до 20,000 mAh, со брзо полнење, минимум 2 USB A порти, и тип ц за полнење.

Јас барав нешто и најдов на нептун:


Тука обично се доста непознати кинески брендови (лично бев до нивна продавница и разгледав), а едини ОК бренд кој што го видов е VARTA (линк пратив погоре). Иначе јас преку Нептун имам нешто 3% Cashback, ради тоа што имав роденден пред неколку дена, и ова 3% Cashback ми важи до денес.

Anker, кој што е еден од најдобрите брендови за Power Banks ги има во Anhoch, али тие се поскапи.

Е сега знам дека во Setec има и Xiaomi. Ама како што гледам, на голем дел од тие брендови што рекламираат дека имаат еве на пр. 10,000 mAh капацитет, всушност во реалноста (rated capacity) е нешто испод 5,000 mAh (отприлика знам зошто е тоа така, не ми треба објаснување). Така да, со некој "10,000"mAh Power Bank од Xiaomi, мојот телефон со 4,000 mAh батерија би можел да го наполнам само еднаш, или ајде преку сила 1,5 пати. Затоа гледам и нешто од 20,000 mAh, што би имал rated capacity од ~12,000 mAh, што значи дека мојот телефон би можел комотно да го наполнам по 3 пати. И не ми е само за полнење на мојот телефон, туку и за други телефони исто така. Е сега незнам дали тие на Anker што се по 10,000mAh се вистински 10,000 или и кај нив rated capacity е помал од оној што е рекламиран? За оној VARTA power bank - от што го има во нептун, тој полни само 15W. Тоа е можеби една мала негативна ствар за тој power bank. Би преферирал бар да е 20 - 25W.

И не ми се зима од AliExpress / Amazon и други сајтови во моментот, иако знам дека таму може за поевтино да се најде.

Слободно препорачајте подоле!
 

Rilind

professional curtain replacer
26 февруари 2019
414
610

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1.164
476

Овој ти е баш како што го бараш, дури и соларно полнење има. Платинет е добра фирма на powerbank, од искуство 2 години продажва бо Анхоч, ретко некој ги враќаше за во сервис.
Колку вати е полнењето?


Имам 2-3 банки од Шаоми, задоволен, сите работат се уште.
Rated Capacity? 12,000mAh?
 

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1.164
476
Гледам Платинет Power Bank - от има 5V / 2.1A input а Xiaomi Power Bank - от има 9V / 2A input, што значи дека Xiaomi Power Bank - от е побрз во полнење. Не ми е нешто must да имам и соларно, но секако летоска кога е времето по - топло и има сонце, тоа би било додадена предност.
Мислењето е автоматски споено:

Ај за овие мислење?


 
Последна промена:

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1.164
476
Бев сега во Анхоч и се распрашав подетално... За тој соларниот полнел само 10W.

Xiaomi не се лоши, но полнат само 18W.

Е сега другиве што ги гледав на Platinet кои што ми фрлија око се тие погоре од 30,000mAh (rated capacity 12,000mAh) и од 20,000mAh (rated capacity 12,000mAh. Се супер, само што кај тој од 30,000mAh освен таа зелената порта што полни 22W, останатите порти полнеле по 10W. А кај тој од 20,000mAh едната порта полнела по 22W, а другата по 15W. Ни еден power bank до сега што го имам разгледано може да полни и од двете порти по 15, 18 или 22W, тоа секако е очекувано бидејќи колку повеќе телефони полниш, тоа секако ја ослабнува брзината на полнење. И исто така ни еден од овие power banks може да почни (output) преку тип ц, само е input за полнење на power bank - от, а мене реално не ни ми треба да полни преку тип ц.

Сега се мислам дали тој од 30,000 mAh да го земам, или оној од 20,000 mAh на Platinet.

Предноста кај тој од 30,000mAh е секако, капацитетот. Така да, иако другите порти се спори за полнење, би можел јас, со онаа зелената што полни 22W да си го наполнам мојот телефон за побрзо, па одпосле да полнам и други телефони на таа порта. А и на крај краева, ако не е за брзо полнење, па еве тој power bank е со 4 порти, би можел и 4 уреди истовремено да полнам, за поспоро.

Кај тој од 20,000mAh предноста е што и другата порта е 15W, а останатата е 22W. Е сега пак, тој power bank е пак со помал капацитет.

Јас сеуште немам телефон кој што поддржува полнење повеќе од 15 / 18W, нит па некој друг има во фамилија, но би било пожелно бар да имам power bank кој што би поддржал барем 20W како future - proofing.

Значи уште еднаш... Измеѓу овие два:



Кој би ми го препорачале?

(Цена, тежина, изглед, достапност апсолутно не ми е пресудно).
 
Последна промена:

moongose

Unbeatable
19 јули 2013
3.913
4.742
Внимавај со декларациите на излезите, дали максимумот е само кога се полни еден уред или кога се полнат сите истовремено.
 

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1.164
476
Внимавај со декларациите на излезите, дали максимумот е само кога се полни еден уред или кога се полнат сите истовремено.
Епа за тоа реков, дека тоа 22W е само кога се полни еден уред преку таа зелената порта. Логично дека ако полнам еве на тој од 30,000mAh на сите 4 порти, нема ни еден телефон да се полни по 22W. Тогаш сигурно секој телефон, на секоја порта би се полнел по 5W, освен можеби на таа зелената по 7W.
 

bristlebac

On your way to fame
21 декември 2020
279
779
Skopje
Браво за темава, баш размислував и се двоумев каков да купам. Како џокер у покер :love:
 
Последна промена:

xenon

Epic
15 јануари 2011
3.997
10.594
Skopje
xenon's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7950X, 420mm Arctic Freezer Push-Pull
Motherboard
Asux X670E-E
Storage
8TB (1 x 980 PRO 2TB + 3Х KC3000) SSD / 2 x 8tb HDD
PSU
Antec 1300W Pro Platinum
RAM
64GB (2x32) DDR5 6000Mhz G.skill TridenT Z C30
Video card
Gigabyte 7900 XT 20GB
Case
Enthoo Primo - Phanteks
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
Logitech Craft
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x, Adam A3x, TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
42" OLED Asus Rog Swift PG42UQ
OS
Windows 11 Pro
Околу 3400 ден. има Xiaomi што полни со 50W (на еден уред!) наменет да дополнува лаптопи/таблети кои имаат USB-PD порти, искрено само тој уред би го зел моментално (додека не се појават уреди со барем 60-100W кај нас).

Уреди со интегриран соларен панел се чиста глупост, размислете малце, ќе оставите литиум јонска батерија на голо сонце и температури од 60-70C? (сонце/загреана песок, +- толку крева статичен уред).
 

Audiofil

Gaining Experience
28 октомври 2007
1.042
460
Купи си вакво кукиште од интернет и стави му 18650 од реномиран производител чиј капацитет има реални околу 3300-3400mah и само ќе му менуваш батерии по потреба а не херметички затворен па ако отиде една батерија да го фрлиш во канта.Јас овој го имам 8 години,внатре користам од оние зелените од али што наводно се декларираат како Panasonic.На појачало 2 x 50rms во D класа купено од али и звучници од кола MTX 40W RMS ставени во мали кутии на максимум работеше цели 12 саати на излез од 12V:
 
28 јануари 2017
1.857
4.167
Ресен
Купи си вакво кукиште од интернет и стави му 18650 од реномиран производител чиј капацитет има реални околу 3300-3400mah и само ќе му менуваш батерии по потреба а не херметички затворен па ако отиде една батерија да го фрлиш во канта.Јас овој го имам 8 години,внатре користам од оние зелените од али што наводно се декларираат како Panasonic.На појачало 2 x 50rms во D класа купено од али и звучници од кола MTX 40W RMS ставени во мали кутии на максимум работеше цели 12 саати на излез од 12V:
За жал кај нас 6 х 18650 од реномиран производител се ценовно колку 2 банки ако воопшто се најдат да ги купиш.
 

Audiofil

Gaining Experience
28 октомври 2007
1.042
460
Затоа ќе си купиш или од али или од холандската страница nkon.nl а на македонските трговци нека им стојат на рафт батериите. Инаку во однос цена квалитет најскапи излегуваат тие црвените фалсификат што ги продаваат на Битпазар по 200 денари.
 

krema

Epic
24 јуни 2009
14.916
14.682
youtu.be
nkon не испорачува долго време батерии, а од али тешко да најдеш што испорачуваат, но и да најдеш сметај дека 99% ќе добиеш фејк батерии.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.299
Мислења
978.069
Членови
35.585
Најнов член
Megi
На врв Дно