The Geek Boy
Gaining Experience
- 9 август 2018
- 1.170
- 477
Епа вака сега. Другарче има акустична и електрична гитара. По дома си свири песни кога му е досадно и си се вежба. Е сега, ме замоли периодот да му помогнам со поврзување на гитарата.
Му дале iRig на користење, ама тоа е реално тапа. Го поврзавме на телефон, мало но интересно апаратче. Има што да се прави преку апликации на телефон, ама многу е просто, и неможе да се сними тоа што он го свири. Башка што има доста delay, и голем статички звук / зуење. Го користевме и на лаптоп, и евидентирано е тоа со зуењето. Особено на FL Studio кога му симнав.
Е сега, пред неколку дена некои негови познаници му дале (на привремено користење) едно појачало (не она обично како за гитара, туку она за врзување за во лаптоп, како DAC / ќе пратам слика овде како изгледа кога ќе ми прати он) кое што во споредба со тој iRig секако делува подобро вака од изглед, а сигурно и за функционалност.
Од напред има 2 големи дупки (за 6,5мм џекови) каде што едната е за поврзување на гитара, а другата за слушалки. Од позади има само 2 помали дупки во бела и црвена боја (за RC конектор), од каде што треба да е излезот кон лаптопот (Left and Right channel). Е сега, ние го поврзавме се тоа, го ставивме во струја апаратот, покажа на самиот апарат дека прима звук од гитарата, ама не можевме да го наместиме на лаптопот, бидејќи другарчето немаше соодветен конектор. Ни даде татко му (кој што е исто музичар, само што свири по кафани, и нема студио, нит соодветна опрема за свирење по дома, туку со негови пријатели и роднини си се договараат кај ќе свират) неколку кабли, де со црвено и жолто, де со 2 RC цека од двете страни, па со адаптер за 3,5мм, и еден многу долг RC џек кабел кој што од другата страна имаше 3,5мм џек (тоа што ни требаше) за да го врземе во лаптоп, но ни еден од тие кабли не работеше за жал.
Гледавме ние на интерент, оваков кабел има буквално во секоја продавница за електроника, со џабе цена. Вака со нов кабел можеби ќе му работи, ама да се навратам на моментот кога го испробувавме iRig апаратот, тој исто така имаше 3,5мм конектор за поврзување во телефон / лаптоп... само што кога гледав на јутуб како да поврзам гитара на FL Studio, поголемиот дел од луѓето стриктно препорачаа да не се користи 3,5мм конектор, бидејќи сигналот нема да биде префрлен во дигитална форма, секогаш ќе има шуштење (noise), и други проблеми, и дека во секој случај е подобро да се поврзе преку USB порта. Тоа нас не натера да бараме ист ваков конектор, само со USB порта на другата страна, прикажано подоле на сликата:
Ваков конектор, според мое истражување ќе биде каде каде подобар, бидејќи (како што објаснив), преку USB порта, сигналот се префрла во дигитален, се уништува поголемиот дел од шуштењето (noise), мада тоа исто зависи и за какво појачало / каков DAC станува збор, помал delay, итн итн...
Проблемот е во тоа што поголемиот дел од продавниците овде што ги прошетавме и што прашавме, немаат ваков кабел. Сетек, Анхоч, Нептун немаат... Бевме вчера во неколку продавници за гитари, за музичка опрема, сите ми рекоа дека немаат, и да побарам во Логинг.
Денес им се јавувам, и им објаснувам убаво, и вработениот таму ми вика дека ваков кабел, нема да ми заврши работа, и дека сум требал да барам нешто со адаптер на него... Е сега ова мене тотално ме збуни (не сум некој аудиофил, и немам некое познавање баш во овие ствари). Затоа и сум тука и прашувам / барам совет од вас.
Што треба во овој случај да земам, за да го врзам тоа DAC појачало (или како и да се вика), на лаптоп, да извади добар звук без шуштење (noise), и да не мора да користам 300 noise reduction филтери, кои што ќе го усерат квалитетот на песната? Дајте предлог.