Pepsi Man
Intern
Што е потребно да имате:
1. Графичка картичка која има TV Out (денес сите имаат)



Доколку е се` тука да почнеме...
Приклучете го едниот крај од видео/S-Video каблот во Video Out на вашата графичка картичка (ви препорачувам ова да го правите додека компјутерот ви е изгасен, да не дојде до некои проблеми), и другиот крај од каблот го приклучувате во Video In на телевизорот. Доколку користите Scart прво во Scart-от па во ТВ.

Во овој пример, користена е nVidia графичка картичка, но сличен е принципот при подесување и на ATI графичките картички. Кога ќе се подигне Windows-от, десен клик(некаде на десктопот) и од менито изберете Properties, потоа кликнете на Settings, па на копчето Advanced. Во новиот прозорец претиснете на јазикот на кој обично го пишува името на графичката, во овој случај (GeForce FX5700).

Каде што е „nVidia Display Mode“, одберете Clone, а за Primary/Secondary display изберете Monitor/TV. Доколку не постои опција TV значи дека нешто не е во ред при поврзувањето. Истото може дасе случи и доколку компјутерот би бил уклучен додека сте ги поврзувале каблите.

Во овој момент доколку претиснете на Apply, на вашиот ТВ би требало да се појави сликата. Доколку нема слика воопшто или е со лош квалитет или е црно-бела, највероватно не е подесен правилниот ТВ формат. Со десен клик на сликата на телевизорот изберете Select TV Format и од менито изберете го TV форматот кој вашиот телевизор го поддржува. Највероватно во питање е PAL.

Сега сликата би требала да биде нормална. Доколку повторно има проблеми, пробајте ги сите еден по еден тв формат. Доколку сакате да ја измените бојата, да го наместите контрастот... кликнете повторно со десниот клик на телевизорот и изберете Color Correction..., а за повеќе подесувања изберете Device Adjustments.