• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Поврзување два компјутери со кабелски интернет преку мрежна

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Гледам дека последно време, повеќе луѓе имаат намера да го "поделат" својот интернет, со што би го удвоиле плаќањето на својот дел од целосната сума, но поради незнаење како тоа да го направат, едноставно не успеваат во намерата..
После туторијалов, Вие би требало веќе да можете да си ја остварите таквата намера..

За полесно учење, туторијалов ќе се одвива напоредно со слики..

Значи најпорво, треба да имате 2 компјутери со вградени мрежни картички, кабел и модем од кабелскиот оператор, и уште еден додатен кабел за поврзување на двата компјутери.

За поврзувањето би требало да можете да се снајдете, а за правењето на конекција, и пуштањето конекција на другиот компјутер, ќе научите од туторијалов.

Значи прво, конекцијата ќе ја креираме на главниот компјутер, т.е на серверот.

Најпрво влегуваме control panel. Доколку корисничкиот панел има "категоричен преглед" наместе те го истиот да биде класичен



Следно отвараме Network Connections.


По отварањето ќе забележете две креирани конекции ( Едната конекција е од модемот, а другата е од мрежната). Ја означуваме конекцијата од модемот ( Стандард : Local Area Connection 2) , десен клик, Properties



Го отвараме вториот таб - Advanced, и таму ги означуваме двете опции:



Потоа, се враќаме во првиот таб - General. Таму ќе воочите едно паѓачко мени, одете на клизачот најдолу и означете го Internet Protocol ( TCP/IP )



Следно, одиме Properties. Таму имаме малце работа..
Пополнете го истото што е пополнато и на долунаведенава слика :


Значи,
IP address: 192.168.0.1
Subnet mask:255.255.255.0

Одиме ОК, и со тоа ги завршуваме потребните подесувања на главниот компјутер т.е на серверот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Продолжение:

Сега доаѓа делот, каде што треба да се направи конекција и на другиот компјутер..

Значи, повторно влегуваме Control Panel, Network Connections. Тука ќе забележиме направена конекција од мрежната :



И на оваа конекција ја повторуваме предходната постапка, т.е десен клик, Properties, и повторно одиме најдолу со клизачот, и го означуваме Internet Protocol ( TCP/IP )



Одиме Properties. Повторно доаѓа делот за пополнување..

Значи,
Ip address : 192.168.0.2
Subnet mask: 255.255.255.0
Default gateway : 192.168.0.1

Забележувате дека овој пат ќе треба да внесете и DNS server
DNS серверите ќе ги пронајдете на следниов начин:

Отворете старт, па одете RUN

Потоа, внесете cmd па ОК.
Од кога ќе ви се отвори cmd, напишете ipconfig/all одете ентер, и воочете ги вашите DNS сервери:

Се враќаме во конекцијата, и ги внесуваме двата DNS сервери.
Одиме ОК, ги рестартираме двата компјутер, и по следното уклучување Вие би требало веќе да имате интернет пристап и на двата компјутери :)

НАПОМЕНА: За да имате интернет пристап и на вториот компјутер, серверот мора да ви биде уклучен.

Се надевам дека туторијалов на сите сеуште незапознаени со оваа тематика, ќе им помогне да си ја остварат својата цел.

пс. Следно: Поврзување три компјутери со кабелски интернет преку рутер
 
V

Vendetta-88

Гостин
Туторијалот е добар, али начинот на поврзување иако ефтин, е непрактичен, баш заради тоа што серверот мора нон-стоп да е вклучен за другите да имаат пристап , инаку ништо работа :D

Еве го моето искуство: бев поврзан со еден мој комшија, тој беше сервер и... околу 80% проценти од времето имав интернет.... касно навечер не, рано сабајле не, кога беше излезен а по грешка го имаше исклучено компјутерот пак не. Понекогаш ни преку дента немав интернет, наводно заради проблеми од кабелската што некогаш беше точно, некогаш не :D

Фала богу што купивме рутер па престанав да се качвам кај него дома за да му кажам да го вклучи компјутерот :LOL:
 

DaDo|BT

Intern
21 септември 2007
258
13
dad0bt.blogspot.com
da ama kolku 6o znam ,
DNS :62.162.32.5
62.162.32.6 se za ADLS od mak. telekom.
za kabelski internet ova ne vazi :) eve ne6to od upatstvoto na samiot modem ( na angliski e )

DHCP Server Enabled
The SURFboard cable modem can be used as a gateway to the Internet by a maximum of 32 users on a Local Area Network (LAN). When the Cable Modem is disconnected from the Internet, users on the LAN can be dynamically assigned IP Addresses by the Cable Modem DHCP Server. These addresses are assigned from an address pool which begins with 192.168.100.11 and ends with 192.168.100.42. Statically assigned IP addresses for other devices on the LAN should be chosen from outside of this range.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Туторијалот е добар, али начинот на поврзување иако ефтин, е непрактичен, баш заради тоа што серверот мора нон-стоп да е вклучен за другите да имаат пристап , инаку ништо работа :D

Еве го моето искуство: бев поврзан со еден мој комшија, тој беше сервер и... околу 80% проценти од времето имав интернет.... касно навечер не, рано сабајле не, кога беше излезен а по грешка го имаше исклучено компјутерот пак не. Понекогаш ни преку дента немав интернет, наводно заради проблеми од кабелската што некогаш беше точно, некогаш не :D

Фала богу што купивме рутер па престанав да се качвам кај него дома за да му кажам да го вклучи компјутерот :LOL:

:LOL:
Јбг.. :D Инаку, ова е многу корисно за некој кој има два компјутери дома, и нормално сака и на двата да има интернет..
Таков е и мојот случај.. Кога можам да имам интернет на двата компјутери, зошто пак да немам..
Начинов се практикува затоа што, речиси ништо дополнително не ти треба, освен двата компјутери нормално, каде што не е случај кога сакаш да се поврзиш преку рутер..

Инаку, за комшиите ќе се спогодиш некако..:D

Мене лично на пример, воопшто не ми треба рутер, затоа што компјутеров мој ја врши истата функција.. Не се сеќавам кога последен пат го имам целосно исклучено.. Доволно му е по некој рестарт дневно, и некое кратко исклучување на неколку дена ..:LOL:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
da ama kolku 6o znam ,
DNS :62.162.32.5
62.162.32.6 se za ADLS od mak. telekom.
za kabelski internet ova ne vazi :)
Прво, не е точно дека не важи.. Доколку тоа не важи, како имам јас интернет ? :isplashen: :LOL:
Второ, Погоре ви го наведов начинот како можете да проверите DNS.
 

CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
:bravo:
Сега ќе е полесно кога некој ќе ме праша како да ставам интернет на двата компјутери, copy paste линк од темава :) ty
 

MARTIN_MKD

Intern
27 ноември 2007
419
2
Кај мене случајот e ваков. Од кабелсиот оператор имам задатено IP со која само јас можам да излезам на нет. Тие ме регистрираат преку MAC адресата од мрежната карта и мак адресата на модемот. Е сега малце чудно ми е зошто на серверот не внесуваш DNS. Како тој ќе ги има web протоколите. Инаку јас го пробав овој начин на поврзување и кај мене не функционира. Проблемот го имам решено wireles, меѓутоа таа мрежа е многу спора само 11Mbps и имам потреба и од LAN поврзување. Што мислите дали би функционирало доколку се направи bridge помеѓу двете LAN карти и во конекцијата од мостот да се внесат потребните параметри IP, DNS. Дали би функционирало на тој начин.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
DNS сервери нема везе кои ќе ги ставиш сепа е DNS. Јас користам 4.2.2.2 кои не е на оннет и супер работат (root DNS серите)

Браво за туторијалот
 

dime

Intern
13 мај 2008
163
3
Bravo fuUuUzZzZy, extra tutorijal, sekoja cest! Ne deka e i tolku tesko da se namesti ova na Windows de, ali da, za obicnite korisnici ova e raj cekor po cekor so slikicki sve :)
Ova na Debian go imam mesteno i toa so usb modem - e tamu skapav, baagji rabota imase :D Ali koa proraboti na kraj, e toa e feeling! Plus nema nikakvi zaebancii so konekcijata, kako so znae XP-to da prai na momenti.. neprikosnoven si e Debian u pogled na stabilnost.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,557
Мислења
823,242
Членови
28,062
Најнов член
Nacev
На врв Дно