• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Поврзување до база која користи многу стар Microsoft SQL Server

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Alexxion

Intern
5 мај 2021
1
0
Здраво на сите!

До крајот на годинава треба да одржувам работа на апликација која користи податоци од SQL база.
Компјутерите кои се клиенти имаат Windows 7 i Windows 10 оперативни системи.
Седмиците немаат никаков проблем ,а немаа ниту десетките се додека од пред некој месец не почнаа update-и со нив апликацијата веќе не може да се поврзе со серверот.
При поставување на нова odbc врска се добива следната грешка и веќе воопшто не може да се воспостави врска - апликацијата едноствано веќе не може да работи се додека не се направи рол бек на старата верзија на виндовс.

1622112108909.png


Дали можеби некој има предлог решение што да се направи се додека системот не мигрира на понов SQL сервер?
Ни стопирањето на автоматски апдејти веќе нема да може да помогне ( Мајкрософт се страшно упорни) и немам трајно решение за исклучување на апдејтите...

Поздрав
 

Вангел Ајановски

Gaining Experience
16 март 2013
37
73
ajanovski.info
Најпрво, не сум одржувал SQL Server и апликации последните 10 години, но еве пар коментари што мислам може да помогнат. Иако може да не се соодветни за оваа ситуација.

Нема доволно детали, но мене ми изгледа (од напишаното) дека проблемите се должат на разлики во енкрипциските протоколи и шифрирачи кои се поддржани од серверот и истите што се поддржани од клиентите по ажурирање на софтверите со надградби. Овие проблеми се случуваат секаде при надградби со понови и побезбедни библиотеки, кога со надградбата се исклучува или деинсталира поддршката за некои шифрирачи и верзии од протоколите кои не се веќе доволно безбедни. Така определени клиенти наеднаш веќе не знаат да комуницираат со серверот бидејќи не зборуваат ист јазик.

Ако ви е ситуацијата премногу нестабилна и не може да ги задржите верзиите на тие кои функционираат, тогаш може да се обидете да ги реконфигурирате врските од апликациите до базата да одат без SSL со исклучување енкрипција. Потоа ќе инсталирате некој отворен SSH сервер на самиот сервер за базата или во истата безбедна мрежа на некој друг сервер, и ќе конфигурирате SSH тунели од клиентсите машини до серверската со автоматско реконектирање, компресија и ќе се тунелира сообраќајот до базата. Има екстра комплексност во ова, плус софтвер да се инсталира, но се прави брзо и можеби ќе ви заврши работа за привремено.
 

Steff_92

Gaining Experience
28 јули 2017
155
83
Куманово
Прашај го развивачот на софтвер кој стрикно odbc конектор користат затоа што можеби им е хардкодирано и тоа.
После според него ќе бараш решение на тој odbc компатибилност со win10.
 

Picolo

Intern
25 март 2019
61
18
Дали имаш подесено odbc driver ?

Ја имав вакво искуство кога поврзвував sql srv со pascal.
Мислењето е автоматски споено:

reg key : HKEY_LOCAL_MACHINE\SYSTEM\CurrentControlSet\Control\SecurityProviders\SCHANNEL\Protocols\TLS 1.0\Client\ стави го на 1
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,038
Мислења
855,003
Членови
29,644
Најнов член
Ogi1990
На врв Дно