• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Поврат на ДДВ од Грција/Бугарија

  • Ја почнал/а темата
  • #1

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,921
2,434
Негде низ форумов на неколку места имаше објаснето ама не беше структурирано, така да ме интересира како е процедурата за поврат на ДДВ од IT производи купени во Грција и Бугарија?

Знам дека во некои случаи требаше да се отиде повторно во истата продавница во рок од неколку месеци и ДДВ-то го враќаат во самата продавница. Имаше и опција на граница да ти земат провизија и да ти го вратат веднаш, но највеќе ме интересира опцијата што ја имаше за проврат на ДДВ на неколку места во ГТЦ Скопје каде имаше најмала провизија и најмалку замарање.

Колку треба да биде минималната сметка за да има поврат на ДДВ?
Претпоставувам и во Бугарија и Грција ДДВ-то е различно за различни IT производи?

Ако може некој да објасни би му бил благодарен, верувам како и многу други.
 
StefAngel

Practice makes perfect
28 ноември 2015
2,149
1,371
150 лева за во Бугарија мислам, треба да фирмата е ддв обврзник и да има некоја специјална фактура дека робата се извезува назад од Бугарија.
Им даваш на царина на Бугарија и пополнуваш формулар и ги добиваш парите на сметка.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,921
2,434
Од другите теми на форумов, лично искуство и малце гуглање процедурата е следна:

1. Треба да се информирате дали продавницата од која купувате ја има опцијата за поврат на ДДВ и со која компанија. Најчесто имаат знак/лого TAX FREE на самиот влез од продавницата.

2. Се купува производот и со сметката и пасошот се бара формулар/ фактура/ чек (и до 3 документи) кои потоа треба да бидат заверени од цариник на граница

ДДВ-то може да се добие назад на еден од следниве 4 начини:

А) Се оди на фри шоп на граница и веднаш го враќаат ДДВ-то со најнеповолната такса, што не мора автоматски да значи дека е лошо, бидејќи некогаш за евро-две не вреди замарањето.

Б) Од продавницата каде што е купен производот прашајте за колку време треба да се вратите во истата продавница за да ви го вратат ДДВ-то (најчесто 3 месеци)

В) Ја контактирате компанијата за поврат на ДДВ по e-mail или регуларна пошта и давате сметка и тие ви ги праќаат парите назад

Г) Одите во преставништво во МК и таму ви го враќаат ДДВ-то

Поврат на ДДВ во Грција со Global Blue - деталите ги има овде, а преставништвото им е во ГТЦ во Скопје, минимална сума за поврат на ДДВ во Грција- 50 евра
Поврат на ДДВ во Грција со Planet Payment- детали овде, не видов дека имаат преставништво во Македонија.

Поврат на ДДВ во Бугарија со Е&S Tax Services - деталите ги има овде, а имаат три преставништва во Македонија, сите се филијали на GlobalEx и ги има на дното на страната, минимална сума за поврат на ДДВ во Бугарија- 150 евра, од 20% данок назад се добива некои 10%

Бонус: Поврат на ДДВ во Србија :)
Детали овде и овде, преставник во Македонија -
DDV Servis DOOEL – Skopje
Skopje, Makedonija
Tel. +389 2 3171 620; +389 78 265 529
Email: [email protected]

Други корисни тема со слична тематика
Враќање на данок од Икеа Бугарија
Линк 2

Во Македонија може да се внесе роба до 350 евра без оданочување, под услов да бидат за лична употреба и да не бидат на пример 10 SSD-a. *cough* тие лесно се кријат*cough*

Благодарност до сите членови кои дале одговори по други теми особено до @Oktar

Мислам дека сега е се фино на едно место :)

Корегирајте ме доколку нешто згрешив или дадете дополнително објаснување.
 
Cika

V.I.P
8 декември 2009
2,611
1,343

Вредноста на робата што може да се внесе без царински давачки не смее да надминува 300 евра и да е строго за некомерцијална употреба, но ова последново останува цариникот да одлучи.
Инаку, браво за трудот, навистина вакви погенерални теми со факти помагаат за развивање на форумов.
 
Jedah

Practice makes perfect
6 ноември 2007
1,004
1,485
Jedah's setup  
Processor & Cooler
AMD RYZEN 5 1600AF 6-Core 3.2 GHz (3.6 GHz Turbo) & CoolerMaster Hyper H411R
Motherboard
ASUS PRIME B450M-K
Storage
SSD: Kingston A400 120GB / HDD: SAMSUNG F1R HE103UJ 1TB / HDD TOSHIBA DT01ACA 1TB
PSU
Cooler Master MasterWatt Lite 700W, 230V, 80Plus, HDB fan, Active PFC
RAM
Kingston 16GB 2666MHz DDR4 CL16 DIMM (Kit of 2) 1Rx8 HyperX FURY Black
Video card
MSI Gaming Radeon RX 570 256-bit 4GB GDRR5
Case
DeepCool Tesseract BF
Mouse
A4Tech OP-530NU
Keyboard
A4Tech A4 KR-85 ComfortKey
Monitor
AOC 22" e2243Fw2
OS
Windows 10
Прашање?

На која основа роба купена од странство подлежи на поврат на странско ДДВ а притоа истата не се оданочува при влез во нашава држава?

На која основа роба купена од странство која е веќе оданочена а притоа се даночи дополнително при влез во државата?

Пример:

Ако отидам во Грција и во PLAISIO купам Нинтендо Свич од 340€ јас ќе добијам 42€ и производот ќе ме фати 300€

Ако истиот производ го нарачам онлајн не само што ќе го платам полниот износ вклучувајќи го данокот од државата од кај што е купен, него и дополнително производот ќе ми биде оданочен +18% или во превод 400€

Каде е логиката? Истиот производ од исто место од иста држава за исти некомерцијални лични потреби се разликува 100€ ценовно.
 
Скоро сите страни на чекаут автоматски го минусираат vat ако delivery адресата е нон еу земја.
 
smole

Unbeatable
18 април 2007
3,450
4,065
Во Грција има и Premier Tax Free, кај нас соработници нивни (каде може да се земе ДДВ-то) се Globalex.
 
Costigan_Jr

Unstoppable
5 јули 2013
2,853
3,945
ДДВ-то може да се добие назад на еден од следниве 4 начини:

А) Се оди на фри шоп на граница и веднаш го враќаат ДДВ-то со најнеповолната такса, што не мора автоматски да значи дека е лошо, бидејќи некогаш за евро-две не вреди замарањето.

Б) Од продавницата каде што е купен производот прашајте за колку време треба да се вратите во истата продавница за да ви го вратат ДДВ-то (најчесто 3 месеци)

В) Ја контактирате компанијата за поврат на ДДВ по e-mail или регуларна пошта и давате сметка и тие ви ги праќаат парите назад

Г) Одите во преставништво во МК и таму ви го враќаат ДДВ-то
Друже, одлично срочени информации. Голема благодарност до тебе.

Ме интересира нешто - дали овие 4 начини се опционални, т.е. купувачот да одлучи кој начин ќе го искористи или продавачот може да го ограничи купувачот?
Јас пазарев од Visionstudio.gr и притоа ми беше кажано дека морам да одам кај нив за да си го земам данокот. Дали некој пазарел од нив и дали навистина МОРА да се оди кај нив или на пример постои и опција да одам до Planet Blue или Global претставништво и да им ги дадам нив документите за да добијам данок назад(со тоа што ќе ми задржат одреден процент за услугата) или да одам до фришоп и да го сторам истото? Дали приказната за тоа дека МОРА да се оди лично до кај нив им држи вода или преферираат тие така за да им биде нив поедноставно?
 
Costigan_Jr

Unstoppable
5 јули 2013
2,853
3,945
Скоро сите страни на чекаут автоматски го минусираат vat ако delivery адресата е нон еу земја.
Од Ebay кога сум купувал, во неколку наврати имам прашано дали може да ми се одбие данокот од цената, на што добивав негативен одговор.
Претпоставувам поспецијализирани продавници/компании го решаваат тоа баш како што кажа ти - при чекаут.
 
smole

Unbeatable
18 април 2007
3,450
4,065
Друже, одлично срочени информации. Голема благодарност до тебе.

Ме интересира нешто - дали овие 4 начини се опционални, т.е. купувачот да одлучи кој начин ќе го искористи или продавачот може да го ограничи купувачот?
Јас пазарев од Visionstudio.gr и притоа ми беше кажано дека морам да одам кај нив за да си го земам данокот. Дали некој пазарел од нив и дали навистина МОРА да се оди кај нив или на пример постои и опција да одам до Planet Blue или Global претставништво и да им ги дадам нив документите за да добијам данок назад(со тоа што ќе ми задржат одреден процент за услугата) или да одам до фришоп и да го сторам истото? Дали приказната за тоа дека МОРА да се оди лично до кај нив им држи вода или преферираат тие така за да им биде нив поедноставно?
МОРА да се оди кај нив, тоа е друг такс фри систем за кој не знам дали има име, ти го враќаат данокот до цент ама само они смеат да ти го вратат, никој друг не смее.

И во Србија е така, мораш да го вратиш печатираниот (од цариник на излез од Србија) ПДВ формулар во продавница па да ти ги вратат парите на рака/ваљда може и на сметка, со тоа што јас кога купував после тоа по пошта им го пратив формуларот (да не се враќам до Белград за ХХ еур) и мој роднина помина и ги зема парите.
 
Cika

V.I.P
8 декември 2009
2,611
1,343
Од Ebay кога сум купувал, во неколку наврати имам прашано дали може да ми се одбие данокот од цената, на што добивав негативен одговор.
Претпоставувам поспецијализирани продавници/компании го решаваат тоа баш како што кажа ти - при чекаут.
Не зборев за ибеј, туку за онлајн продавница на одредена компанија. Плесио, sportsdirect, jd sports, овие се само пример. Доколку има испорака до земја надвор од еу, мора да има одбивање на данокот.
 
Costigan_Jr

Unstoppable
5 јули 2013
2,853
3,945
Не зборев за ибеј, туку за онлајн продавница на одредена компанија. Плесио, sportsdirect, jd sports, овие се само пример. Доколку има испорака до земја надвор од еу, мора да има одбивање на данокот.
Да да, согласен сум. Само ибеј исто спаѓа во онлајн купување, па реков да го допишам тоа како дополнување.
 
Costigan_Jr

Unstoppable
5 јули 2013
2,853
3,945
МОРА да се оди кај нив, тоа е друг такс фри систем за кој не знам дали има име, ти го враќаат данокот до цент ама само они смеат да ти го вратат, никој друг не смее.

И во Србија е така, мораш да го вратиш печатираниот (од цариник на излез од Србија) ПДВ формулар во продавница па да ти ги вратат парите на рака/ваљда може и на сметка, со тоа што јас кога купував после тоа по пошта им го пратив формуларот (да не се враќам до Белград за ХХ еур) и мој роднина помина и ги зема парите.
Баш ќе прашам дали може да им ги пратам по пошта документите со печат па да ми уплатат на сметка. Се би било регуларно, но пак зависи од нивната добра волја претпоставувам. Пошто тие ќе го имаат документот за во сметководство, кој ќе послужи како оправдување за одливот на средства преку жиро сметка на моја сметка. Законски се би било тип-топ. Уште да прифатат, да не се тепа пат "џабе".
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,921
2,434
Друже, одлично срочени информации. Голема благодарност до тебе.

Ме интересира нешто - дали овие 4 начини се опционални, т.е. купувачот да одлучи кој начин ќе го искористи или продавачот може да го ограничи купувачот?
Различни компании за поврат на ДДВ различно го регулираат. Кај една компанија може да функционираат сите 4 начини, кај друга само еден или два. Мора да се праша
 
smole

Unbeatable
18 април 2007
3,450
4,065
Или А/В/Г или Б. Двете групи на опции заедно не може.

В) Документите мора по пошта да се пратат за да имаат они доказ пред даночниците, затоа и даваат на пр. Global Blue плик со платена поштарина до Global Blue HQ.
 
Tajson

On your way to fame
25 февруари 2016
653
862
За Бугарија знам од лично искувство, минимална сума за извозна факура е 200 лева(околу 100 евра), на граница мора на бугарска царина да се завери, потоа во истата продавница (или ако се ланец од продавници во било која од нив) го враќаат износот на ддв, минус ддв на таа сума. Пример 40 лева е повратот, ти минусираат 20% ддв се добива 33,33 лева назад.
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,677
3,048
Прашање?

На која основа роба купена од странство подлежи на поврат на странско ДДВ а притоа истата не се оданочува при влез во нашава држава?

На која основа роба купена од странство која е веќе оданочена а притоа се даночи дополнително при влез во државата?

Пример:

Ако отидам во Грција и во PLAISIO купам Нинтендо Свич од 340€ јас ќе добијам 42€ и производот ќе ме фати 300€

Ако истиот производ го нарачам онлајн не само што ќе го платам полниот износ вклучувајќи го данокот од државата од кај што е купен, него и дополнително производот ќе ми биде оданочен +18% или во превод 400€

Каде е логиката? Истиот производ од исто место од иста држава за исти некомерцијални лични потреби се разликува 100€ ценовно.
Разликата е што при влез во државава треба да платиш царина и данок. Ослободени се само производи за лична употреба за време на патувањето и мали количини на алкохол, тутун и парфеми. Нинтендо свич или било која техника не потпаѓа под оваа клаузула. Тоа што цариниците прогледуваат низ прсти е бонус, исто како и кога ќе ти стигне некоја скапа нарачка од пошта до дома иако реално подлежи на царина и данок.

Сите цени на сајтови од САД се без данок, данокот се пресметува при плаќање во зависност од адресата на испорака затоа што секоја сојузна држава има своја стапка на данок. Кога нарачуваме за кај нас, нема данок.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,921
2,434
Она што го забележав, а не е споменато погоре е тоа што покрај тоа што секоја држава има своја долна граница за поврат на ДДВ (пример за Грција е 50 евра, за Германија 25 евра) и самата продавница од каде се купува/ат производот/те може да наметне долна граница за поврат на ДДВ.

Односно, и покрај тоа што за Грција сметката треба да биде со износ од најмалку 50 евра, Икеа во Грција има предуслов сметката да биде од најмалку 120 евра (или 150 евра беше?)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #21

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,921
2,434
Налетав на уште една постара корисна тема на форумот па сакав да ставам се на едно место

Разлика помеѓу tax free и tax return и други корисни мислења надолу
Kupuvanje hardver od greece

Како се пресметува повратот на ДДД. Од ова мислење надолу
Kupuvanje hardver od greece

Заклучок

Tax free- од сумата што треба да ви ја вратат (пр. данокот е 24%, повратот е 13%)
-----на граница на фришопот во Грција земаат дополнителни 4 евра за услугата
-----Во Скопје во менувачниците во трговски земаат дополнителни 2,5 до 3 евра за услугата

Tax return- Вратете се во истата продавница во рок од 3 до 6 месеци (зависно од продавницата и со кој соработуваат) за поврат на целиот данок од 24%
 
CBB_6

On your way to fame
9 декември 2016
195
612
2. Се купува производот и со сметката и пасошот се бара формулар/ фактура/ чек (и до 3 документи) кои потоа треба да бидат заверени од цариник на граница
Дали то значи дека поврат на ДДВ од купена стока од Грција можи да напрај само физичко лице, или повраток на данокот можи исто да напрај и фирма?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #23

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,921
2,434
Дали то значи дека поврат на ДДВ од купена стока од Грција можи да напрај само физичко лице, или повраток на данокот можи исто да напрај и фирма?
Би требало да е само за физичко лице, ама не сум сигурен.
 
GGTT1

Gaining Experience
1 февруари 2017
506
390
Битола
Налетав на уште една постара корисна тема на форумот па сакав да ставам се на едно место

Разлика помеѓу tax free и tax return и други корисни мислења надолу
Kupuvanje hardver od greece

Како се пресметува повратот на ДДД. Од ова мислење надолу
Kupuvanje hardver od greece

Заклучок

Tax free- од сумата што треба да ви ја вратат (пр. данокот е 24%, повратот е 13%)
-----на граница на фришопот во Грција земаат дополнителни 4 евра за услугата
-----Во Скопје во менувачниците во трговски земаат дополнителни 2,5 до 3 евра за услугата

Tax return- Вратете се во истата продавница во рок од 3 до 6 месеци (зависно од продавницата и со кој соработуваат) за поврат на целиот данок од 24%
Od Grcija od prodavnica direkno Se vraka danok tocno 19.5% a ne 24%
 
smole

Unbeatable
18 април 2007
3,450
4,065
Дали то значи дека поврат на ДДВ од купена стока од Грција можи да напрај само физичко лице, или повраток на данокот можи исто да напрај и фирма?
Само физичко лице, фирма купува со девизна фактура, CMR, шпедиција, превоз и плаќа увозни давачки во МК.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,709
Мислења
830,969
Членови
28,700
Најнов член
Ahil123
На врв Дно