1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Повлекување на пари од мобилен оператор - измама

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од freeman, 7 Септември 2013.

  1. freeman

    freeman
    Gaining Experience

    169
    168
    8 Март 2010
    Сум имал прилика да видам неколку измами, од самите мобилни оператори преку користење на услуги, наградни игри и др. Во сите случаи мобилниот оператор сам ги повлекува парите без твое одобрение.(значи не ти стига порака дали сакаш да ја продолжиш услугата и по автоматизам ги зима парите).

    Мислам дека за секоја автоматска трансакција треба да има и одобрување од сопственикот, поради заштита од злоупотреба од давачот на услугата. (без разлика за кој се работи).

    Колку е исправно мобилниот оператор сам да си ја продолжува дополнителната услуга и да повлекува пари по автоматизам. (со оправдание дека првиот пат сам си ја побарал услугата). Бар кај мобилните има можност да ја одобриш трансакцијата или да ја одбиеш.

    Ако имал некој некогаш негативно искуство со ваков проблем нека пише. Ако има дупка во законот, да се собереме и да ставиме крај на ваквите измами.
     
    На Кристијан Про му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Кристијан Про

    Кристијан Про
    Gaining Experience

    842
    142
    5 oктомври 2012
    Машко
    И јас имав едно такво негативно искуство со мобилниот оператор. Ми стигна порака за наградна игра "СМС Милионер" мислам дека беше насловот , ја активирав еднаш си наплати за тоа мислам дека беше 30 ден , и веднаш ја стопирав услугата и ми стигна повратен одговор дека повеќе нема да ми стигнуваат пораки од таа наградна игра. Но што се случи , пораките си стигнуваат јас не им одговарам и бидејќи сум ПОСТ ПЕЈД корисник немам контрола дали ми наплаќаат за тоа или не. По извесно време ми стигнува сметката на која што гледам во делот за смс пораки 450 ден. (што е апсурд да се дадат толку пари за смс пораки).

    Отидов во најблискиот салон и таму г-цата , рака на срце фино си постапи кога и кажав дека имам стопирано , таа ми одговори во ред г-дине не мора да ја плаќате фактурата да поднесеме приговор до техничката служба па да видиеме , можеби до нас е грешката. Почекав што почекав потполни што требаше . испрати и по одредено време ми стигнува писмо на домашна адреса дека неаат ништо "надпишано" , дека таа услуга ми е активирана на одреден датум и дека нема воопшто врска дека јас ја имам стопирано таа услуга кога еднаш сум ја активирал. Видов нема што да се прави , телефонот ми беше многу потребен а во меѓувреме стигна СМС за да се плати сметката , појдов и ја уплатив истата. Мислам дека не е во ред да се наплаќа за услуга која што не е извршена односно во овој случај за стопирана услуга да ти наплаќаат одредена сума на пари.
    НЕ ТВРДАМ ДЕКА Е ИЗМАМА ОВА - НО МИСЛАМ ДЕКА НЕ Е ВО РЕД!
     
    На freeman му/ѝ се допаѓа ова.
  3. freeman

    freeman
    Gaining Experience

    169
    168
    8 Март 2010
    Тоа ми беше муабетот. Може да манипулираат со услугите како сакаат. Но за да се заштитиме треба при секое повлекување на средства од сметка, да бидеш известен, за да можеш на време да дејствуваш. И наједноставно ако не ја одобриш трансакцијата, да ти стигне порака дека услугата не е продолжена.
     
  4. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,222
    1,309
    25 Март 2013
    Машко
    Операторите вака или онака наоѓаат начин да не закрпат, имаат тим од адвокати и знаат до каде можат да одат. Ај сега АЕК дојде па малку од малку стави некаков минимален ред. Но без разлика финти од типот збориш 00:58 секунди-ти куца 2 импулса, интернетот во роаминг не ви бил исклучен- а сигурен си дека не си го користел, огромен билборд со промоција некоја а не ти кажуваат дека треба да ја активираш прво по порака, секогаш имало и ке има. Особено ова последново голема промоција пракаш смс да ја активираш и си збориш/сурфаш/трошиш ама ако не знаеш дека треба да ти потврдат со смс дека ти е активирана си на‘бал. И дежурниот изговор -Дечко, грешка во системот. Како мори грешка, со години веке не го опраивте тој систем. И тоа ако приметиш добро, колку луѓе само не се замараат и ги крпат со години.
     
  5. Master_Boy

    Master_Boy
    Баниран/a

    428
    216
    28 Април 2013
    Машко
    Компјутерски сервисер, гтафички дизајнер.
    Со наградни игри до сеа не сум осетил измама бидејќи не ги играм и едноставно ги игнорирам пораките само шо ке стигни ја бришам.

    Едно време кога бев претплатник во ВИП, имав 3 телефони земено, пред да ги земам т.е да потпишам договор, се распрашав убо, по оператори, продажни салони и сл, едноставно НАПРАВИЈА СЦЕНАРИЈО КО ЗА НЕКОЈ РЕАЛНО ФАНТАСТИЧЕН филм..... толку бесплатни, онолку бесплатни вака било така било.... ај првиот месец, ми дојде висока сметка, се јавив ми објаснија дека тоа биле пари за 16 дена, поточно сум прекорачил јас !!
    После другиот месец чекам сметка да ми дојди, дојде сметката, 2000 денари, 150 денари сум прекорачил, покрај 3000 дите минути на 3 телефони да прекорачиш, богами треба на телефон да спијаш. И се така ми идеа сметки со сума околу 2000 денари, имаше некој недоразбирања со сметките, се закарав со еден оператор, и оп другиот месец 5000 денари сметка, наредниот месец 7000 денари, се така варираја, дојде време за продолжување/раскинување, ми се јавија едно 3 месеци порано пред да го раскинам договорот, да ме известат дека завршува договорот, и дека ако сакам да го продолжам, едноставно одговорив НЕ, ке го раскинам, 22 сметка ми дојде 12.000 денари, не ја платив, наредната сметка ми дојде со некоја си казна или нз шо 4000 денари и 24 сметка ми дојде 5000+4000+12.000+ закана од некоја си наплатна служба, среќа тогаш се формира АЕК, пријавив ова она, и испадна дека цели 24 месеци сум плаќал LOL сметки, п.с се реши да ми се вратат вкупно 22.000 денари од страна на операторот :D УШТЕ МИ ГИ ВРАЌААТ !
     
  6. Кристијан Про

    Кристијан Про
    Gaining Experience

    842
    142
    5 oктомври 2012
    Машко
    Што се секираш па и ти ти се чудам :) Ако не оваа година , другата секако ќе ти ги вратат :) . За жалење сме братче , од секоја страна ни прават лева рака десен џеб
     
  7. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,222
    1,309
    25 Март 2013
    Машко
    Барем да имаме, па нека крадат. Вака од која сиромаштија ке крадат не ми е јасно
     
  8. Кристијан Про

    Кристијан Про
    Gaining Experience

    842
    142
    5 oктомври 2012
    Машко
    Во право си братче ако ние сме сиромашни , тие на против си "дрпаат" од сиромаштијата , а напротив тие се најголемите неплаќачи. Им стигнува камата за задоцнето плаќање од 100 ден. и одма револуција креваат зошто да ги платат тие 100 ден. Ние си плаќаме и пак ќе ти дојде некоја камата од 2000 ден, ако немаш во момент да платиш , те даваат на извршител па мислиму ја тогаш тие 2000 ден. за 20 дена. дошле 5000
     
  9. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,817
    4,985
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    И мајка ми имаше активирано некоја таква наградна игра и се видело ефтино и интересно да одговори на неколку прашања. Ја стопирала играта, нејќела повеќе да ја игра но и понатаму и стигале пораки. И во сметка на крај и ја вметнале....се пожали и ги одбија парите. Во принцип ако не стопираш на време, а не ја играш играта, пораки ќе ти стигаат постојано и можеби тогаш би го јадел...
     

Сподели

Вчитување...