AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139

ОД ТАБОРОТ НА „МОЗИЛА“
Повик до иноваторите да се унапреди сурфањето
Таборот на најпопуларниот алтернативен веб-пребарувач „Фајрфокс“ отсекогаш ги слушал идеите и предлозите на корисниците на интернет, а токму тоа е и причина што тие упатија јавен повик до сите иноватори кои сметаат дека со нивните идеи би можело да се унапреди и дополни искуството од сурфање по интернет. Но, освен повикот, вработените во „Мозила лабс“ објавиле и три видеозаписи од технологии во иднината на веб-пребарувачите што се развиваат токму преку соработка со корисниците. Првата иновација е резултат на соработката меѓу „Мозила лабс“ и компанијата „Адаптив пет“. Наречена е „Аурора“, а се работи за концепт преку кој пребарувачот би препознавал кои елементи од некое веб-одредиште би можел да ги употреби корисникот. Воедно, ќе се овозможи полесно управување со нив, локално преместување на работната површина или истовремено остварување соработка со корисниците на другите локации. Се разбира, веќе постојат специјализирани видови на таквата технологија, но во овој случај станува збор само за можностите на веб-пребарувачот, а не за интернетски услуги. Вториот новитет се однесува со начинот на кој во иднина ќе се врши управувањето со снимените страници. Освен класичното снимање, веб-пребарувачот интуитивно ќе препознава на кои од снимените страници сака да појде корисникот, а попатно ќе му предлага и нови. Третата иновација го опфаќа сурфањето преку мобилни уреди што, исто така, во блиска иднина би требало да стане поефикасно и поедноставно. Во „Мозила“ активно ги слушаат ставовите, навиките и потребите на своите корисници од кои очекуваат и редовна соработка.
Извор: ВРЕМЕ