1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Повеќе за PON

Дискусија во форумот 'LAN // WAN // MAN // PAN // CAN' започната од JackDanielsHere, 15 Мај 2010.

  1. JackDanielsHere

    JackDanielsHere
    Intern

    28
    1
    10 oктомври 2009
    Здраво на сите!
    Дали некој знае некои страници кадешто има повеќе информација за PON (Passive Optical Network), веќе видов на wikipedia но ми треба повеќе информација, како топологија, начин на сврзување, примери со шеми итн...
    Благодарам!:bravo:
     
  2. vlatkorun

    vlatkorun
    Intern

    633
    14
    8 Јуни 2007
    Нешто како инфо за типовите на кабли, конектори, сплајсување итн..
    Или ти треба и за уредите како што се медиа конвертори, оптички сплитери, CWDM...
     
  3. JackDanielsHere

    JackDanielsHere
    Intern

    28
    1
    10 oктомври 2009
    Па за кабли имам доволно информација. Повеќе нешто како начини на сврзување (конектори итн.), некоја шема со конфигурацијата (пр. два компјутери како се сврзани помеѓу себе во PON мрежа)... Такви работи, но било што ќе биде добродојдено.
     
  4. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,248
    517
    3 Април 2008
    два компјутера не се поврзуваат со PON.

    Со PON се поврзуваат од 1 до 64 ONT (optical network terminal) со еден OLT (optical line terminal) кој ти е на „централна“ локација. ONT-ата ти се кај „клиентите“.

    Од OLT-то оди сигнал, кој преку пасивни сплитери стига до сите ONT-а. Пасивните сплитери се оптички призми, кој буквално го делат оптичкиот сигнал на повеќе дела. Има различни шеми на сплитери, на пр. 1 према 2, или 1 према 4 .. или пак не симетрични, од типот 1/8 во еден правец, 7/8 во друг правец.

    Логички гледано, PON мрежата е Time Division Multiple Access (TDMA) и Frequency Division Duplex (FDD)(btw ова е слично на дизајнот на GSM мрежата).

    Во downstream-от сигналот од OLT-то стига до сите ONT-иња. Дата пакетите се енкриптирани, па така ONT-ињата можат да ги видат (декриптираат) само податоците кои се наменети за нив.
    Во upstream-от, ONT-ињата се синхронизирани и имаат предодредени time слотови кога смеат да праќаат сигнал. Ако некое ONT не го почитува тоа ќе дојде до колизија на сигналите и губење на податоци.

    Предноста на PON е дека можеш да постигнеш разграната мрежа со пасивни разделници - наспроти да влечеш оптика од централна локација до секој корисник поединечно, или пак да ставаш активна опрема (switch-еви) на точките на разгранување.

    Маната е делење на вкупниот капацитет на оптиката на 64 (128 со поновите стандарди) корисници, и можноста еден корисник да ти прави проблем во целата мрежа.

    ONT-то најчесто го закачуваш на PC со ethernet, wifi или поретко со USB.
    OLT-то најчесто доаѓа во шасија со по 8 или повеќе PON гранки и со неколку 10GBтни интерфејси.
     
  5. JackDanielsHere

    JackDanielsHere
    Intern

    28
    1
    10 oктомври 2009
    Да, јасно ми е како работи, но ми требаа некои интрнет страници (освен википедија) може и на англиски нема врска, затоа што треба да составам проект од 20-30 страници за ПОН мрежата. Ја преведов википедија но ми треба некаква шема, графицки прикажано нешто такво... Сепак благодарам.
     

Сподели

Вчитување...