1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Потрага по глувче за работа

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од gokica, 22 Февруари 2020.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,502
    10,521
    13 Јуни 2009
    Барајќи безжично глувче за работа се соочив со повеќе опции на пазарот. Имав само еден критериум: да има free scroll т.е. тркалцето за скрол да може без отпор да се врти брзо. Работам со огромни документи и ова ми ја олеснува работата. До толку се навикнав на G502 што можам многу прецизно да го сопрам скролот, точно онаму каде треба.

    Многу тешко можев да најдам информација што да купам за работа во офис пакетот и друг софтвер со милион полиња. За жал на интернет 99% од рецензиите се спонзорирани и се зборува во суперлативи за основните можности или новитетите. Но тешко да најдете сведоштва на луѓе дали со некои глувчиња се попродуктивни.

    При изборот ги земав во предвид само Logitech зашто со нив имам искуство. не сакав одново да учам софтвер. А и само од нив можев да најдам глувчиња наменети за работа кај нас.

    Разликата меѓу двете нивни серии (гејминг и работа) се главно во софтверот и опциите кои истиот ги нуди. Но и хардверот т.е. брзина, DPI, ергономија, поставеност и број на копчиња итн.

    Logitech Options е софтверот кој има пред се во предвид продуктивност при работа.

    Options 2.jpg

    Options 1.png

    Options 3.png

    Нуди низа опции за кастомизација но сепак корисниците ги третира не како ентузијасти туку како луѓе кои сакаат што е можно побрзо да се фатат со работа без покомплексни сетирања. Нема приказ на процент на батерија туку само три цртички. Нема број на DPI сетингот туку само точка на хоризонтална линија која одокативно покажува отприлика кој е сетингот. Со овој софтвер заборавете на сите тие гимикс на кои сме навикнале со гејминг софтверите.

    Нема можност за креирање на макроа нити за зачувување на профили во меморијата на глувчето. Всушност глувчињата кои се декларираат како работни немаат онборд меморија и зависат целосно од Logitech Options. Без софтверот глувчињата ќе работат на дефаулт сетизни а тие не може да ги смени корисникот никако освен можеби со кастом фирмвер.

    Бројот на кастомизации и голем и во суштина многу малку недостасува. Но сепак не ја нуди слободата која може да ја понудат макроа.

    G-HUB или постариот Logitech Gaming Software се насочени кон подобрување на резултатите при гејминг.

    ghub 2.jpg

    ghub.jpg

    Сепак има многу повеќе опции за подесување како пулинг рејт, DPI со конкретни чекори и вредности и сл. А и нуди многу повеќе податоци како процент на ниво на батарија, конекција итн. Важно е дека нуди опции за макроа.

    Генерално се што може Logitech Options може и G-HUB. Но за некои работи гејминг софтверот треба да се подеси во повеќе чекори.

    На пример глувчињата што се компатибилни со Logitech Options скролаат хоризонтално во Excel на пример по дефаулт уште кога ќе ги извадите од кутија. G-HUB за глувчиња кои имаат можност за хоризонтален скрол мора да се програмира преку макро пред да може да скролаат.

    И на крај да не испуштам, Logitech Options нуди можност за Logitech Flow. Доколку имате два или повеќе компјутери, може со едно Logitech глувче да пренесувате (cut, copy, paste на пример) фајлови, текст и содржина од еден на друг компјутер преку вашата Wifi мрежа. G-HUB нема ваква опција.

    Вредно да се спомене е дека Logitech Options нуди готови решенија за gestures. На пример држите дедицирано копче на глувчето и го движите глувчето горе, доле, лево, десно. Секоја насока може да понуди отворање на програма, враќање на десктоп, шалтање низ отворени апликации и сл. G-HUB нема вакви готови решенија. Па затоа мора да се користат макроа.

    На кратко за моите импресии од неколку пробани глувчиња:

    Marathon 705 е лесно глувче кое работи со две АА батерии.

    marathon.jpg

    Ова е најефтина безжична опција која има фри скрол. Базирано е на стариот и добар дизајн на Performance MX. Logitech од 2018 наваму го продава без копче за апликации/gestures кое е обично поставено доле кај палецот (гумираниот дел).

    Има фри скрол кој е далеку потивок (и полесен) од оној на G502. Практично може се што и поновите и поскапите глувчиња за работа на Logitech освен што нема Bluetooth, нема можност за Logitech Flow. Како копче за gestures може да се користи тркалцето т.е. скролот. Штом го приклучите на компјутер веднаш може да скрола хоризонтално со клик на скролот лево или десно. При старт на компјутерот дефаулт DPI е некои 300-400 DPI и мора да се почека да се вчита Logitech Options за да кренете резолуција до максимум 1000 DPI.

    Работи со unifying receiver на кој може да се врзат повеќе безжични уреди на логитек. Брзо, респонзивно без никакви лагови исто како и сите други глувчиња кои се компатибилни со Logitech Options.

    За мене глувчето беше идеално. Посебно со оглед на цената. Единствена работа која мене лично ми недостасуваше беше DPI. Дури и на 1080p мене лично ми се потребни барем 3000 DPI. Но човек се навикнува.

    Не сум имал искуство но како негов логичен наследник би го споменал Triathlon кое има дедицирано копче за gestures, има bluetooth можност за конекција и работи со Logitech Flow т.е. може симултано едно глувче да се користи на 3 компјутери.

    to be continued...
     
    На arso, JensenInterceptor, Tajson и уште 22 други им се допаѓа ова.
  2. gokica

    gokica
    Модератор

    8,502
    10,521
    13 Јуни 2009
    Наредно во листава е Logitech Master MX. Има три генерации и сите се сеуште на продажба. Кецот се продава за 4000 денари, двојката за 5500 денари а 3 за 6500 денари кај нас.

    Кецот го скокнав заради тоа што нуди максимум 1600 DPI.

    Двојката и тројката имаат ист 4000 DPI сензор. Споредено со Marathon M705 и Triathlon M720 сензорот кај master MX нуди можност за работа и на стакло, под услов да е min 4mm дебелина.

    Logitech-Mx-Master-3-vs-Mx-Master-2.jpg

    Двојката погоре и тројката подоле имаат различен дизајн и различно скрол тркалце. Тркалцето може да биде слободно, да оди линија по линија или комбинирано т.е. при поголемо свртување со прстот да се ослободи привремено и да се врти слободно, па потоа самото штом успори да закочи.

    Покрај промените во дизајн скролот кај тројката е различен од сите други глувчиња. Тркалцето е челично, тешко и нуди најдолго фри скрол вртење со едно замавнување со прстот. И најважно од се, тивко е. Двојката има многу бучен скрол. Мене ми звучење како трактор, дури и во фри скрол мод. Иако подобро ми легна на рака, сепак скролот кај двојката беше она кое ме натера да ја продолжам потрагата.

    Master MX се карактеризира со дополнителен хоризонтален скрол.

    scroll.jpg

    Ова во секој случај ја олеснува работата во програми кај кои е потребно да се користат шорткати на тастатура или да се влечат барови за движење хоризонтално. За мене лично понафатно е вертикално скрол тркалце со можност за клик лево и десно. Но сепак овој скрол нуди повеќе опции како на пример сензитивност т.е. брзина при скролање. И навистина е мазно движењето. Поставеноста на копчето кај двојата (десно на сликата) за мене беше поудобно. Но сепак човек се навикнува и на повисоката поставеност на ова копче кај тројката.

    И двете немаат онборд меморија и дефаулт се стартуваат на 1000 DPI. Чекате да се лоудува Logitech Options па да се промени DPI кој сте го задале претходно.

    Глувчињата е релативно тешки и гломазни. Посебно споредено со новите гејминг глувци. Лично за мене ова одзема од прецизност. При движење на подлогата оставаат погласна звучна трага за разлика од помали глувчиња. Прилично се испакнати кај дланката па бараат навикнување, посебно за некој како мене кој долго време користел гејминг глувче со помали размери. Копчињата исто така не се меѓу најтивките кои сум ги пробал.

    Тројката се полни со USB-C кабел и тоа е една од основните разлики.

    Сензорот е идентичен и кај двата, а максимумот од 4000 DPI мислам дека веќе ограничува на 4К резолуција. Мене лично ми е потребно барем 6000 DPI. Но тоа сум јас нели. Секој засебно го доживува DPI и има различни потреби. Овие глувчиња имаат pooling rate од 90-125Hz што може лесно да доведе до трапавост на поинтерот ако се користат на монитор од 144 херци или нагоре.

    Нивната најголема придобивка е батеријата. Не е менлива но трае и трае. 70 дена со едно полнење според Logitech. Тројката има можност за брзо полнење и само со една минута полнење може да извозите долга работна сесија пред пак да снема „гориво“. Таа е и основната причина зошто сензорот е истиот и зошто има низок pooling rate меѓу другото.

    Но во глобала овие глувчиња се респонзивни и доволно прецизни.

    На крај морав да пробам и безжична опција од гејминг таборот.

    g903.jpg

    Со мене веќе познатиот PWM3366 сензор кој е оптички за разлика од глувчињата за работа погоре кои користат ласерски сензори.

    За разлика од глувчињата за работа користи побрза ваерлес технологија за поврзување. Не може so unifying receiver туку посебен lightspeed USB приклучок.

    Од старт забележав поголема респонзивност. Не знам како да опишам освен што некако поинтерот ми е далеку по snappy. Како веднаш да мрзне за разлика од darkfield на Master MX кој како за дел од секунда да има траекторија на кочење. Не дека прави некоја значајна разлика за работа но ете јас лично го забележувам уште веднаш.

    G903 има макс од 12,000 DPI што нуди повеќе комфор при 4К резолуција. Лесно е и веднаш се впива под дланката. На моменти заборавам дека држам глувче за разлика од Мастер кој во континуитет ме потсетува на неговите димензии.

    Секогаш кога ќе го вклучам си ја имам од старт резолуцијата која сум ја задал. Не чекам да се вчита G-HUB за да си играм со тоа. На монитор веднаш добивам извесување на резолуција и се разбира процент на батерија кое мене ми е позгодно, а и со вакво траење на батерија неопходно.

    Батеријата трае 32 часа без осветлување. Мене лично во просек ме вози 4 дена. И ова е големиот недостаток во однос на Мастер кој има батерија со треање од 70 дена со едно полнење.

    Сите овие може да се користат додека се полнат. Но не е тоа тоа. Сепак колку поретко уштекувам кабел толку покомфорно се чувствувам.

    Како што напоменав на почетокот на G903 морам скоро се да направам со Macro како на пример хоризонтален скрол во Excel. И сепак тој не е smooth како со Logitech Options независно кој дилеј во милисекунди го задавам.

    Вертикалниот скрол на Master MX 3 е перфекција. На G903 е исто толку тивок но и многу лесен за вртење. Јас сум навикнат и на двете сум прецизен до степен да можам да застанам точно каде сакам. Но сепак Master 3 има премиум чувство во овој сегмент.

    Ќе пишувам уште како дозволува времето. Но во глобала сеуште не можам да се одлучам кој (меѓу Master 3 и G903) е подобар за работа. Лично повеќе го сакам G903 заради респонзивноста и како лежи во рака. Знам дека имам многу слобода да си играм со макроа на него. И освен Logitech Flow т.е. симултана работа на повеќе компјутери како и bluetooth конекција, G903 може се што и Master 3. Па и повеќе зашто има повеќе копчиња. Master 3 е лагоден заради батеријата и заради низата профили (како и лесно сетирање на многу опции) па е попогоден за работа.

    Знам дека не ви кажав многу. Засега нека остане дека мој фаворит е G903 за работа. Но со тек на време ова може да се смени.

    А за секој кој сака да проба глувче за работа за почеток топло му препорачувам Marathon M705 или Triathlon M720. Барем за мене скролот на овие две е подобар/потивок од оној на Master 2S или Anywhere 2S. За некого гласноста на скролот може да е и показател за тоа кога истиот се движи до душа.
     
    На JensenInterceptor, Weeaboo, Molec и уште 29 други им се допаѓа ова.
  3. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,096
    2,459
    28 Јануари 2017
    Машко
    Благодариме за споделувањето на искуството, мене ми се најде доста.

    Знаел дека не ни кажал многу, зато ти требаа два мрсни поста.
     
    На Tomislav96 и gokica им се допаѓа ова.
  4. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,139
    3,494
    7 ноември 2014
    Машко
    Интересна споредба, јас користам MX Performance долго време во комбинација со K800, убава ергономија и прецизност.

    Единствено што ме спречува да им дадам пари на Logi е фактот што ова ми е втор MX Performance (првиот се расипа целосно со сензорот) кој прекина да се полни на кабел, а исто така ова ми е втора K800 (првата рикна целосно) на која почнаа да и откажуваат копчиња и да се кршат пластиките на копчињата - па се чувствувам како механичарите кога вадат копчиња од едно место и ставаат на друго.

    Не знам каква им е издржливоста, инаку би преминал на Master...

    П.с. Исто сум разочаран и од Steelseries, слушалки и маус рикнаа после 1.5 год користење.

    П.п.с. Слично и кај Разор, Deathadder почна да се лиже кај гумата веројатно од пот?

    Не знам, може до мене е...ама не ми се фрлаат веќе премногу пари на периферијава.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,502
    10,521
    13 Јуни 2009
    Благодарам многу.

    Баш ми е жал. Квалитетот не е она што беше. Иако јас не сум имал проблеми до сега. К800 ми е омилена тастатура на сите времиња. Сеуште работи како првиот ден и со нетрпение чекам да и се вратам штом ја досредам канцеларијата.

    За многумина MX Performance е глувче кое е ненадминато од повеќе аспекти. Вози го додека трае и не се замарај. Јас немам искуство со него. Но ако успеам да го најдам најверојатно би го купил чисто за во колекција.
     
    На Astraion и TheMarshal им се допаѓа ова.
  6. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    429
    602
    3 Јануари 2019
    Машко
    Гокица, на форумов стварно му фалеше еден thread од информативен карактер. :D

    Баш ме интересира каково е гејминг искуството со MX серијата на мауси? Или не ги тестираше за гејминг?

    Од нивниве тастатура G915 и G613 доста ми матат памет.

    Razer се со доста лош квалитет, сите се жалат дека гумите се лижат или одлепуваат после извесен период. Јас користам Razer Basilsk Essential и генерално сега зе сега уште си се држи. Инаку најголема иритиација од кај нив ми е Razer Central софтверот кој искрено за секоја различна функционалност те тера да симнеш доадтен модул.

    Додека, кај G-Hub на Logi интеграцијата е феноменална. Воланот, тастатурата и уште неколку стиници од Logi се многу поедноставни за подесување и кастомизирање.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,139
    3,494
    7 ноември 2014
    Машко
    Ако ти е за колекција, ќе ти го дадам второво со расипан сензор (мрда како со 1DPI, не најдов фикс) чисто да го имаш. Мислам по дома ми е... :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Astro

    Astro
    Guru

    6,403
    8,877
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    @gokica

    За пар недели ќе наминам овде: mouse wireless logitech

    Дали цениве се добри? Имам некој ваучер за -15% од цените кои се на сајтов.
    Ми треба квалитетен wireless mouse без лаг, најбитна ствар. Ми треба за работа со Excel и графика, често со прецизност до 1 пиксел. Ми треба да може да се програмираат копчињата, гестури и скролот да биде free.

    Што би ми препорачал од овие? Сакам некој едноставен дизајн како на пример LOGITECH G703 и G Pro.

    Имаат ли тие два модели тоа што ми треба? Какви ти се исуствата со нив?
     
    На gokica и Gaston им се допаѓа ова.
  9. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,422
    2,558
    9 Февруари 2011
    Ова е во City2 најгоре по ескалатори?
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,220
    1,871
    13 Јануари 2014
    Машко
    Се надевам не ти смета што ќе се вмешам. Мислам дека освен G900/G903, ниедно од гејминг серијата нема free scroll. А и кај нив е со копче, нема како кај MX Master да подесиш ниво после кое самото оди во free scroll. Програмирање на копчиња ќе добиеш, да, ама гестурите на гејминг моделите мораш со макроа да ги правиш. За споредба, на MX Master имаш out-of-the-box гестури во софтверот. MX Master 2S или 3 би ти ги препорачал за работа, ама не за играње. Имаат некој вистина минимален лаг кој не мислам дека ќе смета. Ако бараш комплетно без лаг, било што од Logitech со Lightspeed технологија (вклучително и G900 кој имаше Lightspeed пред да почнат да го рекламираат како таков).
     
    На Astro и gokica им се допаѓа ова.
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,502
    10,521
    13 Јуни 2009
    Благодарам. Не сум некој гејмер но разликата меѓу MX и G во поглед на респонзивност за мене е евидентна.

    Но сигурен сум дека за кежуал гејминг MX е доволен зашто нема некој до толку значаен дилеј и е прецизно. А кантер и слични сепак си бараат гејминг глувче.

    Благодарам. Зошто да не. Можеме да пиеме кафенце некој ден и да се запознаеме.

    Немам искуство со 703 и про. Но и двата немаат фри скрол. Всушност фри скрол е тоа кое ме ограничуваше при изборот.

    Ако имаш можност да одиш често за да си се повикаш на гаранција (ако затреба) е супер.

    Сите овие глувчиња се доволно респонзивни. За комфорна и прецизна работа во ексел и со графика мислам дека Master 3 ќе ти одговара најмногу согласно софтвер и карактеристики бидејќи од старт ќе имаш дефинирани профили за скрол, undo/redo, промена на големина на четка и многу други работи. Глувчето само се шалта по профилите согласно апликацијата.

    Она кое може да биде дил брејкер кај мастерот се димензиите кои се далеку од G703/pro. Пробај го ако можеш во продавницата. Master Anywhere е помало и покомпактно ама не е на ниво на Master MX 3 кога станува збор за скрол и профили од фабрика.

    А ако не ти е проблем чачкање со макроа и сетирање, како и значајно пократка батерија, тогаш гејминг глувчињата се секако опција. Полесни се и помали. Не заборавај дека HERO сензорот е каде каде пооптимизиран за долготрајна батерија.

    Супер срочено. Се согласувам потполно.
     
    Astro, fuzzjaw и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  12. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    777
    706
    31 Мај 2011
    g703/g603 ти е поголем, Г про не би го зел од причина што G305 ја врши истата работа а G Pro е 3х поскап. Нема да осетиш на ниеден од наведениве никаков инпут лаг. Се е до формата. Оди пробај ги на рака и ќе видиш што ти лежи најбоље.
     
    На Astro и gokica им се допаѓа ова.
  13. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,116
    2,377
    19 Јули 2013
    @gokica, а и сите останати, кои команди ги мапирате на додатните копчиња на глушецот? За работа, не за играње.
    На мојот глушец имам три додатни и никојпат ги немам притиснато.
    Знам дека се работи за навика кој што и како користи, но споделени искуства се секогаш добредојдени.
     
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,502
    10,521
    13 Јуни 2009
    Многу добро прашање. Порано ги користев за гејминг. За работа никогаш. И сеуште сум на мислење дека шорткати на тастатура се поефикасни од оние на глувчето. Дури ни тие нешто посебно не ги користам.

    Но со Marathon M705 забележав колку корисно е скролување хоризонтално во Ексел. Кај гејминг глувците ова не е достапно аут оф д бокс па и не сум се замарал. А сега веќе имам макро на G903 за тоа. И се заљубив во дополнителното тркалце кај мастер.

    Допрва го пробувам и ги наоѓам полезни селектирање на цел ред и на цела колона во Ексел. Во друг софтвер во кој работам сега веќе почнав да користам копче за TAB. Многу ми е побрзо ако не треба да куцам туку само да прелетам преку полиња кои ги споредувам со вредности подоле каде се наоѓа поинтерот.

    И тука е предноста на гејминг глувците кај кои може да се вметнат во макро повеќе чекори. Колку што можев да видам на мастерот може да му се зададат само полесни (пократки чекори).

    И @Astro само да додадам. Формата и како ќе легле во рака може да е пресудно. Мастерот го сакам за многу работи но G903 ми овозможува поголема прецизност. Кога поинтерот ми е на еден крај од екранот и сакам да селектирам келија на другиот крај, со G903 тоа го правам попрецизно. Не знам дали е до сензорот или тежината и габаритот на глувчето но имај го ова во предвид. Мастер е буквално „тотлак“ во раце. Човек се навикнува, ама па и не мора ако не е неопходно.
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  15. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,116
    2,377
    19 Јули 2013
    Да и јас главно користам шорткати на тастатура, многу е побрзо и поефикасно, затоа и ми остануваат неискористени сите екстра копчиња на глувчето.

    Хоризонтален скрол е многу полезен, особено во ексел. Порано имав глувче што имаше хоризонтален скрол, со навалување на самото тркалце лево/десно, но потоа се навикнав на стандардниот шорткат Shift+Scroll. Единствено што стандардните команди не се стандардни во апликациите на самиот микрософт, па во некои верзии од офисот треба накнадно да се овозможи вертикално скролање со шифт.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,502
    10,521
    13 Јуни 2009
    Еднаш се убив пробувајќи да разработам shift + v scroll ама никако не успеав. Уклучи, исклучи scroll lock на on-screen keyboard ама пак ништо не направив. И оттогаш се откажав. Еве и сега пробувам, не работи.
     
  17. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,220
    1,871
    13 Јануари 2014
    Машко
    Копчето под скролот ми е play/pause, а со држење и лево/десно/горе/долу врти низ табови во Chrome и затвара таб или отвара нов.
    Копчето под палецот ми е task view, со држење и лево/десно скрола низ десктопи, долу минимизира се, горе отвара Start menu.
    Страничниот скрол ми е за подесување глас, а копчињата до него се следна/претходна песна.

    Со оглед на тоа дека голем дел од работата ми бара Chrome со повеќе табови, не можам да соберам се side-by-side на еден монитор, и константно слушам музика во позадина, ова ми е оптимум и немам сменето ништо минативе две години. Се работи за MX Master 2S.

    Би користел и макроа на тастатура, ама HHKB layout едвај ги има основните копчиња, камо ли дополнителни за макро и такви работи, башка нема можност за ремап на копчињата. А и искрено, немам толкава потреба, ова што е на глувче ми е таман.
     
    Astraion, moongose, TylerMkD и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,116
    2,377
    19 Јули 2013
    Многу е дебилно што хоризонталниот скрол во офис го немаат овозможено или па го имаат оневозможено, којзнае.
    Пробај го ова.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gokica

    gokica
    Модератор

    8,502
    10,521
    13 Јуни 2009
    Го имав видено претходно ама не сакав некои непроверени адони да ставам зашто сепак разменувам доста вакви фајлови комерцијално.

    Но ќе го пробам на некоја друга машина сигурно. Ти благодарам.
     
  20. Astro

    Astro
    Guru

    6,403
    8,877
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не ми пречи воопшто, дури добродојден си. Минимален лаг може да има, не ми треба за играње туку за работа. Најбитно ми е да биде прецизен и free scroll да има.

    Затоа не ми се нарачува, морам да појдам да го фатам во рака прво, да видам како ќе лежи. На се можам да се навикнама зма на маус многу тешко ми оди.

    Туку тие цени од сајтот дали се во ред или се закол? Често одам таму така да не е проблем за гаранција.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  21. gokica

    gokica
    Модератор

    8,502
    10,521
    13 Јуни 2009
    Добри се цените. Посебно што може да пробаш на лице место и да си се повикаш на гаранција ако затреба. Плус попуст нели.
     
  22. Astro

    Astro
    Guru

    6,403
    8,877
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Па, горе е по ескалатори, ама не е во City2. За каде поточно зборуваш?
     
  23. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,422
    2,558
    9 Февруари 2011
    Во центар, карши Хилтон и Старбакс (Брисел центар).
     
  24. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,220
    1,871
    13 Јануари 2014
    Машко
    Во тој случај од мене имаш препорака за MX Master 2S/3, види кое ќе ти лежи в рака подобро и кај ти се попристапни страничните копчиња и скролот, тие се двете разлики меѓу постариот и поновиот. G серијата за гејминг се нијанса попрецизни и скроз го елиминираат минималниот лаг, ама чим ти е битен free scroll ќе платиш за G900/G903, друго нема, и го губиш страничниот скрол и копчето под палецот, две работи кои јас ги користам секојдневно и сметам дека се одлични за секојдневна работа и користење.

    Не се закол ама не се ни ефтини. MX Master 2S пример е поефтин во Нексио (5,500 ако добро памтам), а тројката воопшто го немаат. Во Нексио мислам дека е 6,500. Ако сепак одиш на G903, цената од 103 евра е одлична. Дури и да земаш со тие 15% попуст што ги спомна, MX Master 2S ќе ти дојде 300 денари поефтино а губиш локална гаранција, не знам колку ти е тоа битно.
     
    Astro, gokica и на Astraion им се допаѓа ова.
  25. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,663
    2,515
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Изненаден сум од батеријата на тројката.
    MX Performance користи АА Eneloop, 2100mAh мислам беа, ама се трошеше за неполна недела.
    Тројката не знам како го оптимизирале и каква (вградена) батерија макне ама еве го користам од 20-ти Јануари, абер нема да бекне батери Азис.

    Logitech Options.png
     
    На Tajson и gokica им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. D3N1EL
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    1,789
  2. gokica
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    1,184
  3. bobipp
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    657
  4. krema
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    859
  5. skullmonkey
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    1,100
Вчитување...

Сподели

Вчитување...