• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Потписи

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
889
69
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Не знаев дали тука и е местото на оваа тема, но тука ја ставив.:)
Сакам да прашам бидејќи се повеќе гледам дека во потписи членовите ставаат разни блогови и други линкови, па прашањето ми е дали може да се стави и линк од форум?
Со ова не сакам некого да невредам или веднаш модераторите или администраторите да им ги избришат потписите со такви линкови напротив јас само сакам да прашам.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Смее да се постави линк до форум, меѓутоа постојат ситуации (во зависност од линкот) во кои може истиот да се смета за спам.
Ако веќе поставуваш, постави го во вид на неформатиран текст линк.
Би те замолил уште еднаш добро да ги прочиташ правилата тука: http://it.com.mk/forum/showthread.php?t=1444 бидејќи токму правилото за потписите не го почитуваш (имаш сликичка со висина 111 пиксели, а максимално дозволено е 85)

Има голема дискусија во VIP секцијата каде што се дискутира токму правилото за потписите. Би ти предложил да се воздржиш од поставување на спорни линкови во потписот барем во следниве 2 недели, додека не биде јасно дефинирано новото правило.
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Деновиве дискутираме во ВИП секцијата за и околу потписите на корисниците но ако има некои промени околу ова, ќе бидете навреме известени на форумот.

Сега за сега потписите се регулирани во 2 Правила:
1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.
Македонски ИТ форум не е место каде што ќе биде толериран СПАМ-от. Бесплатното рекламирање на Вашата компанија, сајт, фирми или било што друго проценето од модераторите/админите како СПАМ ќе биде отстрането и ќе се смета дека вршите злоупотреба на форумот за очајно рекламирање. Внимавајте како и на кој начин го истакнувате Вашиот вебсајт, компанија и др. Секое истакнување на друг форум повржан со ИКТ во потписите или во постовите, ќе се смета исто така како СПАМ.
Потписите можат да содржат слика не поголема од 475x85 пиксели. Доколку потписот содржи слика дозволени се 2 реда текст, доколку не содржи, дозволени се 3 реда текст.Максималната големина на фонтот во потписите е 3.
Потписот треба да е лично нешто кое ќе Ве претставува Вас или Вашата идеологија. Не ги користите потписите за бесплатно рекламирање. Дозволено е истакнување на линк до Вашиот личен блог, но не и до веб сајтот на Вашата компанија, во спротивно тоа се смета како СПАМ. Потписот одржувајте ги во нормални граници посочени во ова правило. Секој потпис кој не ги исполнува критериумите ке биде изменет од страна на администраторите.
Доколку форумот што сакаш да го ставиш во потпис не е поврзан со ИКТ, можеш слободно да го ставиш, само внимавај да не биде поврзан со варез, порнографија и сл. :bravo:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
889
69
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Не замерувајте и вие за потписот зошто бил неколку пиксели поголем од дозволеното, ако тоа смета кажете ќе го избришам. А за ова што не смее да има во потпис блог, форум или нешто слично мислам дека терба да се дозволи ако е македонски(како јас овој што сакав да го ставам).Мислам дека треба да се дозволи и ако е во врска со ИКТ затоа што сепак некој рекламира нешто што е наше, а можеби на некој ќе му биде од корист.
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Има голема дискусија во VIP секцијата каде што се дискутира токму правилото за потписите. Би ти предложил да се воздржиш од поставување на спорни линкови во потписот барем во следниве 2 недели, додека не биде јасно дефинирано новото правило.
Како што кажа Андријески деновиве дискутираме околу тоа и најкасно за 2 недели ќе има ново дефинирано правило за Потписите на корисниците. Сега засега придржувајте се на постоечките правила.
Благодариме за разбирањето. :bye1:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
889
69
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Во ред Ви благодарам и на вас за разбирањето, и се надевам дека ќе размислите и за мојот предлог.;)
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Нема врска колку пиксели потписот е повеќе од дозволеното.. Правилото е сепак прекршено па и да се работи за 1 пиксел.
Мене лично не ми смета, ама правила си се правила и не е фер од твоја страна да ги кршиш додека другите се придржуваат кон нив.
Би те замолил сам да го смениш за да нема потреба да интервенира администратор.

Инаку, сите предлози/сугестии/критики се земаат во предвид и ние сме благодарни на нив. Затоа и постои посебна категорија за тоа.
 

GeNeRaToR

Intern
20 јануари 2008
538
7
И јас имам едно прашање.
Би можел ли во потпис да ставам линк од форум за фотошоп, корел и сл. креации ??? Во тој форум нема поврзано ништо со ИТ туку има само за креации направени со ком. програми.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
И јас имам едно прашање.
Би можел ли во потпис да ставам линк од форум за фотошоп, корел и сл. креации ??? Во тој форум нема поврзано ништо со ИТ туку има само за креации направени со ком. програми.
Тоа е дел од ИТ :p

Шала на страна, почекајте уште малку за да го разрешиме статусот со потписите... ќе бидат воведени нови, детални правила во врска со потписите кои ќе бидат јасни.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,507
Мислења
822,166
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно