• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Постои ли право на избор?

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
Хмм... чисто филозофско прашање, оф-ИТ-топици.... ме интересираат Вашите мислења на следното:

Дали верувате во детерминизам/судбина (дека се` во универзумот е предвидено) или верувате дека секој од нас има право на избор и решавање како да постапи во дадена ситуација?

Првин запрашајте се:
Ако биде времето со некоја натприродна сила вратено на 2 Август, 1903 година и оставено да тече пак понатаму до ден денес, дали ќе се случело Илинденското востание и ќе го имало истиот тек како ова за кое знаеме? Дали ќе имало втора светска војна на чело со Хитлер? Дали ќе постоите Вие или некој ист како Вас денеска и ќе го читате овој пост баш во овој момент? Хммм....

Ако одговорите се да, тогаш очигледно верувате дека немаме слободна волја и дека сите наши дела се предвидени според силите на универзумот.... ако не, тогаш верувате дека имаме право на избор и слободна воља....

Коментари?
 

ANTRAX

Intern
7 април 2007
19
0
Бидејки никој не знае со сигурност дали нашите реакции и постапки се предодредени од нешто или не, можеме да си поставуваме разни теории во врска со тоа. Затоа има различни мислења во врска со тоа. Некои веруваат во судбина некој не. Јас мислам дека ништо не е предодредено и дека ние самите одлучуваме што ке ни се случува. No fate, only what we create.
 

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Zivotot e pat so mnogu raskrsnici, i mislam deka dokolku se vrati vremeto, golema e verojatnosta da ne se povtorat istite slucuvanja, kako Pearl Harbour na pr, vojnata kaj nas, raspadot na Jugoslavija, Microsoft....
 
M

Mr.Alien

Гостин
А бе ајде....

Јас верувам само во ЕМПИРИЈА, но не во филозофски смисол на зборот, туку на ИСКУСТВО КАКО ОСНОВА ЗА СЕ!!!
Верување дека се е предвидено со силите на универзумот (или такво нешто), дека постои судбина - тоа ми звучи малку пробиблиски.
Верувам само во тоа што можам да го видам, опипам, почувствувам, доживеам. Не верувам во задгробен живот, духови и сл.
Ова сватете го како мое лично мислење.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,502
Мислења
822,062
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно