• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Поставување пок канали на бетонски плафон

  • Ја почнал/а темата
  • #1

smole

Unstoppable
18 април 2007
3,401
3,989
Треба да инсталирам 600м-800м пластични (PVC) пок канали на бетонски таван (висина 3.45м , кај носечки стуб 3.00 м).

Прв избор нормално е со ударна бушилица ака хилта, имам и голема за рушење ѕидови и мала која ја купив специјално за оваа намена - Dewalt D25012K. Но овој систем на работа ќе одзема доста време.

За работата да оди побрзо и полесно ги разгледувам пиштолите за пукање на клинци во бетон:

1. Makita GN420CSE работи на 7.2V батерија и на гасна каписла (трае ~1000 шајки) , цена околу 1000 евра

2. Makita AN250HC цена околу 800 евра + морам да купувам копресор кој може да постигне најмалку 12 бари.

Кога зборев во продавница продавачите ми рекоа дека најверојатно поради високиот притисок со кој клинците се пукаат т.е. коваат (наменети се најчесто за заковуваат дрво во бетон) ќе ги пукнат пок каналите бидејќи се пластични. Деновиве треба да имам демонстрација на некоја од горенаведените машини на лице место.

Ваше мислење/искуство/предлог/решение?

PS Ми треба и препорака за скала и од кај да ја зеам, постоечката е шит. Гледав некои германски скали во Акустик - Маџари, не се сеќавам какви во Елетктроелемент а Alpos словенските ги знам од времето и тие што ги имам уште ме служат - не се секаќавам во која продавница ги гледав.
 

damil

On your way to fame
2 јануари 2015
816
859
Можеби малку безвезе одговоров, а да пробаш со монтажните силикони да завршиш работа?
Не знам колку тежина (кабли) ќе имаш во каналите, ама многу поедноставно е од бушењево бетон. Е сега и трошокот ќе ти биде поголем пошто не се ефтини силиконите, ама се зависи до која тежина треба да држат...

Тоа ми падна на памет...

А за скали види на излез од скопје до Макпетрол Маџари, продавницата Мадалбал или како и да се викаше.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

smole

Unstoppable
18 април 2007
3,401
3,989
И јас помислив на силикон, али да, мислам дека трошокот ќе биде доста поголем.

Нема да има многу кабли во каналите, 1-2 кабли.

На таа продавница и мислев, на излез на Скопје, имаа некои германски скали.
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #4

smole

Unstoppable
18 април 2007
3,401
3,989
Бидејќи конечно најдов решение мислам дека е ок да го споделам:

За скалата:

Купено е подвижно алуминиумско скеле Krause ProTec XS модел 920126 од Баукит Маџари, одлична изработка и лесна инсталација/манипулација.

За прицврстувањето на каналите во бетон:

Од Макита требаше да ни направат презентација на еден од моделите но не ја направија, а и кај нивните модели во упатствата за користење пишува дека не коваат во тврд бетон (каков што јас имам).

Купив Hilti BX 3-L - воопшто не користи гас, работи само батерија (22V систем на Hilti) која затега двa федери со тензија од 400 кг во пиштолот. Цената на машината е преку 1000 евра, во зависност од тоа со каква комбинација на батерии, полнач и клинци ќе се земе.

Шајките ги кова (пука) одлично во бетон - коштаат околу 10 ден/комад, специјално се наменети за пукање во цврст бетон, изработени се од carbon steel, имаат цврстина од 57.5 HRC и се произведени во Лихтенштајн, а за да ги држи каналите користам и вакви држачи. Пластичните држачи пред пукање се ставаат на главата, се прицврстува на местото за пукање и се пука. Шајки се купуваат со различна должина и намена (пукање во мек бетон, тврд бетон, железо и сл.).

Се препорачува батеријата да се наполни веднаш штом се заврши дента со работа, така се оддржувал животниот век на батеријата.

Hilti инаку немаат класични продажни канали како другите производители - да можат да се најдат по Хубо, Меркур и сл. туку се продаваат исклучиво во Hilti продавниците т.е. директна продажба.

Овој начин на инсталација на пластични канали за кабли е многу побрз од досегашниот - бушење на дупка во канал и таван со мала хилта па ставање на штраф со типла и штрафење на истиот со батериска штрафилица - денес во рок од 75 мин беа инсталирани 42м пластични канали, нешто што со претходниот метод ќе траеше мин. 4 саати ако не и повеќе.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,572
Мислења
820,881
Членови
28,235
Најнов член
NikolaJovcevski
На врв Дно