1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Поставување на мрежа од два интернет провајдери ubuntu server

Дискусија во форумот 'LAN // WAN // MAN // PAN // CAN' започната од vladimir171, 3 Јануари 2020.

  1. vladimir171

    vladimir171
    Gaining Experience

    363
    182
    15 ноември 2007
    Машко
    Здраво дечки,
    Сакам да поставам бекап мрежа од втор интернет провајдер на мојот убунту сервер. Користам интернет од интерспејс кој сакам да ми е примарен, и имам втора мрежа од вип која сакам да ја користам како помошна кога првата ќе падне.

    На кој начин да го изведам ова?
     
  2. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,275
    4,784
    4 ноември 2013
    Машко
    MikroTik hAP (ако не е оптеретена мрежата, ако е, ке бараме нешто подобро) и ке го решиш проблемот.
     
    На farkizz и Feelyo им се допаѓа ова.
  3. Feelyo

    Feelyo
    Gaining Experience

    67
    62
    2 Април 2017
    Машко
    Ова ти е едно од подобрите решенија, а во случај да сакаш да си "играш" постојат софтверски решенија како untangle, pfsense, sophos, итн. за кои што ќе ти биде потребен компјутер со 3 мрежни картици, 1 за output, 2 за двете интернет конекции
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vladimir171

    vladimir171
    Gaining Experience

    363
    182
    15 ноември 2007
    Машко
    Pfsense веќе имам поставено на пц што ми глуми огнен ѕид позади кој имам 4 други врзани во pool. Сите ми имаат по 3 мрежни така да тоа ми е покриено. Од мрежна опрема поседувам
    TP LINK TL-SG124
    Tenda TEG 2124T
    TrendNet TEG 240WS.

    Пробав претходно да ги поставам преку него но имав некои проблеми кои незнаев како да си ги решам и се откажав. Кога ќе паднеше првата мрежа немаше нет од двете, ми ги влече двата рекорди и секој втор рефреш резултираше со 503..

    Е сега, битен ми е пц то што не ми е врзан со останатите да има втора линија но ако е полесно да се изведе преку pfsense ќе го врзам и него па нека имаат сите :)
     
  5. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,275
    4,784
    4 ноември 2013
    Машко
    Купи си микротик за да си ги решиш проблемите.
    Вака ми звучи како каша да ти е мрежата.
     
  6. vladimir171

    vladimir171
    Gaining Experience

    363
    182
    15 ноември 2007
    Машко
    Малце сум лаик во мрежи и уште учам и се што поставувам е со гледање туторијали на нет и trial and error.. така да може да имам каша направено со мрежата :D
     
  7. G4M3R

    G4M3R
    On your way to fame

    603
    568
    26 Јуни 2012
    Машко
    Напиши конкретно што ти е целта плус со некоја шема/дијаграм од моменталната мрежа. Вака ништо незнаеме освен дека е „каша“ :D.
    Инаку ако е за најобичен failover, не можеш со втора рута и повисока метрика на неа па кога ќе падне првиот линк да ти префрли на другиот? На ова може и дополнително тракинг да се додаде да ти е попрецизно.
     
  8. vladimir171

    vladimir171
    Gaining Experience

    363
    182
    15 ноември 2007
    Машко
    Земав еден пц и снимив xenserver на него, му ставив две гигабитни мрежни и му поврзав кабел од двата провајдери. На пц то преку xencenter има ставено виртуелка од убунту на која има снимено nextcloud и ми глуми личен сториџ за да закачувам ствари. Доменот ми е закупен на дримхост и таму ми се поставени рекордите од двете ип. Во моментов сетирана ми е само eth0. Видов на нет дека можам со поставување на две табели со iproute2 и тука заглавив.

    Другата комбинација со свичевите и pfsense ја поставував со колега и искрено ни самиот не знам што и како поврзавме за да објаснам. На кратко слична комбинација со неколку пц со xenserver, кои стојат позади пц со pfsense, поврзани со synology за сториџ се испоплетено меѓу себе со 3 свича :D
     

Сподели

Вчитување...