Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Последна IP адреса пред пакетот да ја напушти Македонија

Bezimenko00

Intern
20 јули 2020
19
16
Здраво дечки имам чуден проблем со интернетот, на tracert губи пакети некаде (прикачена слика) и сакам да знам дали една од адресите е последната во Македонија, користам оптика од Телекабел и мислам (не сум сигурен) дека користат последен канал/сервер пред пакет да ја напушти државава од Телеком.

Дали некој може да ми ја каже таа адреса (да си tracert и таа IP адреса)?

1705446599713.png

Малце кринџ е ова цензурава затоа шо имам внесено точна шипинг адреса ама ај да не биди full-on doxx за сите членови (прашајте ги админите за адреса ако сакате да ме тепате или за кафе)

Пред некој да пиши за tracert google.com повелете

1705447362790.png
 
Последна промена:

bogdan.j

Gaining Experience
16 февруари 2018
145
406
Гостивар
ntpmk.net
Не сваќам што ти е прашањето. Ти правиш обичен traceroute према 104.160.141.3 што e ИП доделена на Riot Games (simple whois направив). Tracert користи од Windows ICMP протокол (или поточно Echo Request) и највероватно е забранет и затоа ги гледаш ѕвездичките.
Ја пробав од кај мене истата ИП со traceroute од А1и од Телеком и исто. После вториот хоп немам ништо.
Подолу правиш trace на Google што е не поврзано со првото прашање.
 
Мислам дека постои одредена ИП адреса, која е последната пред било кој интернет пакет ја напушта интер-државната мрежа, и ако постои сакам да знам која е таа. Средија од телекабел во 3 сабајле (колку шо знам 5+ сати траеше проблемот), сигурно беше нешто со рутирање, да забранет е tracert, заборавив да апдејтирам на темата, на Google правев trace затоа шо и таму имав губење на пакети, ама како шо спомнав го средија од ТК или друг ИСП (не сум сигурен) проблемот и се си беше во ред 40 пинг си имав
 
VlaJov

Intern
23 август 2023
3
0
Ме заинтересира ова тема, и направив tracert на tocka.com.mk

Ги гледам каде се идат IP-јата и се прашувам зошто request-от проаѓа низ цела Европа за да стигне до Неотел.

Дали заради собирање инфо за таргетиран маркетинг или да се знае што се чита кај нас?
Може некој малку да пообјасни пошто сум почетник во ова поле.
 
bogdan.j

Gaining Experience
16 февруари 2018
145
406
Гостивар
ntpmk.net
Ме заинтересира ова тема, и направив tracert на tocka.com.mk

Ги гледам каде се идат IP-јата и се прашувам зошто request-от проаѓа низ цела Европа за да стигне до Неотел.

Дали заради собирање инфо за таргетиран маркетинг или да се знае што се чита кај нас?
Може некој малку да пообјасни пошто сум почетник во ова поле.

Нема врска со маркетинг или собирање информации. Вака функционира рутирање.

Пример, ајде да ја земеме tocka.com.mk. Од тоа што гледам хостингот им е на МКхост. ИП адресата е во опсегот на Неотел.

Замисли вака, секој ИСП провајдер има аплинкови што водат до некои други аплинкови(немора да се во истата држава нели). Е сега бидејќи ова е Интернет а не локална мрежа, ИП пакетот мора да пројде до сите тие аплинкови, рутери огнени ѕидови итн. додека не стигне до дестинацијата. Long story short, тоа што ти со во Мк и tocka.com.mk е од Мк исто немора да значи дека ќе се поврзеш во Мк без пакетот да излезе надвор.
 
godovic

Gaining Experience
5 септември 2007
92
84
Пошто сме кретени и провајдериве немаат интерконекција за локални сервиси??
 
stefan

Gaining Experience
13 април 2007
428
181
Прилеп
Провајдерите се поврзани со BGP рута помеѓу себе, и самата автономна рута го избира најдобриот пат да за стигне до крајната дестинација.
 
VlaJov

Intern
23 август 2023
3
0
@bogdan.j не очекував дека нема да излезе надвор од МК, али па дотолку да шета уште помалку очекував.

@stefan да да видов АЅ броеви. но сепак зар не е трошење премногу ресурси за хост и клиент ајде не во иста држава, но барем во ист регион?
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.529
Мислења
964.350
Членови
34.902
Огласи
2.617
Најнов член
darko SNR
На врв Дно